Post Views: 0
Прекинато денешното продолжение на судењето на бизнисменот и советник од редовите на ДУИ, Нефи Усеини и неговиот брат Ибраим, кои се товарат за дело насилство врз охриѓанецот Спиро Топалоски. Судскиот процес започна на 22ри септември,кога во охридскиот суд се појави само Нефи Усеини а не присуствуваа неговиот брат Ибраим поради влошена здравствена состојба и оштетениот во својство на сведок Спиро Топалоски. Денеска во судницата беше присутен Ибраим, а отсутен беше неговиот брат поради оперативен зафат во Турција. Судот побара од одбраната на Нефи Усеини да достави...
Post Views: 0
Американското обвинителство во сојузната држава Колорадо соопшти во понеделникот дека има намера да бара смртна казна за Џејсм Холмс кој е обвинет дека уби 12 луѓе во текот на полноќна кино во јули 2012 година.
Обвинителот Џорџ Брушлер се обврза дека ќе се советува со семејствата на жртвите пред да ја донесе одлуката за смртната казна на процесот против 25-годишниот Џејмс Холмс, закажан за август.
Обвинителот Бушлер соопшти дека на сослушувањето неговата канцеларија разговарала со вкупно 800 луѓе, преживеани во пукањето, ранетите и семејствата на жртвите и дека лично...
Post Views: 2
Вицепремиерот задолжен за европски прашања Ивица Боцевски денеска и утре ќе престојува во работна посета на Чешка.
Тој попладне во Прага ќе учествува на тркалезна маса на тема „Патот на Македонија кон интеграција во ЕУ“ и ќе има обраќање пред членовите на Чешкиот совет за надворешни односи. Предвидено е вицепремиерот вечер да се сретне и со претставници на македонската дијаспора во Чешка.Во рамки на престојот во Чешка, Боцевски утре ќе оствари средба со вицепремиерот за евроинтеграции на Чешка, Александер Вондра, а ќе разговара и со заменикот-вицепремиер, шеф на Секторот...
Post Views: 1
Се влошува епидемиолошката состојба во Охрид. Градот кој подолго време одолеваше на ширењето на вирусот изминативе неколку дена бележи драстичен скок во бројките во извештаите од Министерството за здравство. Само за една недела во Охрид има 94 новоинфицирани со вирусот Сарс Ков 2. Вкупниот број на активни случаи е 167. Од Центарот за јавно здравје велат дека дел од новите случаи деновиве се од познатите кластери, маркети, фабрики, институции но дел се изолирани случаи.
Општинскиот кризен штаб се нема состанато од 29ти јули кога се координираа активностите на општината...
Post Views: 5
„Македонија на 15 октомври ќе гласа за избор на градоначалници и членови на општинските совети. Собранискиот спикер, Талат Џафери, денеска ги распиша локалните избори, а решението ќе го добие и Државната изборна комисија. Изборната кампања, како што најави тој, ќе започне на 25 септември – дваесет дена пред изборите. Во тој период нема да има пленарни седници, со цел тие да не се претворат во предизборна арена“, рече Џафери. Тој им порача на партиите и институциите да создада услови за демократски изборен процес.
„Во периодот, на денот пред изборите и на самиот ден на...
Post Views: 1
Како последица од глобалното загревање арктичкиот поларен круг најверојатно во следните неколку децении нагло ќе озелени, додека ледените плочи на Антарктикот ќе се шират, се вели во две одвоени научни студии.
На арктичкиот поларен круг, трева, грмушки и дрва се повеќе ќе се појавуваат, потиснувајќи го мразот, поради глобалното загревање, се вели во студија објавена во Нејчер климат чејнџ.Области со шума на Арктикот може да се прошират дури до 52 отсто до 2050 година, додека „линијата на дрвјата“, максимална до која дрвја може да растат – може да се прошири на уште стотина...
Post Views: 3
Владата реализираше над 90 проценти од ветеното во програмата со која ја доби довербата од граѓаните.
Остварени се планираните 183 проекти и мерки и дополнителни 11 проекти, а се интензивирани и претходно почнатите активности за реформи во многу области, истакна во денешното обраќање премиерот Никола Груевски, кој направи пресек на исполнетите владини ветувања од формирањето на владинот кабинет пред сто дена. Премиерот истакна оти во изминатите 100 дена Владата работела секојдевно и посветено на решавање на проблемите на граѓаните и на развој на државата и порача дека...
Post Views: 9
Се соочуваме со многу силен бран на вирусот, што значајно ги оптеретува сите сегменти во здравствениот систем, односно, лабораториските капацитети, тестирањата и болничкото сместување на пациентите, кажа на денешната прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче.Се прават напори да се скрати постапката за набавка на брзи тестови и за обезбедување дополнителни капацитети за тестирање во повеќе институции рече Филипче. Во однос на болничките капацитети, министерот посочи дека во модуларната болница до Инфективната клиника која неодамна почна да прима заразени...
Post Views: 1
Група француски археолози во Судан открија 35 пирамиди стари две илјади години кои иако се многу поскромни од славните египетски пирамиди, имаат голема историска вредност.
Пирамидите се градени при крајот на постоењето на богатото кралство Мерое, меѓу 100-та и 200-та година пред Христа. Откриени се од страна на археолошката екипа предводена од Клод Рили на локалитетот Седеинги.
Некрополата со околу илјада гробници зафаќа површина од околу 40 хектари, а интересно е што некои пирамиди не се повисоки од еден метар. Изградени се од тули, а засега се откопани само една четвртина....
Post Views: 6
Во Центарот за обука (ЦО) „Пепелиште“ и Армискиот полигон (АП) „Криволак“ на Денот за високи гости (ДВД), учесниците на вежбата ,,Македонски Блесок 04“ денеска ќе изведат вежбовни активности, со кои ќе ја демонстрираат нивната обученост и оперативна способност за извршување на мисии предводени од НАТО. Како што е најавено ќе биде презентирана структурата на вежбата, сценариото и реализацијата на активностите.
На полигонот, средниот пешадиски баталјон, четата на воена полиција и хеликоптерскиот детачмент ќе изведат вежба со која ќе прикажат обезбедување на база, приведување...
Post Views: 2
Комисијата за односи со верските заедници во пресрет на периодот во кој голем број на семејства ширум државата ги чествуваат домашните православни празници упатува АПЕЛ до истите, овие празнувања да бидат исклучиво во кругот на членовите на семејството.
Ескалирањето на состојбата со коронавирусот е пропратена со изразена локална трансмисија на вирусот, па секое непочитување на мерките за заштита од здравствените власти и секое собирање на луѓе може да биде погубно.
Секое семејство кое одбележува домашен празник да ја препознае опасноста по јавното здравје кое би ја предизвикало...
Post Views: 1
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска предупреди дека Европјаните во светот нема да можат безбедно да се движат по улица, доколку не се промени ставот кон Турција и ја повика Европа да ги почитува правата и демократијата, објави Ројтерс.
“Доколку Европа продолжи вака, ниту еден Европјанин во кој било дел од светот нема да може безбедно да се движи по улица. Ние како Турција ја повикуваме Европа да ги почитува човековите права и демократијата”, рече Ердоган во изјава за локалните медиуми во Анкара.
Претходните недели турскиот претседател води жестока...