Post Views: 2
Источниот дел на Алепо стана крвава гробница за илјадници невини луѓе, вели Дејвид Милибанд од интернационалниот Комитет за спасување. Оваа трагична слика се појави откако десетици цивили беа убиени од сириските сили во она што Обединетите нации го опиша како „целосно разрушување и колапс на човештвото“, во време на последната битка за Алепо, пренесува „Новa Македонија“.
Жени и деца биле изгорени живи, а семејствата избираат самоубиство наместо спас. Канцеларија за човекови права на ОН соопшти дека добила извештаи во кои стои дека провладините сили убиле најмалку 82...
Post Views: 0
Професорка во средно училиште во САД е осудена поради сексуален однос со пет свои ученици. Судијата ја одбил одбраната и тврдењата дека учениците ја искористиле. Стејси Шулер поради врска со малолетници е осудена на четири години затвор.
Професорката изјавила дека не е виновна, а одржувањето на оргиите, алкохолот и дрогата, групниот секс со ученици пробала да го оправда со нивна наводна психичка болест.
Шулер на која и се заканувале децении во затвор, плачела додека полицаецот и ставал лисици и ја одведувал од судницата во Охајо. За шест месеци ќе има сослушување за...
Post Views: 4
Денеска, директорот на Фондот, Миле Сугарев го информирал здружението дека на седницата на управниот одбор е усвоен и одобрен првиот здравствен пакет (од вкупно три) во делот за покривање на трошоците за материјалите за редовните неделни преврски на пациентите да бидат на терет на Фондот. Досега пациентите издвојуваа огромни средства од својот сопствен буџет и постојано се соочува со проблеми за нивно снабдување од странство. Овој документ е доставен до министерот за здравство, Венко Филипче за потпис, по што ќе биде објавен во Службен весник и ќе стапи на сила. Исто...
Post Views: 10
Превенција на кражби во згодна прилика и превенција на несреќи на капалиштата на струшкото крајбрежје, се теми на состанокот што денеска во 11 часот ќе се одржи во хотелот „Дрим“ во Струга.
На состанокот ќе бидат присутни претставници од СВР Охрид, Езерската полиција, Капетанија Охрид, ОО „Црвен крст“ Струга, концесионери на плажи, претставници од јавното претпријатие за паркинг услуги од Струга и други.
Post Views: 2
Полските власти повторно отвориле истрага за логорот Аушвиц, во кој во текот на Втората светска војска се убиени околу 1,5 милиони лица, а од нив најголем број Евреи.
Истрагата за Аушвиц била затворена во 80-тите години на минатиот век за време на Студената војна, а целта на новата истрага е да се пронајдат преживеани нацистички злосторници.
Логорот бил затворен во 1945 година, односно пред 66 години, а преживеаните злосторници сега се во длабока старост, веројатно постари од 90 години.
Властите на нацистичка Германија го отвориле логорот во 1940 година, неколку месеци...
Post Views: 5
Советникот од ДУИ во Охрид Нефи Усеини и неговиот брат, Ибро Усеини се спроведени денеска во осум дневен притвор во охридскиот затвор поради нападот на Спирo Топалоски кој се случи минатата недела. Тие откако 6 дена беа во бегство утрово сами се пријавиле во полициска станица.
СВР Охрид до ОЈО Охрид поднесе кривични пријави против првиот човек на ДУИ во Охрид и неговиот брат, за две кривични дела „насилство“ и „неовластено држење на оружје и распрснувачки материјали“, поради инцидентот кој се случи на 18ти август во центарот на Охрид во кој го нападнале Спиро...
Post Views: 1
Наместо за работа италијанските пратеници се фатија за гуша, и тоа буквално.Пратениците расправаа за предложените реформи на пензискиот систем и барањето за подигнување на старосната граница за пензионирање од 65 на 67 години, по што тие почнаа да си разменуваат навреди и тупаници преку пратеничките клупи.Страстите најмногу се разгореа кога еден од пратениците на Северната лига, која е дел од владејачката колиција во земјата, побара оставка од спикерот на парламентот Џанфранко Фини поради тоа што во едно интервју на телевизија, со доза на сарказам рекол дека сопругата...
Post Views: 1
Делегација на општина Охрид составена од општинската администрација и предводена од Претседателката на Советот на општина Охрид, Живка Ангелоска, во Паркот на револуцијата положи свежо цвеќе пред спомен обележјата на паднатите борци од НОБ.
Цвеќе положија и делегации од детската градинка „Јасна Ристеска“, Сојуз на борци и политички партии.
Post Views: 4
Се намалува сообраќајната култура на сите учесници низ градските улици. Во секојдневното брзање се помалку се внимава на сообраќајните правила, а се уништуваат и сообраќајните знаци. Алармантно е сообраќајното воспитание кај децата кои во вопспитно-образовниот систем многу малку учат за сообраќајната култура, напоменува дип. сооб. инж. Соња Шикалоска, авто инструктор од АШ Старс. Со цел едукација на најмалите Шикалоска на покана од организаторите на Платформата 5 до 12 одржа едукативна настава со деца од 7 до 13 годишна возраст. Практично им се доближија сообраќајните...
Post Views: 13
Портпаролот на германската Влада, Штефен Зајберт направи гаф, испраќајќи илјадници приврзаници на канцеларот Ангела Меркел на порнографска страница, пишува весникот „Кориере дела сера“.
Зајберт адресирал соопштение до 40 илјади приврзаници на Владата на Твитер, кое содржело линк, со кој тие можеле да се поврзат со страницата на Владата, на која била објавена изјава по повод објавеното ослободување на Либија.
Наместо да го копира линкот на својот сајт на Твитер, владиниот портпарол го напишал рачно и на тој начин направил грешка.
Приврзаниците на Владата се изненадиле...
Post Views: 4
Мало зголемување, корекција на цената на водата се пиење, ќе стартува со решение на Регулаторната Комисија од 2021 година, кажа градоначалникот Константин Георгиески на последната седницана совет. Тој притоа ја повлече од дневен ред точката за утврдување на цена за водата за пиење со која требаше да се зголеми фиксниот надоместок од 72 денари на 100 денари за физички лица и од 100 на 150 ден за правните лица. Градоначаланикот кажа дека и тој смета дека поскапување никогаш не е популарно решение но во случајот е еднинствено решение согласно законот.Согласно решението...
Post Views: 13
Рускиот претседател Дмитриј Медведев и премиерот Владимир Путин го посетиле регионот Ставропол. И двајцата управувале со комбајни низ огрoмните полиња полни со пченка.Руските медиуми пренеле дека премиерот и министерот набрале шест тони пченка. Медведев и Путин неколку пати се појавувале заедно, откако актуелниот руски претседател минатиот месец објавил дека нема да се кандидира на следните избори, но ќе му даде поддршка на Путин во претседателската трка наредната година.
{loadposition content9}