Post Views: 1
На 04.11.2021 година од 09 до 14 часот на подрачјето на СВР Охрид извршени се сообраќајни контроли на возила што вршат јавен превоз на патници.
Притоа, 69 возила се упатени во станици за технички преглед (Охрид-16, Струга-20, Кичево-28, Дебар-05) и кај два автобуси констатиран е неисправен уред за сопирање (Охрид-01, Дебар-01) поради што веднаш се исклучени од сообраќај – информираат од СВР Охрид.
Post Views: 11
13 годишно девојче е најмладиот пациент кое чека срце на националната листа за трансплантација. Од месец во месец се зголемува бројот на пациенти , млади луѓе, на кои им се вградуваат пумпи како механичка циркулаторна поддршка место срце додека не се најде донор. Срцето затаило и откажало , најчесто поради некој вирус. Но секој има право на втора шанса за живот , велат од Националното здружение на пациенти на кои им е потребна трансплантација „Храбро срце“. Во Македонија постои закон за трансплантација но 90 отсто од граѓаните не знаат за тоа.
„ Во моментов актуелниот...
Post Views: 0
Словачкото Министерство за социјални работи поднесе предлог за овозможување на бесплатна стерилизација за сиромашните групи на население.
Ова покрена бран на незадоволство во земјата, информираше чешката државна телевизија. Христијанските политичари и невладини организации, кои го бранат правото на живот ја означија мерката за расистичка тврдејќи дека е наменета првенствено за ромското малцинство.
Словачка неодамна се соочуваше со критики за наводно нелегална стерилизација на ромските жени. Некои од нив поради тоа ја тужат земјата пред Европскиот суд за човекови права...
Post Views: 0
Во последните 24 часа се направени 1848 тестирања, а регистрирани се 141 нови случаи на ковид-19 во:
-Скопје 48
-Куманово 21
-Дебар 2
-Штип 15
-Прилеп 1
-Струга 1
-Битола 7
-Кавадарци 9
-Гостивар 4
-Гевгелија 1
-Струмица 4
-Кочани 4
-Пробиштип 2
-Демир Хисар 1
-Македонски Брод 4
-Берово 1
-Виница 7
-Свети Николе 3
-Кичево 5
-Неготино 1
Починати се два пациенти, пациент од Скопје(88г.) во болнички услови и пациентка од Кичево(80г.) вонболнички.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 175 оздравени пациенти од:
-Скопје 37
-Куманово 27
-Штип 56
-Прилеп 3
-Тетово...
Post Views: 0
Новинарите од „Комсомолска правда” ги најдоа во Либија петте Срби, кои ги затворија либиските бунтовници под обвинение дека се платени снајперисти.
Рускиот весник наведува дека во затвор се Зоран Николиќ и Недељко Милановиќ од Лазаревац, Милорад Јуниќ од Лозница, Милич Мартиновиќ од Аранѓеловац и Војислав Никифоровиќ од Белград, кои кажале дека бунтовниците се однесуваат коректно со нив и дека не ги тепаат.
На заробениците им е кажано дека наскоро ќе бидат префрлени во Зинтан, а потоа и дома доколку сė биде во ред. Руските новинари до заробените Срби стигнале откако...
Post Views: 5
Министерот за здравство Венко Филипче вбо изјава за Сител посочи дека има многу примери од различни земји во светот, кога по отворањето на училиштата заради очигледно неминовното зголемување на бројот на заразени, училиштата повторно беа затворени.
-Имавме заеднички состанок на Комисијата за заразни болести со претставници на МОН, присуствуваше и министерот Арбер Адеми. Апсолутно Комисијата за заразни болести смета дека е огромен ризик по здравјето и на учениците, нивните родителите и на вработените во училиштата доколку училиштата целосно се отворат и да функционираат...
Post Views: 2
Министерството за труд и социјална политика информира дека отпочна со постапка за прибирање на барања на лица корисници на социјална парична помош, постојана парична помош, посебен додаток, детски додаток, родителски додаток како и деца без родители и родителска грижа, за користење на бесплатна услуга за одмор и рекреација за своите деца во текот на зимскиот распуст за учебната 2016/2017 година.
Со овој проект предвидено е да се опфатат 1000 деца родени во периодот од 2002 до 2007 година или деца редовни ученици кои во учебната 2016/2017 година посетувале петто, шесто,...
Post Views: 1
Супстанци кои се користат за лекување на шизофренија, манија и биполарно растројство по грешка се откриени во лекот против главоболка „Нурофен-плус“, кој се продава во Велика Британија без лекарски рецепт и по сампослугите.
Во соопштението на британската комисија за контрола на лековите се вели дека овие супстанци се даваат само на пациенти заболени од шизофренија, разни мании, како и за тешки депресии, но дека никако не смее да се најдат во лек за главоболка.
Погрешно направените лакови за главоболка се откриени во продавниците во Лондон и се повлекуваат од продажба....
Post Views: 0
Претседателот на државата Стево Пендаровски денеска треба да му го предаде мандатот за составување нова влада на лидерот на СДСМ Зоран Заев.
Од Кабинетот на шефот на државата, Стево Пендаровски, потврдија дека церемонијата за врачување на мандатот ќе се одржи напладне и ќе му биде доверен на лидерот на социјалдемократите.
„Зоран Заев, во име на коалицијата „Можеме“, којашто има освоено најголем број пратенички мандати во Собранието, го информираше претседателот Пендаровски за преговорите со повеќе партии за обезбедување на неопходното мнозинство во Собранието за избор...
Post Views: 1
Најмалку шест лица се повредени, а илјадници се евакуирани во повисоките делови на островот откако јапонските власти издадоа предупредување за цунами по земјотресот со јачина од 7,4 степени и серијата повратни потреси во префектурата Фукушима.
Епицентарот на земјотресот бил во морето, на 67 километри североисточно од градот Иваки, кој се наоѓа во крајбрежниот регион Хамадори.
Како што јавува Јапонската метеоролошка агенција (ЈМА), земјотресот се случил на длабочина од 25 километри, а по него следувале уште седум повратни потреси. Од силните потреси во морскиот предел...
Post Views: 1
Членката на преодниот национален совет на Либија Фатима Махмуд изјави дека Моамер Гадафи би можел да побара азил во Чад, Алжир, Венецуела, Хрватска и Србија – објави Танјуг.Таа за „Вечерњи лист“ изјави дека Гадафи е се уште во Либија но го напуштил Триполи.„ Располагаме со информации дека ако не биде уапсен или убиен Гадафи би можел да бара азил во 5 држави со кои има добри односи“ вели Махмуд, наведувајќи дека тоа се Чад, Алжир, Венецуела, Хрватска и Србија.
Махмуд вели дека тој со моќни политичари или со официјалната власт од овие земји има добра комуникација и дека...
Post Views: 1
Уште едно врвно уметничко доживување приреди фестивалот „Охридско лето“ вчеравечер во црквата „Света Софија“ со концертот на словенечкиот гудачки квартет „Дисонанс“.Извонредните музичари од овој музички состав, Јанез Подлесек-прва виолина, Матјаж Поровне-втора виолина, Оливер Диздаревиќ-виола и Клемен Хвала-виолончело, преку својата маестрална изведба донесоа програма што беше во знакот на повеќе јубилеи.
-Исто како и годинешното „Охридско лето“ што е јубилејно, и нашата програма со која настапивме е јубилејна. Целиот свет одбележува 250 години од раѓањето на големиот...