Post Views: 8
Германската полиција го затвори трговскиот центар во градот Есен на западот од Германија поради сигурна дојава за “неизбежен” терористички напад, а неговата околина е блокирана, објавила полицијата.
Полицијата изјавила за агенцијата DPA дека постојат индиции дека трговскиот центар, кој е во близина на центарот на градот, би можеле да го нападнат терористи и затоа е донесена одлука за негово затворање на еден ден.Алармот се однесува само на трговскиот центар на Limbecker Platz, додала полицијата која исто така ги затвори паркинзите и станиците во подземната...
Post Views: 7
Севиља, архитектонскиот бисер на Шпанија, е преплавена со 5.000 тони смет кој на улиците се натрупува од минатата недела поради штрајк на вработените во комуналните служби кои се противат на намалување на платите.
Големиот број пластични кеси со смет достигнале висина од два метри, а големи сандаци и картонски кутии преполни со различен смет се насекаде низ улиците на главниот град на Андалузија со 700.000 жители, во јужниот дел на Шпанија, а на некои места дури и е нарушен сообраќајот.
Тој штрајк, еден од многуте кои ги илустрираат финансиските потешкотии на градовите...
Post Views: 7
Опозициониот Социјалдемократски сојуз на Македонија(СДСМ) денеска ќе го одржи Осмиот конгрес.
Конгресот се случува во време кога партијата има низок рејтинг, внатрепартиски превирања околу идниот лидер, како и проблеми со насоката на идното дејствување.
По катастрофалниот пораз на предвремените избори во јуни, лидерката на СДСМ Радмила Шеќеринска поднесе оставка, а за нејзин наследник, односно в.д. претседател се спомнува името на актуелниот градоначалник на Струмица Зоран Заев.
Медиумите шпекулираат дека Заев ќе има мандат во СДСМ до мај, за кога е предвидено враќањето...
Post Views: 4
Охрид остана полупразен овој празничен, продолжен викенд. Иако овој викенд имаше добро време хотелите, приватното сместување, рестораните половично исполнети со гости. Оние кои што не пропуштија можност да го посетат градов велат дека малата посетеност не е поради влошената епидемилошка состојба и најавените поригорозни рестриктивни мерки.
„Јас не мислам дека се мерките туку парите се во прашање“. „Повеќе финансиската дефинитвино. Секој би сакал да ужива без дискусија, но економскиот момент е многу битен“.
Охриѓани ги избегнуваат прометните места низ градот за време...
Post Views: 6
Генерален пласман на џудистите од ЏУДО КЛУБ “ДРИМ” СТРУГА на меѓународниот натпревар “Џудо куп Тиват” во Црна Гора:
1. Дорјан Петкоски ЗЛАТО2. Анамарија Стојмиловска ЗЛАТО3. Марио Нелоски ЗЛАТО4. Михаил Касниоски СРЕБРО
5. Стефан Попоски БРОНЗА6. Петар Дуноски БРОНЗА7. Јаков Блажески без пласман8. Берин Шабоски без пласман
Полека но сигурно џудо спортот во Струга прераснува во водечки спорт со најмногу успеси како на домасхна така и на мегјународна сцена, благодарение на напорната работа и посветеноста на нас тренерите, на целокупната управа а...
Post Views: 6
Индискиот претседател Пранаб Мукерџи одоби построги казни за силување, вклучувајќи ја и смртната казна, бидејќи последниот случај на групно силување на студентката која почина од повредите, предизвика гнев кај јавноста.
Претседателот го одобри предлогот на владата, која пред два дена предложи измени во законот за да се подобри сигурноста на жената.
– Индискиот претседател ги одобри измените на законот, против злоставување на жените. Тој веднаш стапува на сила, но ќе биде поднесе и на усвојување од парламентот, изјавија од кабинетот на претседателот.Со овие измени,...
Post Views: 13
Во касарната ,,Илинден“ во Скопје денеска ќе се одржи свеченост по повод донацијата на објекти за обука од страна на САД, како и доделување на одликувања на припадници од полкот за специјални операции (пСО) на АРМ за учеството во мисијата „Слобода за Ирак“.
На свеченоста во името на САД донацијата ќе ја предаде командантот на Здружената команда на НАТО во Неапол, адмиралот Марк Фитџералд кој ќе ги додели и одликувањата. Адмиралот Фитџералд пред чинот на врачување на донацијата, за покажаните високи резултати и успешно и професионално извршување на задачите во мисијата...
Post Views: 2
Во тек се работни активности за промена на дограмата во ОУ „Григор Прличев“. Нови ПВЦ-прозорци се поставуваат во сите училници на приземјето од новиот објект на училиштето. За оваа инвестиција се обезбедени 652.607 денари од буџетот на Општина Охрид.
Претходно во ова училиште беше извршена реконструкција на подовите во дел од училниците, се изврши обнова на дел од надворешните ѕидови на стариот училишен објект и беше извршена промена на дограмата на првиот кат во новиот објект на училиштето.
Post Views: 0
Пред Бакингемската палата во Велика Британија човек се обиде да се самоубие со нож.
Човекот со себе имал два ножа, а откако бил забележан, тој бил опкружен од неколку полицајци кои му го одземале оружјето пред да стане опасен за себе или за другите.
Од полицијата велат дека веруваат дека мажот сакал само да привлече внимание за време на одвивањето на позната туристичка атракција.
{loadposition content9}
Post Views: 5
По седум месеци откако четирите хашки предмети пристигнаа во Македонија, ова е првиот случај кој ќе биде отворен во судница.
Претседателката на судот Добрила Кацарска вчера изјави дека не очекува никакви проблеми и дека Судот е подготвен да постапува по предметите.
Таа најави дека ќе бидат обезбедени сведоците, не исклучувајќи можност на обвинетите да им се суди во нивно отсуство.
Од сите четири случаи вратени од Хаг, само предметот „Раководство на ОНА” сe уште е кај Јавниот обвинител.
Другите два случаја, „Непроштено” и „Липковска брана”, веќе се кај истражен судија,...
Post Views: 6
На 6-ти јануари 2022 година во ОВР Струга, пријавено e дека Б.Ш. (30) од струшкото село Октиси во семејниот дом физички ја нападнал неговата сопруга.
По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од СВР Охрид.
Post Views: 3
Во октомври, според податоците од Библиотеката родени се: Блаже Тренески, д-р Павле Митрески и академик Миле Мичуновиќ пследните двајца се’ уште творат.
Проф. д-р Митрески неодамна по повод 88 роденден и 60 години од творештвото промовираше три нови историски публикации. Се работи за книгите: „Михајло Идворски Пупин” (Од Вевчани до Идвор), „Студии за Охридско – струшкиот регион” (четврта книга) и „Српски документи 1890 – 1940)”.
Академик Миле Миќуновиќ пак пред две недели во издание на НУ Библиотека „Григор Прличев“ ја издаде својата108 книга под наслов „Максима“. Во...