Рекорден број патници на македонските аеродроми

Post Views: 4 Во периодот јануари-ноември 2016 година превезени се рекорден број на патници што поминале на двата аеродроми во Република Македонија. Од месец јануари заклучно со месец ноември 2016 година, од двата аеродрома во Република Македонија – аеродромот „Александар Велики“ во Скопје и аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид споредено со 2015 година бројката на превезени патници е зголемена за 15,7 % поточно превезени се 1 661 010 патници. На аеродромот „Александар Велики“ во Скопје, во периодот од јануари – ноември 2016 година регистрирани се вкупно 1 524 985 патници што во...

Continue reading

Jullian Assange

Започна битката за Асанж

Post Views: 7 Џулијан Асанж, сопственикот на Интернет страницата Викиликс заедно со својот тим на адвокати пред Вишиот суд во Лондон ја започнаа правната битка против судското решение за негова екстрадиција во Шведска, каде е осомничен за силување и сексуално насилство врз две жени. Овој 40-годишен Австралијанец, настојува да се укине одлуката на судијата на судот во Белмарс, од февруари оваа година, тој да биде предаден на шведските правосудни власти на натамошно сослушување. На првото судење, судијата ги отфрли тврдењата на адвокатите на Асанџ дека осомничениот поранешен хакер...

Continue reading

Oбезбедени 61 единица конвалесцентна плазма за третман на пациенти со ковид-19

Post Views: 5 Досега се обезбедени 61 единица конвалесцентна плазма за третман на пациенти со ковид-19. Крвна плазма може да дарува лице кое има оздравено од коронавирус. Dа бидеме хумани и да им помогнеме на пациентите кои сѐ уште се борат со овој непредвидлив вирус. Да ја покажеме нашата грижа, да даруваме и да спасиме човечки живот. Апелирам на солидарност, затоа што нема ништо поважно од нашето здравје и здравјето на нашите најблиски! Кој и како може да дарува? https://bit.ly/30ufhA4

Continue reading

Во Албанија поплави во кои има жртви

Post Views: 2 Албанските власти и официјално потврдија дека во поплавите предизвикани од невремето што зафати делови на Албанија, животите ги загубиле три лица, Загинатите се од местата Клос, Сукт и Тирана и се на возраст од 40 до 50 години. Премиерот Еди Рама рече дека се ангажирани сите структури, вклучувајќи ја и армијата, со цел на најдобар начин да се справат со создадената ситуација. Најпогодени од невремето се подрачјата на Драч, Тирана, Пешкопеја, Лежа и Ѓирокастро, каде под пода се над 500 хектари земјоделски површини, а поплавени се многу домови.Училиштата се затворени,...

Continue reading

nesreka na rekata Volga

Над сто исчезнати по потонувањето на бродот Бугарија

Post Views: 0 Пеесеттина руски нуркачи се ангажирани во потрагата по преживеани по вчершаното потонување на бродот Бугарија во реката Волга во Татарстан, во Русија. Досега е потврдена смртта на десетина патници, додека околу сто луѓе се водат за исчезнати, а неколку десетици биле спасени. Причината за несреќата се уште не е позната. Медиумите јавуваат дека бродот Бугарија бил изграден во 1955 година во тогашна Чехословачка.Руската Република Татарстан 12 јули го прогласи за ден на жалост. {loadposition content9}

Continue reading

Акција на Комуналец и Планинската спасителна служба за чистење на карпестиот дел околу Канео

Post Views: 1 Утрово во координирана акција на екипите на Ј.П.„Охридски Комуналец„ и Планинската спасителната служба при Црвен крст-Охрид се спроведе расчистување на карпестиот и тешко пристапен дел околу Канео каде деновиве сите сме сведоци што се случува до раните утрински часови. -„Не останавме неми сведоци на расфрланиот отпад од младата популација која секоја ноќ ја деградираа оваа од бога дадена убавина и ја претвораа во депонија. Во заедничка соработка се подигна отпадот од локации каде активистите на Црвен крст со голем напор и пожртвуваност пристапуваа, каде некој претходно...

Continue reading

logo

Струга во сабота повторно излегува на протест

Post Views: 1 Оваа сабота 28,05 граѓанското здружение „Протестирам“ организира масовен протест во Струга. Протестниот марш, ќе започне од платоото Центар за култура „Б. Миладиновци“ Струга (кај киното), во 12 часот. „Стружани да излеземе заедно Македонци, и Албанци, и Роми, и Турци, и Власи, и Срби, и Бошњаци и Египќани и сите други.Овој криминалот не познава ниту националност, ниту партија, ниту здружение, ниту организација, дојди и ПРОТЕСТИРАЈ против него како секој совесен граѓанин.Протестираме под паролата „Протестирам“ која ги обединува сите граѓани кои бараат слобода. Граѓани...

Continue reading

bombashi samoubijci

Гадафи се закани: Стотици Либијци ќе изведат самоубиствени напади по цела Европа

Post Views: 1 Либискиот лидер Моамер Гадафи се закани дека војната од Либија ќе ја пренесе во Европа како освета за воената операција која што НАТО ја води против него. Во говор, емитуван на либиската државна телевизија, Гадафи се закани дека ќе испрати стотици Либијци да изведат самоубиствени напади во Европа. “Ќе испратам стотици Либијци самоубијци. Ви кажав, око за око, заб за заб. Но, ќе им дадеме прилика да се вразумат“, рекол Гадафи во својата говорна порака. Бунтовниците кои напредувале на два фронта во изминатите две недели вчера претрпеле загуби. Најмалку шест бунтовници...

Continue reading

„Охридски Комуналец“ на ниво на своите задачи

Post Views: 1 Охрид го доживува врвот од туристичката сезона-традиционално за Илинден огромен број посетители. Туристи од секаков ранг: пензионери кои уживаат во поволните климатски услови, фамилии кои сакаат да се одморат од напорните секојдневни обврски, млади кои сакаат да се релаксираат, но и млади кои во желбата за забава не ставаат граници и градот кој ни` служи на сите, го претвораат во депонија. Службите на јавното претпријатие се максимално ангажирани 24/7 и се трудат Охрид секое утро да изгледа вака како што му доликува.

Continue reading

shuttle

Последната американска Вселенска Шатл мисија

Post Views: 2 САД денеска се готват да ја лансираат последната Шатл мисија „Атлантис“ по што ке ја затворат оваа вселенска програма.Летот ќе биде лансиран вечерва од Флорида, а мисијата до Вселенската Меѓународна Станица ке трае 12 дена.Парите, околу 4 милијарди долари годишно, од оваа програма ќе се пренаменат за развој на вселенско летало кое ке лета надвор и во близина на земјината орбита. {loadposition content9}

Continue reading

Рашковски и Вељаноски ослободени од куќен притвор

Post Views: 5 Поранешниот генерален секретар на Владата Драги Рашковски и екс собранискиот спикер Трајко Вељаноски од денеска се на слобода. Откако скопска Апелација им ја прифати имотната гаранцијата дека нема да избегаат, тие излегуваат од куќен притвор. Рашковски понудил имот во Струмица и стан во Скопје во вредност од речиси 193 илјади евра, кои се во сопственост на неговите две деца, а Вељановски куќата во која живее која е проценета на околу 210 илјади евра. На двајцата им се одземени пасошите и им е наложено на одредено време да се јавуваат во суд. Во решението за Рашковски,...

Continue reading

359 прекршоци за неносење лична заштита на лице

Post Views: 1 Во текот на изминатото деноноќие (02/03.08.2020 година) на територијата на Република Северна Македонија по однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирани се 359 прекршоци. Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид -19.

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top