london

Главен град на светот е Лондон

Post Views: 4 Критериумите се власт и политичко влијание, приходи и богатство, степен на образование, глобални врски и ниво на култура. Според овие критериуми Лондон собра 22 поени и ја доби титулата главен град на светот во конкуренција со 140 града.  На второ место со 21 поен се наоѓа Њујорк, а третото место го делат Токио и Вашингтон со 17 поени. По нив следуваат Шангај, Мексико, Пекинг, Бомбај и Делхи. Вториот по големина австралиски град Мелбурн е најдоброто место за живеење во светот, според листата во која влегуваат 140 града. По него се Виена и Ванкувер. Во првата десетка...

Continue reading

89 прекршоци за неносење лична заштита на лицето

Post Views: 0 Според статистичките податоци на МВР, во изминатото деноноќие, на подрачјето на СВР Охрид, полициските службеници констатирале 89 прекршоци за неносење лична заштита на лицето (Охрид-29, Струга-18, Кичево-29, Дебар-13). Ним им се издадени прекршочни платни налози за сторен прекршок по член 6 став 1 од Уредбата со законска сила за носење лична заштита на лицето заради спречување на ширење на заразната болест Ковид-19. Воедно, полициските службеници самосто?но, но и во координација со Државниот пазарен инспекторат извршиле 10 контроли врз угостителски и други објекти.

Continue reading

Луфтханза приземјена поради штрајк на пилотите

Post Views: 7 Синдикатот на пилотите ги повика пилотите да штрајкуваат и во текот на утрешниот ден, а повикот дојде непосредно по рочиштето на судот во Хесен, кој го отфрли барањето на Луфтхaнза за забрана на денешниот штрајк. Штрајкот на пилотите официјално почна непосредно по полноќ. Според Луфтханза, откажани се 876 летови, од кои 51 се интерконтинентални. Авиокомпанијата вчера напладне објави вонреден план на летање и се обиде на патниците да им понуди алтернатива за летање колку што е тоа можно. Меѓутоа, вонредниот план важи само за денеска. Патниците чиј лет е погоден од штрајкот...

Continue reading

berlusconi

Берлускони: Доста ми е од оваа „посрана Италија“

Post Views: 6 Полициските снимки откриле голема фрустрираност кај Силвио Берлускони поради бројните истраги кои се водат против него. Премиерот, како што стои во полициските транскрипти,неодамна изјавил дека ќе си замине од Италија при тоа нарекувајќи ја „посрана земја“ од која го фаќа мачнина.Полицијата до овие изјави дошла преку прислушкувањена мобилниот на Берлускони во истрага на лица кои го уценувале дека ќе откријат детали од неговиот бурен сексуален живот.Вчера во елитен римски кварт уапсен е Џиампаоло Тарантини за кого постојат сомневања дека е клучната алка во ланецот на...

Continue reading

ВТОР АСФАЛТЕН СЛОЈ НА „ПРВА МАКЕДОНСКА УДAРНА БРИГАДА“

Post Views: 5 Во тек се интензивни градежни активности од последната фаза за реконструкција на улицата „Прва Македонска ударна бригада“ од крстосницата со улица „Питу Гули“ до „Стобекс“. Започна и поставувањето на вториот асфалтен слој на коловозот, а според планираното, утре се очекува да заврши комплетното асфалтирање на улицата. Претходно, работните екипи на терен, беа ангажирани за уредување на тротоарите со бехатон плочки и нови рабници. Вредноста на проектот за реконструкција на улицата „Прва Македонска ударна бригада“ е 12.952.424 денари, а средствата се обезбедени од буџетот...

Continue reading

Драмското студио „Миладин“ ви ја претставува „Кучиња“

Post Views: 5 Во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга, во недела, со почеток во 20:00 часот, Драмското студио „Миладин“ ќе ја изведе репризaта на театарска претстава „Кучиња“ од Миодраг Илиќ. Драматизацијата, режијата и улогата на Кузман се на Ристе Миладинов, а во претставата покрај него играат: Христијан Миладинов, Илија Ќосески, Љубица Дуноска (Бубе), Наталија Смаќоска, Бојан Крстески, Мартина Kочоска и Петар Шипинкаровски. Сценската и ликовната изведба на претставата се на Јованчо Угреновиќ, а музиката и светлото на Аца Наумовски. Билетите ќе се продаваат по цена...

