ВО ТРПЕЈЦА ПО ТРЕТ ПАТ ЌЕ СЕ ОДРЖИ „УМЕТНИЧКА КОЛОНИЈА“

Post Views: 7 Здружението „За Трпејца со љубов“ најавува дружба на неколку уметници од Охрид и Скопје. – Идејата ни беше како и минатата година и оваа во Трпејца да организираме Меѓународен уметнички камп, но Ковид -19 ни ги смена плановите, сепак не успеа да ја одложи колонијата, таа ќе го задржи континуитетот, вели уметникот Ѓоко Симјаноски, кој по трет пат ќе учествува и годинава ќе раководи со колонијата. Трпејца е повеќе од податливо место за инспирација и уметност, а на листатата на учесници покрај Симјаноски се и Наташа Попоска – Карче и Хава Реџепи, двете од Охрид и Ристо...

Continue reading

Ќе биде ли Македонија имуна на епидемијата од Морбили

Post Views: 8 Ширење на мали сипаници, морбили и епидемија од нив може да се случи и во Македонија, предупредуваат здравствените власти и епидемиолозите. Кај нас засега нема случаи на заразени, но болеста се шири во наша близина, а многу лесно се пренесува. Во соседна Бугарија деновиве од овие сипаници почина деветмесечно бебе, а во последниот период бројот на жртви во Романија стаса до 21, пренесува порталот „Факултети“. Во Македонија е опаднат бројот на деца кои ја добиваат вакцината против морбили, рубеола и паротит-МРП, а со зго­ле­му­ва­ње на бро­јот на не­вак­ци­ни­ра­ни де­ца,...

Continue reading

Sarkozy

Саркози: Доењето е како ропство

Post Views: 3 Францускиот претседател Никола Саркози со својата изјава се потрудил да ја налути светската женска популација, споредувајќи го доењето со ропство. Оваа изјава следи откако 55-годишниот Саркози пред еден месец стана татко по четврти пат. “Знаете, доењето кај жената предизвикува радост. Но, исто така доењето е еден вид ропство. Тоа ги ослободува мажите од вината бидејќи не мора да стануваат на полноќ, освен да ја покажат својата солидарност со сопругата. Јас отворам само едно око и немам проблем“, рекол Саркози. Саркози од својот прв брак има три сина, на возраст од...

Continue reading

Релативно стабилна е епидемиолошката состојба во Охрид

Post Views: 0 Епидемиолошката состојба во Охрид, Струга, Дебрца, Дебар во моментов  е релативно стабилна. Бележиме стагнација на бројот на новоинфицирани лица со Ковид 19, вели директорот на Центар за Јавно здравје – Охрид, Сашо Точков.  Според него, малиот број на нови случаи во последните извештаи се должи на намален интензитет на тестирање изминатиов период и измените во протоколот и алгоритамот кои ги донесе Комисијата за заразни болести со кои веќе не е се потребни два последователни негативни контролни тестови за едно лице да се смета за оздравено од Ковид. „ Тоа многу ја олени...

Continue reading

Papa i imamot

Бенетон ја повлече рекламата на која папата и имамот на Египет се бакнуваат во уста

Post Views: 4 Ватикан не ја прифати рекламната кампања на Бенетон „Unhate“ а фотографијата на која папата се бакнува со египетскиот имам ја нарече – неприфатлива провокација.Рекламната кампања на Бенетон „Unhate“ која ги прикажува светските лидери како се бакнуваат има за цел поттикнување на толеранција и глобална љубов. Но ова објаснување не беше доволно да го запре протестот на Ватикан кој негативно реагираше на фото монтажата на бакнеж меѓу египетскиот имам Ал Азхар и папата Бенедикт 16.Оваа рекламна кампања претставува неприфатлива провокација која ја навредува верата –...

Continue reading

Туристичките работници очекуваат гости и во месец септември

Post Views: 3 Туристичките работници очекуваат да продолжи туристичката сезона и во месец септември. Филип Стефаноски, од ТА „ДМС Балканс“ очекува дека сезоната ќе продолжи до половина од овој месец. Можеби и по 1 октомври. Стефаноски смета дека тие како сектор треба да понудат поприфатливи цени за домашните туристи. Продолжувањето на сезоната го гледаат во убавото септемвриско време и во пролонгирањето на почетокот на школската година. „За туристичкиот сектор е поволно што учебната година ќе почне од 1-ви октомври. Со тоа ќе се продолжи туристичката сезона ако нема рестрикции од...

