Post Views: 1
Владина делегација составена од премиерот Зоран Заев, министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, и министерот за надворешни работи, Бујар Османи, ќе го посетат седиштето на НАТО и ќе одржат работна средба со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.
Во рамки на работната агенда, со почеток во 16:20 часот, премиерот Зоран Заев и генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, ќе одржат заедничка прес-конференција во прес-центарот на седиштето на НАТО во Брисел.
Post Views: 8
Внатрешната истрага во Foxcon покажала дека во некои фабрики на компанијата работеле 14 годишни деца. Компанијата Foxcon од неодамна е на лош глас поради катастрофалните услови за работа, штрајковите и малтретирањето вработени, а прозорците на нивните фабрики се заштитени со мрежа како би се спречиле самоубиства на работниците (што досега често се случувало).Некои медиуми порано пишувале дека во Foxcon често работат деца (во Кина е забрането вработување лица помлади од 16 год) а сега внатрешната истрага го потврдила тоа.„Преземаме целосна одговорност за овие случаи...
Post Views: 0
Тоа е знак дека во Скопје пристигна „Тартан арми“, популарната група на навивачи на шкотската фудбалска репрезентација. Неколку стотици навивачи ги окупираа кафулињата на Кејот на Вардар и најавија дека денеска и утре ќе пристигнат уште 2-3 илјади симпатизери на Шкотска. Во Скопје пристигнавме во средата, градот ни се допаѓа. Единствен проблем ни претставува топлото време, на кое не сме навикнати. Затоа се ладиме со пиво – изјави Дејв Маршал, навивач на Сент Џонсон, каде што настапуваше македонскиот интернационалец Горан Станиќ. Очекувам тежок меч и победа од 2-1....
Post Views: 0
Во текот на изминатото деноноќие (07/08.10.2020 година) на територијата на Република Северна Македонија, по однос на мерката за неносење лична заштита на лице, регистрирани се 704 прекршоци.
Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид-19.
Post Views: 1
Ревизорската куќа Прајсвотерс Куперс, во чија надлежност е броењето на гласовите и печатењето на имињата на победниците, објави уште едно соопштение за јавноста, скоро 24 часа по срамната збрка во завршницата на 89 доделување на наградите на Академијата.
Компанијата ја превзеде целосната одговорност за грешката, објаснувајќи дека еден од двајцата партнери кои ги знаат резултатите и ги делеле пликата на презентерите, Брајан Калинан, по грешка му дал на Ворен Бити резервен плик за категоријата најдобра женска улога наместо за најдобар филм.
Неколку минути подоцна и Академијата...
Post Views: 6
Во Грција не стивнуваат шумските пожари на полуостровот Пелопонес, на Крит и во регионот на Коринт поради што се евакуирани повеќе села и е прогласена вонредна состојба.
Шест од вкупно осум авиони „Канадер“ се оштетени и се повлечени од гаснењето, има настрадани пожарникари, кои се хоспитализирани, соопштуваат денеска медиумите во Атина.
Огнот во областа Ахаја, северно од градот Патра, на полуостровот Пелопонес, беснее од вчера и досега уништил ниви и насади. Во некои региони на областа е прогласена вонредна состојба.
Вчера биле евакуирани и жители од село во близина...
Post Views: 1
Вицепремиерот задолжен за евоинтергации Ивица Боцевски и министерот за надворешни работи Антонио Милошоски денеска во Брисел реферираат за постигнатото во остварувањето на осумте критерими кои ни ги зададе европската унија. Како што најавија врз основа на резулатите ке побараат и датум за почеток на преговорите.
„Секогаш кога Македонија е оценета по стандардите и секогаш кога оваа влада е оценета по стандардите постигнува максимални резултати,“
ова е изјавта Боцесвки дадена вчера по повод заминување во Брисел. Наспроти неговите позитивни најави опозицијата тврди дека...
Post Views: 1
Државното знаме на Македонија на јарболот на плоштадот Св. Климент Охридски и на Самоиловите тврдини со месеци се вееше искинато. Тоа не само што им предизвикува непријатно чувство на граѓаните да го гледаат националниот симбол во таква состојба и е лоша слика за посетителите на градот туку е и противзаконито. ТВМ побара информација од локалната самоуправа во чија надлежност е одржување и замена на државното знаме поради дотраеност а е истакнато на јарбол на културни знаменитости во Охрид.
Од општината со одговор дека не е во нивна надлежност одржувањето на јарболите...
Post Views: 5
Здружението на власите од Струга изработи проект за изучување на влашкиот јазик. Станува збор за факултативен курс кој ќе можат да го следат деца од трето до деветто одделение. Како што велат од Здружението проектот бил прифатен од страна на градоначалникот Зијадин Села, така што општина Струга комплетно финансиски ќе го поддржи.
Синоќа градоначалникот Села во хотел Дрим Струга и свечено го отвори факултативниот курс по влашки јазик. Од Здружението на власите велат дека интерес за курсот на почетокот има, така што уште вчера 22 деца пројавиле интерес. Наредниот понеделник...
Post Views: 3
Израел се подготвува да го нападне Иран поради терористичкиот чин врз израелските државјани во Бугарија, изјавил поранешниот амбасадор на САД во ООН Џон Болтон.
“Треба да прифатиме дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ги избира зборовите внимателно и го говори само она за кое неговата влада има цврсти докази, дека Иран е одговорен за тој напад. Кога Нетанјаху вели ’Иран е, а не Хизбула’, и ние тоа треба да го сфатиме“, вели Болтон во интервју за “Фокс њуз“, пренесуваат бугарските медиуми.
Според Болтон, Израел ќе ги нападне нуклеарните објекти на Иран, а потоа...
Post Views: 6
Основните и средните училишта од денес ќе почнат да нарачуваат бесплатни учебници во сите книжарници во државата кои продаваат учебници за основно и за средно образование. Учебниците се наменети за учениците од семејства кои примаат социјална помош, а се обезбедени со средства на Владата на Република Македонија и Министерството за образование и наука.
ЗИКМ ги информира книжарниците дека претставниците на основните и средните училишта покрај нарачката ќе им доставуваат и документ за прием на учебниците, со вкупна цена и количина, со кој книжарниците ќе ја фактурираат...
Post Views: 0
Во ПИСИ образовниот центар од Охрид се одржуваат бесплатни он лине часови за математика за третоодделенци. Како центар со долга традиција и успех, професионалци во својата област меѓу која е и он лине наставата, Писи одржува настава за трето одделенците од цела Македонија, но и за сите ученици кои разбираат Македонски јазик од целиот свет, информира проф. Ангел Јанев сопственик на ПИСИ образовниот центар. Наставата се одржува веќе еден месец според наставниот план и програма за основно образование дадена од МОН , во деновите понеделник и среда од 20 и 15 до 20 и 45 мин....