Post Views: 7
– Не сум тука за да си разговарам со експертите како на универзитетски семинар. Ние зборувавме со тие луѓе, бидејќи тие можат да ми дадат најдобар одговор за тоа чиј задник треба да клоцнам, рече Обама во интервју за емисијата „Тудеј“ на Ен-Би-Си, која ќе се емитува денеска.
Обама беше подложен на критика поради досегашните реакции на најголемото истекување на нафта во американската историја. Американскиот претседател истакна дека сите засегнати од катастрофата ќе бидат соодветно обесштетени.
Анкета на весникот „Вашингтон пост“ и Еј-Би-СИ покажува дека 69 проценти...
Post Views: 3
Министерот за образование Јетон Шакири, лично му ветил на таткото на 11-годишната Ембла, дете со Даунов синдром, дека ќе го реши проблемот кој ја разбранува македонската јавност. Имено, родителите на другите ученици од ОУ „Башкими“ во Гостивар ја бојкотираа наставата бидејќи не сакаа Ембла да седи на настава со нивните деца, под изговор дека девојчето било агресивно.
Министерот Шакири предмалку на Фејсбук објави дека Ембла од денеска повторно ќе продолжи да учи во класот и дека нема да биде изолирана.
Ембла Адеми од Гостивар не ја почувствува радоста да се врати во...
Post Views: 1
Од нуркачкиот центар „Амфора“ информираат дека после подолга обсервација рибата „Сончарка“ кој природно не припаѓа во ендемичниот еко систем на Охридското Езеро веќе се одомаќинила во охридските води и забележани се многу интересни моменти особено во нејзиното однесување за време на мрестење.
Сончарката главно се храни со инсекти и ларви, а широко распространетите перки во текот на нејзиното движење претставуваат одбранбена функција.
Најгресивното и најчесто однесување е “фронтална закана” карактеризирана со брзо нафрлување, удирање и бркање на рибите кои се во непосредна...
Post Views: 8
Во време кога секојдневно не бомбардираат со разни, се поморбидни антипушачки слики и слогани, на некои жители на Задар се чини им пукнал филмот, па поведоа антиантипушачка кампања со невообичаени, но оригинални налепници. Тие се направени со стандардни димензии на службените антипушачки налепници, па така лесно можат да се лепат преку нив. Исто како оние што се на цигарите.
Основниот слоган на антиантипушачка кампања е “Пушење до јајца”, а по него следат: “Пушењето сериозно го полни државниот буџет”, “Пушењето е важен дел од предиграта”,...
Post Views: 0
Иницијативата Охрид да добие парк за миленици прерасна во петиција. Група на сопственици на домашни миленици собраа 122 потписи за еден ден, доволно за да поднесат петиција до Советот на Охрид кој треба да даде зелено светло за градот да добие современ парк за домашни миленици, информира Илина Велјаноска, дел од иницијативниот одбор. Подносителите на иницијативата сметаат дека вакво катче е потребно за секој град, а особено за туристичко место како што е Охрид.
Се работи за парк за миленици во Охрид од кој градот има потреба посебно во летниот период кога има зголемена...
Post Views: 1
Денеска со градежна механизација започна уривањето на парапетчето на брегот на Охридското езеро во близина на автокампот Градиште. Градоначалникот Константин Георгиески сподели фотографии на социјалните мрежи од активностите за уривање.
„Градежен, комунален инспектор и инспектор за животна средина, утрово, извршија увид по што беше констатирано дека изведувачот нема постапено согласно издаденото решение за отстранување. Согласно тоа, денес, започнаа активностите за отстранување на нелегално изградениот ѕид.“ – напиша Градоначалникот Константин Георгиески на фејсбук....
Post Views: 0
За пет години еврото нема да постои во сегашната форма, поради финансиската криза во некои од земјите членки на еврозоната, сметаат економистите од лондонскиот “Сити“.
Како резултат на анкетата на британскиот “Сандеј телеграф“ направена меѓу 25 економисти, највпечатливо е што повеќето од нив очекуваат исчезнување на еврозоната во наредните пет години.
Пред една година, ретко кој би го предвидел ова и би бил уверлив во исчезнување на валутата, пишуваат весниците. Според експертот Ендрју Лилико, практично веројатноста еврото да преживее во сегашниот состав, е сведена...
Post Views: 2
Со владиниот трет сет мерки ќе се помага туристичката индустрија. Ќе се доделуваат ваучери на граѓани за да одмараат во Охрид, Струга, Дојран, Преспа, на планина или во некое рурално подрачје. Помошта за домашниот туризам значи по 100 евра за околу 100.000 граѓани, кои ќе ги добијат средствата во вид на ваучери, плус дополнителна платежна картичка во вредност од 50 евра. Ваучерите се наменети само за оние граѓани кои имаат плата до 15.000 денари и немаат други приходи. Туристичката индустрија трпи големи загуби како никогаш досега. Затворени хотели, откажани резервации...
Post Views: 0
Научниците кои стоеле зад препораките на Светската здравствена организација (СЗО) за правењето на залихи на лекови против новиот грип биле финансиски поврзани со компаниите чија цел бил профитот, покажа истрагата, пренесува BBC.
Една година по прогласувањето на пандемија на новиот грип, залихите од вакцини стојат неискористени, а владите се обидуваат да ги раскинат договорите.
Британскиот медицински журнал (British Medical Journal, BMJ), вели дека научниците сами ги објавиле овие врски во други публикации, но дека СЗО не ги опоменала.
Овој извештај доаѓа по критиките...
Post Views: 17
Објавени конкурсите за упис во сите средни школи. Пријавувањето за првиот јунски уписен рок ќе почне на 16 и 17 јуни. Резултатите од запишаните ученици , но и слободните места ќе бидат објавени на 18 јуни. Основците ќе може да изберат каде да го продолжат школувањето и во едно од 4 средни училишта во Охрид.
Во охридската гимназија Св. Климент Охридски во прва година во првиот уписен рок ќе може да се запишат 272 ученици. Во насоката гимназиско образование се предвидени 8 паралелки и тоа во јазично-уметничко подрачје, општествено-хуманистичко подрачје и природно-математичко...
Post Views: 1
Силна експлозија потресла утрово полициска станица во местото Џизре во југоисточна Турција, а неименувани полициски извори тврдат дека има загинати и ранети.
Турските медиуми јавуваат дека има девет загинати, од кои тројца полицајци, и 64 биле ранети.
Силната експлозија целосно ја уништила полициската станица и оштетила неколку згради во околината. Според турските медиуми експлозијата била предизвикана од автомобил бомба.
Агенцијата Анадолу пренесе дека за нападот е одговорна Работничката партија на Курдистан.
Џизре се наоѓа во провинцијата Ширнак, која се наоѓа на границите...
Post Views: 0
Италијанската мафија во областа на животната средина во текот на 2009. година „свртела“ 20,5 милијарди евра, се наведува во извештајот кој денеска во Рим го објавила италијанската организација за заштита на животната средина, Легамбиенте.
Главните активности на мафијата чија цел на делување зависи од сивата економија, во еколошкиот сектор опфаќа кривични дела со управувањето на отпадот, производството на цемент со лош квалитет и загадување на крајбрежните подрачја и морето.
Во врска со отпадот, кривичните дела на мафијата вклучуваат управување на диви депонии и испраќање...