Continue reading

Атентаторот на рускиот амбасадор бил обезбедување и на Ердоган

Post Views: 3 Турскиот полицаец кој го уби рускиот амбасадор во Анкара, во изминатите месеци осум пати го обезбедувал турскиот претседател Ердоган, пишува весникот „Хуриет“. Мевлут Мерт Алтинташ од јули годинава бил дел од обезбедувањето на турскиот претседател на осум јавни настапи на Реџеп Таип Ердоган, пишува денеска турскиот весник „Хуриет“. Притоа, 22-годишниот турски полицаец бил дел од втората алка на обезбедување, што значи веднаш зад личните телохранители на Ердоган. Алтинташ во понеделникот, на отворањето на една изложба во Анкара, го застрела рускиот амбасадор во Турција,...

Continue reading

bezbedni cigari

Од утре во ЕУ само безбедни цигари кои сами се гаснат

Post Views: 2 Од 17 ноември во Европската унија ќе мора да се продаваат само цигари кои сами се гаснат кога ќе бидат оставени по страна. Се смета дека со оваа мерка ќе се спасуваат по околу 500 животи годишно.Според податоците на Европската комисија, од 2003 до 2008 година, со цигари во ЕУ се поврзани повеќе од 30 илјади пожари со повеќе од илјада загинати и 4 илјади повредени. Искуствата од Финска, каде веќе се продаваат исклучиво цигари кои сами се гаснат, говорат дека бројот на пожари е намален за 43 отсто. Новиот стандард пропишува да се продаваат само цигари кои имаат намален...

Continue reading

Училишните клупи денес останаа празни

Post Views: 1   На почетокот од новата школска година останаа празни училишните клупи. Во услови на пандемија од Ковид 19 училиштата во државава ќе ги отворат вратите за учениците на први октомври. Школите ги чекаат од МОН плановите за работа во наставниот процес. Меѓу нив е ОУ Григор Прличев, во кое за прв пат во училишните клупи, треба да седнат и 120 првачиња во централното и поддрачното училиште во Рача. Додека се огласи школското ѕвоно течат подготовките за безбеден престој на ученциет до 3-то одделение кои треба да следат настава со физичко присуство. Школото има набавено дезинфекциски...

Continue reading

Струга има потреба од изградба на нова градинка

Post Views: 4   Стружани ќе почекаат за изградба на нова градинка. Такви се прогнозите на одговорните лица во Секторот за образование при општина Струга. Сурија Рушити раководителот на овој сектор вели дека за проблемот во постоечките објекти за згрижување на деца зборуваат бројките. Во моментов биле пријавени вкупно 580 деца, од кои 480 биле примени а 100 биле на листа на чекање. „Ако се има предвид дека и овие 480 примени се над норматив и според стандардите, а пред мене стои и извештајот од градинката, овие објекти се димензионирани за 310 деца, значи имаме 170 деца над норматив...

Continue reading

panda

Научниците ќе се откажат од спасување на пандите?

Post Views: 5 Вкупно 600 научници учествуваа во анкетата за тоа што мислат за насочувањето на фокусот на животните кои реално можат да бидат спасени и откажувањето од оние кои не можат.Пандите и тигрите спаѓаат во групата за кои треба да се одвојат најмногу средства и лесно би можеле да се најдат на листата на животни од кои тие ќе се откажат. Еден од експертите, Паул Голдстајн, тврди дека сите животни не можат да бидат спасени. – Доколку пандите можат да се зачуваат само така што ќе бидат одгледани и чувани во зоолошка, а никако во природа, тогаш ќе разберам ако научниците...

Continue reading

115 нови случаи на Ковид-19, 4 во Охрид

Post Views: 3 Во последните 24 часа се направени 1665 тестирања, а регистрирани се 115 нови случаи на ковид-19 во: -Скопје 34 -Куманово 10 -Штип 14 -Прилеп 15 -Тетово 3 -Струга 13 -Битола 4 -Охрид 4 -Гостивар 2 -Крива Паланка 1 -Радовиш 1 -Крушево 1 -Кочани 1 -Пробиштип 2 -Македонски Брод 1 -Пехчево 1 -Берово 2 -Виница 3 -Делчево 1 -Свети Николе 2 Починат е еден пациент од Гостивар на возраст од 76 години. Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 368 оздравени пациент од: -Скопје 64 -Куманово 74 -Дебар 28 -Штип 30 -Прилеп 5 -Тетово 48 -Струга 9 -Битола 6 -Охрид 3 -Кавадарци...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top