Post Views: 0
Премиерот на Холандија Марк Руте во писмо упатено до парламентот наведува дека на европските земји би требало да им биде дозволено да излезат од Европската унија, од еврозоната или од шенгенската зона.
Според него за тоа е потребна измена на спогодбите, бидејќи сегашните од Маастрихт и Шенген не дозволуваат никакво излегување. Британскиот премиер Дејвид Камерон деновиве најави можност за распишување референдум за излегување или останување на таа земја во Унијата.
{loadposition content9}
Post Views: 2
На државните универзитети во Скопје, Битола, Штип и Тетово денеска почнува вториот уписен рок. На Скопскиот, Битолскиот и на Штипскиот уписот ќе се одвива два дена, а на Тетовскиот до 18-ти овој месец.
На Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во вториот уписен рок има 4.343 слободни места, од кои 1.807 во државна квота, 1.941 со кофинансирање и 595 места за вонредни студенти.
На Универзитетот во Битола има 1.950 слободни места, на Штипскиот има 2.449 слободни места и на Државниот универзитет во Тетово има 2.025 слободни места.
Минстерството за образование и наука информира...
Post Views: 2
Според календарот на Македонската Православна Црква денес се одбележува Преподобната маченичка Анастасија Римјанка.
Родена е во Рим од благородни родители и остана сираче кога имаше три години. Како сираче ја одгледаа во еден женски манастир во близина на Рим, каде што игуманија беше некоја Софија, монахиња на висок степен на совршенство. По седумнаесет години Анастасија се прочу меѓу христијаните наоколу како голема подвижничка, а меѓу незнабожците како ретка убавица. Незнабожниот градоначалник Проб слушна за неа и испрати војници да ја доведат. Нејзината игуманија...
Post Views: 0
Владата на Република Северна Македонија ги известува граѓаните дека согласно влошувањето на состојбата со КОВИД-19 пандемијата во регионот и големиот број на нови позитивни случаи, влезот на македонски граѓани во Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина нема да биде дозволен без приложување негативен ПЦР тест кој не е постар од 48 часа од моментот на влез во овие земји.
Можноста за влез на македонски државјани во Косово без ПЦР тест останува, но Владата апелира до граѓаните да не патуваат надвор од земјата доколку немаат неодложна потреба за тоа.
Владата и здравствените...
Post Views: 5
Најмалку 25 лица загинаа и 101 се повреедени во вчерашната експлозија во седиштето на мексиканската државна нафтена компанија „Петролеос Мехиканос“ („Пемекс“) во главниот град Мексико, пренесоа светските агенции, повикувајќи се на властите. Министерот за внатрешни работи Мигел Анхел Осорио Чонг на прес конференција соопшти дека е потврдена смртта на 17 жени и 8 мажи.Причината за експлозијата се уште не е утврдена.
Експлозијата се случила на еден од пониските катови од административна зграда во непосредна близина на 51-катната кула на „Пемекс“.Според експерти, можно...
Post Views: 2
Во палатата Зенобио во Венеција денеска ќе биде отворен павилјонот на Република Македонија на 11. Интернационална изложба на архитектура што ја организира Венециското биенале.
Павилјонот е подговтвен за презентација и свечено ќе биде отворен во присуство на заменик-министерот за култура Драган Недељковиќ.
На четириесетина метри квадратни се поставени компонентите на „Метамак-отсечоци“ кој ги обединува делата на 13 македонски архитекти. Автори на проектот со кој Република Македонија третпат се претставува на престижната изложба на современо архитектонско творештво...
Post Views: 2
Жителите на Абас Емин се жалаат дека или газат во кал или голтаат прашина и дека реконструкцијата на улицата се оддолжи. Денеска во градскиот совет информација од општинските служби за тоа кога ќе почне да се работи на горниот слој на улицата побара и советникот Џанер Исмаил.
„ Барам веднаш да се даде налог на било кое Јавно претпријатие да излезат заедно на терен со Фондот за Комунални дејности и да се најде привремено решение за покривање на вировите со кал на Абас Емин. Граѓаните да можат да се движат нормално и да стигнат чисти на работните места. Во овие услови...
Post Views: 2
Четири екипи од Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија (ИЗИИС) од вчера се во Охрид, ги испитуваат оштетувањата од земјотресите и собираат и податоци за движењето на тлото.
„Наши екипи првенствено ги проверуваат градинките за да направат проценка дали се безбедни. Тоа го прават заедно со претставници од Центарот за управување со кризи од Општина Охрид. Има само еден случај, градинка во која е утврдено паѓање малтер од надворешна страна, па препораката е децата да не излегуваат во тој дел од градинката. Земјотрес со магнитуда 5 не треба да направи...
Post Views: 4
Силниот земјотрес се случил 102 километри од рударскиот град Копијапо, светски познато место по спасување на рударите од 2010 година.
Жената, која имала 50-тина години, добила инфаркт во текот на земјотресот и починала.
Потресот предизвикал помали материјални штети, а информации за други жртви нема. Потресот траел подолго од една минута и предизвикал паника меѓу населението. Луѓето истрчале на улиците во градот Атакама стравувајќи до цунами.
{loadposition content9}
Post Views: 1
Медијаторот на ОН Метју Нимиц на денешната нова рунда македонско-грчки разговори со амбасадорите Никола Димитров и Адемантиос Василакис, предложил нови идеи за рeшавање на спорот во врска со името на Македонија.
По двочасовната средба со двете делегации, Нимиц изјави дека претставил „нови идеи, кои содржат нови елементи и во кои се вклучени идеите дадени од двете страни“.Нимиц најави и дека подоцна во текот на денов ќе има одвоени средби со двајцата преговарачи и ќе очекува првични одговори на предлозите од неговите соговорници.
Тој рече дека следната рунда преговори...
Post Views: 5
Општина Охрид планира да се задолжи со околу 58 милиони денари за реконструкција на улиците Гоце Делчев и 7-ми Ноември. Советниците беа едногласни по предлог одлуката за намера за реализација на проекти по пат на долгорочно домашно задолжување на општина Охрид во рамки на вториот проект за подобрување на општинските услуги МСИП 2. Оваа точка беше единствена на дневен ред на денешната 49 -та седница на Советот. Даниела Мартиноска Којчиноска, овластениот претставник од стручната адмистрација, даде подетални објаснувања за проектот. Се работи за проект кој ќе го реализира...
Post Views: 1
„Њујорк тајмс“ соопшти денеска дека кинески хакери упорно ги напаѓаат неговите компјутери изминатите четири месеци, откако го објави тесктот за богатството на семејството на премиерот Вен Џијабао. Весникот нагласува дека нападите се совпаѓаат со неговите извештаи од минатиот октомври, во кои се наведуваше дека семејството на Вен акумулирало најмалку 2,7 милијарди долари „скриено богатство“. Пекинг на ова одговори дека весникот го клевети името на Вен и оти за тоа има „злобни мотиви“. – Изминатите четири месеци кинеските хакери упорно го напаѓаа „Њујорк тајмс“,...