Post Views: 11
Во Охрид на летување пристигна првата група од педесетина полски туристи. Тие една недела ќе претстојуваат во Студентски Дом „Никола Карев“ и при доаѓањето ги запазиле сите безбедносни протоколи, вели туристичкиот водич Мачеј Чох. Полските туристи, втора година по ред доаѓаат во Охрид, се одушевени од откритието, за нив новата туристичка дестинација, која ги привлекува полските гости. Чох вели не ги плаши пандемијата од Ковид 19, се придржуваат до протоколите за заштита и не се откажуваат од посетата на прекрасното туристичко место какво што е Охрид.
„Погледнете...
Post Views: 4
Најмногу дожд во изминатите 24 часа наврна во западна Македонија. Според мерењата на УХМР, во Маврово наврнале 81 литар на метар квадратен, Пожаране 61, Лазарополе 59, Тетово 54 и Дебар 48, а во Охрид се измерени 23 литри на метар квадратен.
Во Скопје се наврнати 40 литри на метар квадратен, Куманово 38, Берово 32, Битола 28, Крива Паланка и Крушево 26, Охрид 23, Струмица 21, Тополчани 18, Дојран 16, Гевгелија и Претор 12, Штип, Виница, Прилеп и Ѓуриште 11 и Демир Капија 9.
Температурите утрово се движеа од 5 во Маврово, 6 Лазарополе, 9 Пожаране, 10 Крушево, Дебар, Тополчани,Претор,...
Post Views: 1
Американскиот министер за финансии, Тимоти Гајтнер оценил дека Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) треба да одреди кој ќе го замени извршниот директор Доминик Штрос Кан, кој моментално се наоѓа во затвор во Њујорк.
Говорејќи во Харвард клубот во Њујорк, Гајтнер одбил да го коментира апсењето и затворањето на Штрос Кан, под обвинение за сексуален напад на хотелска собарка во Њујорк.
“Не можам да го коментирам тој случај, но тој очигледно не е во состојба да го води ММФ и мислам дека значајно е бордот на директори на фондот формално да постави нов извршен директор“, рекол...
Post Views: 1
Според официјалните резултати од десеттите по ред парламентарни избори во Македонија во новиот парламентарен состав Охрид и охриѓани ќе бидат застапувани од четворица пратеници. Во 5ИЕ коалицијата предводена од ВМРО- ДПМНЕ обезбеди 8 пратенички мандати , исто толку пратеници ќе има СДСМ со Колаициајта Можеме, ДУИ 3, Алијанса за Албанците и Алтернатива 1 пратеник. На листите на двете најголеми политички партии во оваа изборна единица по двајца кандидати се од Охрид. Во новиот парламент наскоро ќе им бидат верификувани мандатите на Лидија Петкоска и Кирил Пецаков од ВМРО...
Post Views: 0
Авионот, во кој се наоѓале околу 30 луѓе, бил и републиканскиот потпретседателски кандидат Мајк Пенс, неговата сопруга и ќерка. Леталото се излизгало од пистата на аеродромот Ла Гардиа во Њујорк, јави MSNBC, а изборната кампања соопшти дека нема повредени и истрагата за тоа како дошло до инцидентот е во тек.
Телевизијата во живо го покажала Пенс како стои на дождот во близина на авионот помеѓу возилата за вонредни ситуации и разговара со полицајците и други лица.
Републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп го повикал Пенс да види како е по инцидентот, соопштиле...
Post Views: 1
За прв пат од почетокот на нуклеарната катастрофа во атомската електрана “Фукушима“, повеќе работници го проверувале вториот реактор од постројката кој бил оштетен во разорниот земјотрес и цунами.
Облечени во специјална заштитна облека, четири работници денес влегле во дел од реакторот кој на 15 март го погодила силна експлозија, соопштил операторот “ТЕПКО“.
Работниците направиле мерење на радиоактивноста и го проверувале степенот на оштетување на реакторот. Во зградата биле задржани 14 минути.
