Post Views: 3
Американската академија за филмски уметности и науки вчера преку интернет ги објави номинациите за овогодишните номинации за „Оскар“, во трката за престижната награда се издвои мјузиклот „Ла ла ленд“ кој е номиниран во рекордни 14 категории, меѓу кои за најдобар филм, најдобра режија (Демијан Шазел) и за најдобри главни актери (Ема Стоун и Рајан Гослин), со што стана еден од трите филмови во историјата на „Оскар“ со толкав број номинации, останатите два се „Титаник“ и „Сè за Ева“. Од другите филмови ќе ги споменеме „Месечева светлина“ и „Пристигнување“ со 8 номинации,...
Post Views: 1
Доналд Туск на фотографијата и ја бакнува раката на германската канцеларка, Ангела Меркел, на што Полјаците бурно изреагираа.
Полското мнозинство смета дека фотографиите всушност совршено ја одразуваат симболиката на тоа каде е моќта во Европа.
Иако етиката вели дека со наведнување кон женската рака, мажот само назначува бакнеж, а всушност нема контакт со кожата.
-Не ги почитуваше општествените правила, коментираат Полјаците.
Притоа се додава дека сосема е невкусно што Туск и „залепи“ бакнеж на раката на Меркел и со тоа и „покажа дека таа стои на чело на разбрануваната...
Post Views: 2
Министерството за образование и наука, во соработка со Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) и Бирото за развој на образование ги спроведува обуките на наставниците коишто ќе бидат училишни обучувачи за користење на Единствената национална платформа за онлајн настава. Обуката ќе трае од денес до сабота и со неа се опфатени 1.600 наставници и резервни наставници коишто понатаму ќе треба да го пренесат знаењето за користење на платформата на своите колеги во училиштата.
Предавањата на училишните обучувачи ги одржуваат триесет национални обучувачи...
Post Views: 0
За нецела година во нашиот регион треба да се воведе систем за интегрирано управување со отпад. Како што за ТВМ открива Мирјана Лозаноска од Југозападниот плански регион, прикрај била подготовката на потребна техничка планска документација за воведување на овој современ систем кој би требало да се практицира согласно Европските нормативи. Документите треба да се готови до 2017 година, па после тоа треба да се бараат средства за имплементација на овој значаен проект, додава таа. Лозаноска информира дека проектот покрај Југозападниот плански регион ги вклучува и скопскиот,...
Post Views: 1
Секој петти млад Германец не знае дека Аушвиц бил нацистички логор на смртта, покажала една анкета објавена два дена пред светскиот Ден за сеќавање на жртвите од холокаустот.
Иако 90 отсто од испитаниците знаеле дека Аушвиц бил концентрационен логор, анкетата спроведена за најновото издание на германскиот магазин “Стерн“ покажала дека Аушвиц не значи ништо за 21 отсто од Германците, на возраст од 18 и 29 години.
Скоро една третира од 1.002 учесници во анкетата, спроведена минатата недела, не знаеле дека Аушвиц се наоѓа во денешна Полска.
Истражувањето било спроведено...
Post Views: 0
Во текот на изминатото деноноќие (17/18.09.2020 година) на територијата на Република Северна Македонија по однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирани се 533 прекршоци.
Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид -19.
Post Views: 9
Соларна бура стигна на Земјата и станува се’ посилна. Сонцето не’ бомбардира со радијација од најсилната бура во последните шест години. Ерупцијата на Сонцето ослободи најголема радијација од 2005 година, која би можела да ја наруши сателитската комуникација, особено во поларните региони. Денеска бурата ќе го достигне својот врв,а најголеми ефекти ќе почувствува северниот дел на Земјата.
Соларната бура се појавила во неделата околу 4 часот наутро, нејзината радијација стигнала на Земјата околу еден час подоцна, а ќе не’ погоди во три различни периоди. Врвот ќе биде денеска,...
Post Views: 1
По 6 кола на добри игри и резултати охридските Гладијатори западнаа во резултатска криза што моментално ги оддалечува од целта, пласман во Суперлигашкиот плејоф. Така овие 10 дена играчите ги искористија да се одморат и со нови сили да тргнат кон победи. Пред тешките гостувања кај втората екипа на Еурофарм и Тиквеш три бода се очекуваат утре на дуелот против Прилеп.
Се рестартиравме овие 10 дена и заборавивме на поразите. На табелата не можевме да заборавиме бидејќи загубивме 9 бодови. Имавме две тешки гостувања, но мислам дека екипата е подготвена и свежа и до крајот...
Post Views: 0
На 21 септември во 20 ч. во галеријата на Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид, ќе се отвори патувачка самостојна изложба “Неправилен ритам” на македонската уметница Билјана Билбилоска.
На изложбата ќе се влегува поединечно или максимално во група од двајца, согласно мерките за заштита од Ковид.
На изложбата под наслов “Неправилен ритам” ќе бидат изложени слик направени во текот на 2019-2020 година. Ќе се изложат слики изработени во техника акрил на платно и на картон. Тематски, изложбата, преку боите води дијалог со музиката. Преку аналогијата на...
Post Views: 4
Сомалиски пирати го киднапирале познатиот американски писател и новинар Мајкл Скот Мур, пишува локалниот весник „Сомалија рипорт“.Инцидентот се случил во близина на градот Галкајо во централниот дел на Сомалија на 21 јануари, кога пирати од кланот „Саад“ со два џипа го киднапирале Американецот, кој патувал кон аеродромот, за да се сретне со пријатели.
Според весникот, по киднапирањето Мур бил префрлен во пристанишниот град Харардере, кој се смета за една од главните бази на сомалиските пирати.
{loadposition content9}
Post Views: 0
Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски денеска го потпишал Правилникот за урбанистичко планирање, којшто е алатка за примена на новиот Закон за урбанистичко планирање кој е стапен на сила. Правиме сериозна регулација на просторот. Можеме да бидеме уверени и убедени дека урбанизмот ќе биде вистинска алатка за вистински развој на државата, а не нешто преку кое ќе се врши узурпација на просторот. Ќе овозможиме вистински развој на урбаните средини преку рационално и хумано планирање на просторот, рече Бочварски на прес-конференција во Владата.
„Повеќе не е дозволиво...
Post Views: 3
Британија е приморана да пронајде трајно решение за проблемот со зградата на Парламентот, затоа што објектот е во толку лоша состојба, што почнал да тоне во Темза. Доказ дека ситуацијата е толку сериозна е накривувањето на Биг Бен за цели 45 сантиметри.Една од идеите е Парламентот да и се продаде на некоја странска земја, најверојатно Русија или Кина, со што би се добиле околу 500 милиони фунти. Во тој случај, парламентарците ќе мора трајно да се вселат во некоја веќе постоечка зграда, или да се изгради нов објект.
Друга можна опција е поправка, која даночните обврзници...