Советникот Усеини и неговиот брат од денеска во притвор

Советникот од ДУИ во Охрид Нефи Усеини и неговиот брат, Ибро Усеини се спроведени денеска во осум дневен притвор во охридскиот затвор поради нападот на Спирo Топалоски кој се случи минатата недела. Тие откако 6 дена беа во бегство  утрово сами се пријавиле во полициска станица.

 |   | 

СВР Охрид до ОЈО Охрид  поднесе кривични пријави против  првиот човек на ДУИ во Охрид  и неговиот брат, за две кривични дела „насилство“ и „неовластено држење на оружје и  распрснувачки материјали“, поради   инцидентот  кој се случи на 18ти август во центарот на Охрид во кој го нападнале Спиро Топалоски. На  двајцата им беше изречена мерка притвор во траење од осум дена поради можноста за повторување на делото, влијание на сведоци и бегство. Во Основното јавно обвинителство Охрид отворен е предмет за кривично дело насилство а се прибираат докази и поради основано сомнение за неовластено држење оружје и распрскувачки материјализа.

Кривични пријави против советникот Нефи Усеини  беа поднесувани и во минатото  за  насилство, физички напади, узурпација на простор.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.

© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top