“ТЕПКО“навел дека оваа акција е дел од напорите до крајот на идната година...
Post Views: 3
На ЈП СРЦ Билјанини извори доделени се две катастарски парцели од поранешна касарна за изградба на спортски објекти. Покрај постоечкото фудбалско и игралиште наскоро ќе почне да се гради нов кошаркарски терен, информира Гордана Јованоска, директорот на ЈП СРЦ Билјанини извори.
„Тоа ќе е современо игралиште со гумени подлог, со семафор за броење на времето и поени. На него ќе се органзираат и спортски турнири, а на друга поголема парцела под име спортски содржини засега нема конкретна идеја што ќе се направи“.
Од ЈП СРЦ Билајнини извори , наскоро ќе прават анкета со...
Post Views: 11
Под паролата „Протестирам“ која ги обединува сите граѓани кои бараат слобода, граѓани кои се здружени против криминалната власт, заплашувањата, уцените, економската мизерија, како и против аболицијата на сето тоа од страна на претседателот Иванов, денес11.05.2016 (среда) од 18:00 часот пред Паркинг на машка плажа (пред тениско игралиште) во Струга ќе се одржи граѓански протест.
Стружани обединети заедно Македонци, и Албанци, и Роми, и Турци, и Власи, и Срби, и Бошњаци и Египќани и сите други утре ќе протестираат против и криминалот кој не познава ниту националност,...
Post Views: 3
Францускиот пратеник Бернар Дебре тврди дека директорот на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Доминик Строс-Кан, кој е обвинет за обид за силување на собарка во њујоршкиот хотел „Софител“, во минатото нападнал и други собарки во истиот хотел.
Пратеникот од редовите на владејачката конзервативна Унија на народното движење (УМП) на својот блог го нарече директор на ММФ „сексуален деликвент кој треба да се лечи“.
Со ваквите изјави Дебре предизвика незадоволство кај повеќе негови колеги од левицата, кои му забележуваат дека неговите зборови се пресилни.
Дебре во изјави...
Post Views: 8
Пазарни инспектори заедно со МВР во контрола на спроведувањето на безбедносните протоколи за заштита од коронавирусот и на плажите. Ќе ги контролираат оние плажи кои се организирани, односно каде што има правно лице кое раководи и кое може да биде санкционирано доколку не ги почитува правилата. Полицијата ќе прави контрола дали физичките лица ги почитуваат мерките за заштита од вирусот. Со оглед дека на охридското крајбрежје нема концесионери на плажите и се користат како слободни градски плажи , безбедноста е оставена на совеста на посетителите. Делумно се почитуваат...
Post Views: 0
Од кратерот на вулканот Етна во јужна Италија денес излегла лава и пепел, по синоќешната ерупција заради која е затворен блискиот аеродром во Катанија.
Ерупцијата била проследена со неколку помали потреси во текот на ноќните и утринските часови. Лавата се излила во ненаселени области при што не предизвикала поголема штета.Аеродромот во Катанија е затворен бидејќи пистата е целата во прав од вулканската ерупција.Тимови ја расчистувале областа во непосредна близина на вулканот каде во недела треба да се одржи велосипедска трка околу Италија. Етна е највисокиот активен...
Post Views: 6
Илон Маск, основачот на Спејс Икс, изјави дека целта за слетување луѓе на површината на Марс во следните 5 до 10 години може да се реализира.
Маск за неговата мисија на Марс ја гради ракетата Старшип, вредна 278 милијарди долари, која може да го однесе човештвото до Црвената планета, преку Спејс Икс.
Се е до дизајнот на возилото. Спејс шатлот е најкомплексната и најнапредната ракета што некогаш сме ја дизајнирале – рече Маск, нагласувајќи дека сакале шатлот да биде беспрекорен.
Илон Маск, кој сака да изгради вкупно илјада меѓуѕвездени вселенски шатлови, има...