Google објави натпреварување со награден фонд од 350.000 долари

Post Views: 4 Google овие денови отвори посебно натпреварување за безбедносните експерти и хакери кои би требало да пронајдат ранливост и решение за мобилната платформа Android – пред таа дупка да ја искористат напаѓачи. Како што пишува tportal, наптреварувањето е наречено “Project Zero” и во својот награден фонд има 350 илјади долари. Првата награда носи 200.000, втората 100.000 и 50.000 долари за дополнителни победнички трудови.

Continue reading

Pletnev

Прекинат случајот против Плетњев

Post Views: 0 Тајландските власти ја прекинаа истрагата против рускиот диригент Михаил Плетњев, кој беше приведен под сомнение дека силувал дете. Против музичарот кој го отвори годинашното Охридско лето, не беа покренати обвиненија. “Господинот Плетњев постојано ги отфрлаше обвинувањата, но целосно соработуваше со тајландските власти. Од почетокот на јули, тој неколку пати се враќаше на Тајланд за да го покаже своето присуство, како што му наложи Окружниот суд”, стои во известувањето на Руската национална опера, чиј основач е Плетњев. Диригентот беше уапсен во одморалиштето...

Continue reading

Заостанатиот долг за потрошена вода ќе може да се плати на рати без камата

Post Views: 6 ЈП Водовод – Охрид од денеска започнува со репрограмирање на долговите на корисниците (физички и правни лица) на услугите на претпријатието, како дел од мерките за справување со економските последици настанати од корона вирусот.Физичките и правните лица кои ќе го платат заостанатиот (главен) долг еднократно, истиот го плаќаат без пресметана камата за задоцнето плаќање. Одлуката за репрограмирање на долгови на корисници за услуги од водоснабдување, без камата за задоцнето плаќање Управниот одбор на ЈП ВОДОВОД Охрид ја донел на седницата одржана во петокот. Акцијата...

Continue reading

Избори во декември, во петок техничка влада

Post Views: 1 Предвремени парламентарни избори на 11 декември 2016 година. Тоа е одлуката на која вчерва потпис ставија лидерите на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА, по неколкучасовни преговори во Клубот на пратениците.Претходно на средбата лидерите констатираа дека се исполнети сите услови за одржување на изборите. Парламентот ќе се распушти согласно Уставот, а техничката влада треба да биде изгласана на 2 септември, во петок, 100 дена пред избори. Договорено е и новинарката Санта Аргирова да биде уредник на МРТВ, а на функцијата ќе стапи сто дена пред избори односно в петок. Партиите...

Continue reading

nissan leaf

„NISSAN“ лансира ново возило со нулта емисија штетни гасови

Post Views: 9 Јапонскиот „Нисан“ денеска означи голем пресврт во автомобилската индустрија со лансирање на ново возило со нулта емисија штетни гасови „лиф“ (leaf), прв електричен автомобил кој масовно ќе се продава. „Нисан“ соопшти дека моделот „хеџбек“ со пет седишта може да премине 200 километри со едно полнење на батерии според јапонски тест стандарди, односно 117 километри по критериумите на американската Агенција за заштита на животната средина.Електричните возила не ја загадуваат околината, но и помалиот радиус на движење, околу четвртина радиус на бензиски или дизел мотори...

Continue reading

Нуркачите од центарот Акватек повторно во еко акција

Post Views: 2 Од нуркачкиот центар Акватек изведоа еколошка акција на иницијатива на ресторан и плажа Бонанца, а пред почетокот на летната сезона. Акцијата беше успешно реализирана, информира Никола Паскали од НЦ Акватек. Покрај Паскали во акцијата бил вклучен и нуркачот Климчо  Ангелоски. „Целта беше од еколошки и безбедносен карактер за капачите на плажата. Од водата на брегот на капалишетото беа извадени повеќе автомобилиски гуми, собрани беа две вреќи со пластични шишиња, чаши, лименки, стаклени шишиња, најлони и амбалажа од прехранбени предмети кои ги користат луѓето во секојдневниот...

