Post Views: 8
Новиот вирус на птичји грип Х7Н9 значително полесно се пренесува од живината на луѓето отколку што беше случај со претходниот вирус од типот Х5Н1, кој беснееше пред десетина години, соопшти Светската здравствена организација.
Научниците и натамуго набљудуваат вирусот Х7Н9 за да утврдат дали тој може да предизвика глобална пандемија, но нагласуваат дека досегашните истражувања покажуваат мала можност овој вирус да почне да се пренесува од човек на човек.
Експертот на СЗО за грип др. Кеиџи Фукуда во Пекинг изјави дека луѓето можат да бидат полесно инфицирани од птиците...
Post Views: 2
Над милион деца годишно се вовлечени во трговија со деца и детска проституција.
Ова го соопшти првата детска амбасада во светот Меѓаши, по повод денешниот Светски ден на заштита од злоупотреба на децата.
„Дури и вработени во почитувани меѓународни организации се најдени виновни што биле инволвирани во сексуална злоупотреба“, се наведува во соопштението на Меѓаши.
Првата детска амбасада, одбележувајќи го денешниот ден, ги повика сите земји членки што ја имаат ратификувано Конвенцијата за правата на детето, да ги преземат сите законски, административни, социјални и образовни...
Post Views: 0
Во текот на изминатото деноноќие (02/03.11.2020 година) на територијата на Република Северна Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 665 прекршоци.
Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид 19.
Post Views: 7
Најмалку 10 лица загинаа во две експлозии во метрото во рускиот град Санкт Петербург, објави државната агенција ТАСС.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека претседателот Владимир Путин бил свесен за извештаите за експлозиите, објави државната ТВ Русија 24.
Сите можни причини за експлозијата во метрото во Санкт Петербург се истражуваат, вклучувајќи ја и можноста за тероризам, изјави рускиот претседател.
„Причините за настанот сѐ уште не се утврдени, па уште е рано да се зборува (за можните причини). Истрагата ќе покаже. Нормално, ќе ги имаме предвид сите варијанти,...
Post Views: 1
Оваа недела поранешен вработен во ОН го опиша вкоренетиот систем на неказнување внатре во организацијата, истата таа што ги казнува тие што ги објавуваат нејзините грешки во работата. Џејмс Вејзерстром американски дипломат, вели дека добил отказ и бил затворен од страна на полицијата на ОН, која му го претресла станот, откако пријавил можна корупција меѓу високи лидери на ОН на Косово.
– Организацијата треба да ги застапува идеалите за човекови права, антикорупција и владеење на правото. Но, од внатре не ги применува, тврди Вејзерстром.
ОН се најдоа на удар на...
Post Views: 1
Голем број Македонци се незадоволни од својот живот (46% – најмногу од сите земји во регионот), како и од нивниот животен стандард.
Ова го покажуваат резултатите од анкетата на Галуп Балкан Монитор, спроведена во земјите од западен Балкан.
Сепак, една третина од Македонците се изјасниле дека чувствуваат подобрување во економијата.
Учесниците во анкетата го осудија коруптивното однесување и се изјаснија дека се релативно задоволни од владините мерки во борба против организираниот криминал (49% се изјаснија дека се задоволни).
Тројца од десет Македонци рекоа дека...
Post Views: 0
Охридската служба за превентивна здравствена заштита на предшколски, школски деца и студенти работи според строго добиени препораки и протоколи добиени од МЗ. Д-р Соња Мариноска, раководител на одделението за вакцинации, информира дека во овој период имунизацијата во општина Охрид тече без проблеми и со почитување на сите протоколи за безбедност од ковид 19.
„Добивме насоки да се нормализира работата да се отпочнат систематските прегледи и имунизацијата. Истовремемо поднесуваме известувања за спроведување на училишна имунизација до МЗ. Даваме извештаи колку ученици се...
Post Views: 2
Во градската болница во Струга нема вакцини за тетанус, реагираат стружани. Објаснуваат дека поради тоа биле приморани оваа вакцина која инаку е многу важна при заштита од рани направени при повреда од железо, метал, стакло и друго, да ја примаат во амбулантата на соседната болница за дијализа или пак на инфективното одделение во Општата болница во Охрид. Оваа вакцина е многу важна при заштита од рани направени при повреда од железо, метал, стакло и друго. Ментор Ибраими, директорот на болница Струга, е свесен за овој проблем и за потребите на пациентите кои за една...
Post Views: 0
Американецот Ерик Џастин Тот, осомничен за злоставување и порнографски снимки со деца е уапсен во Никарагва, објави ФБИ.
Тот бил меѓу десетте најбарани криминалци на списокот на ФБИ по убиството на Осама бин Ладен.Тој бил учител во основно училиште во Вашингтон, а разоткриен е во 2008 година кога бил пронајден училишниот фотоапарат којшто го користел, а на кој имало порнографски фотографии со деца.
Тот после тоа исчезнал, а ФБИ тргна по негова потрага. На листата на најбарани бегалци го замени убиениот водач на Ал Каеда, Осама бин Ладен, а за информација за него ФБИ...
Post Views: 0
“Глобална Недела на Претприемништво”, свечено беше отворена вчера во Скопје.
Од 17 до 23 ноември 2008, милиони луѓе ќе учествуваат во илјадници настани, организирани низ стотици градови ширум светот, со единствена цел – создавање иднина низ претприемништво – создавање нова, наредна генерација претприемачи во светот, инспирирајќи ги да творат низ работа, преку работа во кластери, преку користење на интернетот и други најразлични форми на поврзување.
Неделата на претприемништво во Скопје ќе ја отвори Вицепремиерот Зоран Ставревски, а свои обраќања ќе да имаат и министерот...
Post Views: 2
Вевчани направи дневна болница за лекување на пациенти со корона вирусот. Поради зголемениот број на заболени деновиве во Здравствениот дом „Доктор Светозар Чочороски“ преадаптирани се некои одделенија и поставени се десетина нови кревети. Пациентите позитивни или сомнителни на ковид-19 од Вевчани и околните струшки села Лабуништа, Татеши, Велешта, Октиси, Подгорци, Јабланица добија безбеден и изолиран простор за лекување. „Поентата ни беше да помогнеме на Струга и Охрид да се олесни работата Станува збор за пациенти со лесна до средна клиничка слика, не...
Post Views: 3
Вработените во „Луфтханза“ рано утрово започнале штрајк како предупредување поради што се откажани околу 1.700 летови.
Патниците биле навреме предупредени, па на аеродромот во Франкфурт нема голем метеж.
„Терминалот е празен, бидејќи најголемиот број на патници беа предупредени за штрајкот“, пренесуваат медиумите, кои пишуваат дека од овој штрајк се посебно погодени патниците кои планирале да летаат во Европа.
„Луфтханза“ ги советувала патниците да се информираат преку Интернет и телефон околу статусот на нивните летови, а за сообраќај низ Германија, како алтернатива...