Continue reading

uciliste vo meksiko

140 училишта затворени во Мексико

Post Views: 5 Една недела по почетокот на учебната година во Мексико, наставниците одбија да доаѓаат на работа.Повеќе од 140 основни училишта во Акапулко се затворени поради заканите од страна на мексиканските нарко картели упатени до наставниците. Просветните работници се соочуваат со закани, изнуди и киднапирања, а и не се чувствуваат сигурно на своите работни места, што ги натера да ги напуштат училиштата. Повеќе од 20 илјади луѓе загинаа во војната со нарко картелите во Мексико во последните пет години. Минатата година беа убиени над 11 илјади луѓе, по што претседателот Фелипе...

Continue reading

Ткаченко: Мојата порака до „Охридско лето“ е да ги продолжи ваквото ниво и квалитетот на програмата што ја нуди

Post Views: 2 Изборот на потешките дела од класичната музика што ги изведоа Ткаченко и Лопатински, само потврди дека се работи за двајца уметници, кои иако млади, сепак се виртуози на своите инструменти. И двајцата првпат настапуваат на „Охридско лето“, но како што рекоа, добро се информирани дека станува збор за фестивал со огромно реноме кој ги негува високите уметничко-естетски вредности. -На двајцата ни е прво учество на „Охридско лето“. Чувствувам огромен наплив на емоции, не само од настапот во „Света Софија“, туку и од сета таа убавина што нѐ опкружува. Многу сум благодарен...

Continue reading

prostitutki

Проститутките во Германија добија „сексометри“

Post Views: 0 Проститутките во германскиот град Бон во иднина ќе мораат со себе да носат билети купени од машините кои личат на апаратите за паркирање или ќе се соочат со казни на даночните служби. „Продавачките на љубов“ во Германија мораат да плаќаат данок на приход, а сумата варира од покраина до покраина. – Првиот „сексометар“, на кои проститутките можат да купат билети за една ноќ по цена од шест евра, ќе обезбеди правилна примена на даночниот систем, изјави портпарол на градската управа. – Почитувањето на правилата ќе го надгледуваат инспектори, не секоја ноќ, но...

Continue reading

Конкурс на тема „Љубов“

Post Views: 3 Националната установа Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид, МаБиХ Македонија и Вера М Самарјанин, распишаа заеднички поетски конкурсот на тема: „Љубов“. Творбите треба да содржат најмногу 24 реда, да бидат напишани на македонски литературен јазик, да бидат лекторирани и да ги содржат основните податоци за авторите: име и презиме и место на живеење. Конкурсот е отворен до 1 мај годинава, а творбите треба да се испратат на е-маил: vbbitola@gmail.com Творбите од авторите кои нема да се придржуваат до пропишаната должина на песните и темата, нема да бидат разгледувани. Комисијата...

Continue reading

Ќе бидат потребни години за опоравување на туризмот во Охрид

Post Views: 13 Ќе бидат потребни неколку години за Охрид да се врати на туристичкиот пиедестал, прогнозира научната фела.  После 2001 година  кога е забележан пад од 50%,  2020 година ќе биде впишана  како најцрната туристичка година со драстичен   пад од околу  60 тина проценти.  Загрижува тоа што анализите покажуваат пад на приходите за   цели 50 %, што силно ќе се одрази врз локалната економија особено во  Охрид и Струга.  „Ги немаме странските туристи  кои што издвојуваа двојно повеќе средства во донос на домашните туристи, иако остваруваа помал број на ноќевања. Очекувањата...

Continue reading

evra

Италијанско Вевчани

Post Views: 0 Малото централно италијанско гратче, Филетино се обидува да добие независност и пушта во оптек сопствена валута во знак на протест против владините економски мерки. Гратчето, кое се наоѓа во планински регион на околу 100 километри источно од Рим, се противи на предлозите за спојување на градските власти на населените места, кои имаат помалку од илјада жители, со цел да се заштедат пари. Во Филетино живеат само околу 550 лица, но наместо спојување со соседниот град Треви, градоначалникот Лука Селари се обидува да добие независност и да формира кнежевство, слично на република...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top