Continue reading

Отпадот во Струга оди под земја

Post Views: 0   Стружани отпадот од неодамна го фрлаат под земја. Струга, доби подземен контејнер, како дел од реализација на проект од Центарот за Развој на Југозападниот плански регион. Ваков контејнер за прв пат се употребува во општина Струга а се наоѓа во централното градско јадро на самиот агол од плоштадот кај споменикот на револуцијата.  Директорката на ЈПР Мирјана Лозаноска нагласи дека  со поставувањето на ваквиот контејнер  ќе се придонесе за осовременување на системот за складирање и подигање на комуналниот отпад и за подобрување на јавната хигиена во градот. „Три контејнери...

Continue reading

debelina

Кои се најдебелите нации на светот?

Post Views: 1 Ова истражување, секоја година го спроведува Светската здравствена организација. Станува збор за мерење на индексот на телесна тежина, кој претставува однос помеѓу висината и тежината. Индекс со износ 25 веќе се смета за преголема тежина, додека 30 и повеќе е сериозен индикатор на дебелина.Првото место по дебелина на населението го зазема пацифичката земја  Науру (95% од населението постаро од 15 години), на 8-мо место се САД каде 79% од населението има прекумерна тежина. Грција е најдебелата европска нација, додека најслабата европска нација се романците. Македонија...

Continue reading

Се влошува епидемиолошката состојба во Охрид

Post Views: 0 Епидемиолошката состоја во Охрид станува сложена со секојдневното зголемување на бројот на новозаболени од корона вирусот, инфомира Сашо Точков од ЦЈЗ. Половина од новите позитивни случаи на Ковид 19 се поврзани со кластерот од семејната прослава на новороденче. Вкупниот број на заболени од кластерот мекици достигна бројка од 17 позитивни лица. Од тој кластер се најголем број позитивни и се ставени во изолација, вели Точков. „Денеска, само од вчера до денес има 10 нови заболени. 5 се од кластерот кој го имаме, поврзан со семејното групирање, а 5 се поединечни случаи....

Continue reading

НАСА го претстави спектакуларно најавуваното откритие

Post Views: 0 Наспроти бројните шпекулации дека НАСА пронајде живот надвор од Земјата, научниците синоќа соопштија дека нашле нов облик на живот но во САД, поточно во езеро во Калифорнија. Во  езерото Моно, во Калифорнија научниците на НАСА пронајдоја нова форма на бактерија која може да преживее на места непогодни за живот. Истражувачите велат дека за разлика од другите познати форми на организам, овој може да преживее и размножува користејќи ја отровната хемикалија Арсен.Најновите истражувања, според научниците на НАСА се многу важни, затоа што е пронајден елемент способен да го...

Continue reading

Ковид 19

6 новозаболени и 1 починато лице од Ковид-19 во Охрид

Post Views: 11 Во изминативе 24 часа во земјава се евидентирани 495 нови случаи на заразени со ковид-19 од направени вкупно 4.145 тестирања, соопштија денеска од Министерството за здравство. Скопје – 228, Кавадарци – 30, Велес – 27, Битола – 24, Штип – 21, Прилеп – 20, Куманово – 17, Крива Паланка – 13, Кочани – 12, Тетово – 11, Кичево, Гевгелија и Берово – по 10, Неготино – 7, Охрид и Валандово – по 6, Пробиштип – 5, Гостивар, Свети Николе, Радовиш и Ресен – по 4, Струга, Делчево и Демир Хисар – по 3, Струмица, Виница, Кратово, Богданци и Дојран – по 2, Крушево, Македонска Каменица...

Continue reading

Охридската болница е подготвена за прифаќање на болните од ковид 19

Post Views: 0 Охридската болница е подготвена за прифаќање на болните од ковид 19, информира Горан Балевски, директор на ЈЗУ Општа болница, по вчерашната најава на министерот за здравство д-р Венко Филипче дека повеќе нема место во Клиничката болница во Битола. Директорот Балевски кажува дека охридската болница има стручен и материјален капацитет за справување со новонастаната состојба. Во Општа болница Охрид е повторно направена нова реорганизација за згрижување на пациентите од охридскиот регион. На инфективното одделние има пациенти на различна возраст од 40 до 80 години, информира...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top