Post Views: 1
Марија (54) по 35 години како сестра во манастирот во Толедо, Шпанија, била избркана од него затоа што, според постарите сестри таа поминувала премногу време на Фејсбук и на листата имала премногу пријатели.Шпанскиот весник Noticias de Navarra пишува дека на нејзините претпоставени им пречело и тоа што Марија премногѕ се занимавала со нови технологии.Откако била исфрлена од манастирот таа на Фејсбук објавила дека ја разрешиле од службата без никакво објаснување.Сепак Марија не се вознемирила премногу и после 35 години служба таа е подготвна да започне нов живот, а најголемата...
Post Views: 0
Во последните 24 часа се направени 1140 тестирања, а регистрирани се 126 нови случаи на ковид-19 во:
– Скопје 66
– Куманово 6
– Штип 15
– Прилеп 3
– Тетово 19
– Струга 2
– Велес 2
– Битола 1
– Кавадарци 4
– Гостивар 2
– Пробиштип 2
– Свети Николе 1
– Ресен 3
Починати се 4 лица, по еден пациент од Скопје, Прилеп, Тетово и Гостивар.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 48 оздравени пациенти.
– Скопје 43
– Штип 1
– Битола 1
– Ресен 3
Досега во земјата се направени...
Post Views: 0
Откако се пожалила дека скандалот со Берлускони и нанел болка која не може да и ја излечат сите пари на светот, танчарката Руби побарала 15.000 евра за интервју.
“Италијанските и странските медиуми ме третираат како проститутка. Сакам да ми биде надоместена сета болка, но целото злато не светот нема да биде доволно за тоа”, напишала во е-мејл преписката со Асошиејтед Прес.
Откако побарала да и се плати за ТВ интервју, 18-годишната девојка со вистинско име Карима ел Маруг ладнокрвно порачала дека не прави ништо за џабе. Бидејќи АП е непрофитабилна новинска...
Post Views: 17
Младите пливачи сепак летово ќе има каде да тренираат. Локалната самоуправа ќе им излезе во пресрет на пливачките школи ќе се постават пливачки патеки пред малото пристаниште. Заради Ковид 19 под клуч ќе останат отворените базени на СРЦ Билјанини извори. Спортскиот клуб Охридски бранови поднесе барање за спортските активности да се одвиваат на малото пристаниште, информира Јоне Станкоски од одделението за спорт при ЛС. Општина Охрид е во фаза на издавање на одобрение за поставување на урбана опрема за пливачките патеки за да се одвиваат тренинзите по пливање. Согласноста...
Post Views: 5
Во Франција се повеќе земјоделци си го одземаат животот. Бројот на самоубиства е дури три пати поголем од оној на луѓето кои работат во канцеларија. Во Франција секоја годинa си го одземаат животот околу 400 фармери.
Животот на фармерите е се само не идиличен. Тој подразбира макотрпна работа од утро до вечер.И осаменоста е една од причините поради кои француските фармери се одлучуваат да му стават крај на својот живот. Од оваа причина и доаѓа до опустошување на селата. Имено, околу 300.000 фарми со крави и овци исчезнале во последниве години во Франција. На ова се надоврзува...
Post Views: 2
Завршени се сите подготовки за нормално функционирање на избирачките одбори на сите гласачки места во општина Охрид , информира Климент Камнароски, претседател на ОИК. Поделени се 880 решенија на претседатели, заменици претседатели, членови и заменици на членови кои се во составот на избирачките одбори. Од претходниот состав на ИО 40 лица биле иземени и на нивно место се поставени нови членови од страна на ДИК“ , кажува Камнароски.
„Има промени на луѓе кои се иземени од работни позиции кои заминале в пензија, се на боледување или се со хронични заболувања кои се ослободени...
Post Views: 2
Ураганот Метју синоќа го зафати брегот на Флорида, каде остави повеќе од милион луѓе без струја. Системот, кој се уште не го зафатил копнениот дел од САД, беше намален на категорија 3 на скала од 1-5, со ветрови од над 195 км/ч.
Според најновите податоци ураганот Метју усмртил 842 луѓе, а десетици илјади останаа бездомници во најсиромашната карипска држава Хаити, а во петокот ја погоди северната американска сојузна држава Флорида, донесувајќи ветришта со брзина од 230 километри на час кои ја уриваат инфраструктурата и корнат дрвја, како и обилни дождови кои се закануваат...
Post Views: 6
Првиот човек на Епл умира од рак и има уште 6 недели живот, тврдат американските медиуми, објавувајќи слики од Џобс како заминува од истата калифорниска клиника во која Патрик Свејзи ги мина последните денови од својот живот.
Фотографите на National Enquirer успеале да го сликаат преслабиот шеф на Епл пред Станфорд центарот за рак, во Пало Алто, Калифорнија. Дел од сликите што ги направиле пред клиниката им ги прикажале на двајца доктори, кои од фотографиите процениле дека состојбата на Џобс е речиси терминална.
Џобс, кој на 24-ти февруари ќе полни 56 години, минатиот...
Post Views: 2
Со лет на WizzAir утре се отвора Меѓународниот аеродрoм Скопје, додека аеродромот во Охрид „Свети Апостол Павле“ ќе се отвори еден ден покасно, во четврток со лет со кој ќе допатуваат туристи од Холандија и Полска, соопшти генералниот директор на ТАВ Македонија, Алпер Ерсој.
Протоколите се подготвени и се по сите светски стандарди. Како што напомена Ерсој, патниците мора да дојдат три часа пред летот зашто проверките поради заштитните мерки се малку позабавени.
– Во авионите нема да има ограничување на местата за седење зашто, летањето би било неисплатливо. Патниците...
Post Views: 8
Земјотрес со јачина од 2,7 степени според Рихтеровата скала е почуствуван по полноќ во Македонија.
Епицентарот бил на 15 километри од Пехчево на длабочина од 1 километар, пренесе, Европскиот сеизмолошки центар.
Последниот месец земјата се соочи со повеќе потреси, што предизвика паника и страв кај населението.
Земјотреси имаше и пошироко на Балканот.
Деновиве земјотреси се регистрирани во Србија, Бугарија и Грција.
Post Views: 0
Вселенскиот брод на Соларната динамична опсерваторија на НАСА регистрираше интензивна ерупција на ултравиолетова радијација од една сончева дамка. Британскиот институт за геологија објави предупредување за геомагнетна бура и наведе дека во северниот дел на Велика Британија на небото би можела да се види поларна светлина.
Ерупцијата на радијација во правец кон Земјата е забележана вчера во 3:56 часот по средноевропско време.
Овие ерупции на Сонцето можат да ја пореметат работата на современите телекомуникациски уреди на Земјата. Научниците очекуваат продолжување на соларната...
Post Views: 4
НУ „Охридско лето“ реагира на злоупотребата на политичките партии кои во изборниот период, за свои лични интереси, го искористиле рекламното пано на Охридско лето за поставување на свои рекламни материјали.
„Ценејќи дека нашиот најреномиран фестивал Охридско лето не е место за политички мегдан, а уште помалку за политикантство, упатуваме апел политичките партии да ги тргнат рацете од највредниот културен настан кој има светско реноме. Развојот и успехот се единствените цели по кој стремиме и чекориме и секакво инволвирање на Установата, посебно во партиски цели, за нас...