Post Views: 3
И додека во сите здравствени установи во земјава , главниот фокус е ставен на преадаптација на болничките капацитети за лекување на пациенти заболени со корона вирусот, во Струга е извршена хируршка операција и отстранет е тумор на матка тежок пет килограми. Лекарите велат и покрај панедмијата со ковид 19, пацинетите мора да водат грижа за своето здравје и да се штитат од другите редовни болести. Операцијата на огромната туморозна маса е извршена кај 45 годишна жена од Струга.
„Ја сработивме се` беше добро пациентката ја пуштивме дома во добра кондиција на домашно...
Post Views: 6
Тројца Тибеќанци се самозапалија во знак на протест поради кинеската власт во хималајската област и им подлегнаа на повредите, соопшти асоцијацијата „Слободен Тибет“, чие седиште се наоѓа во Лондон.
Двајца будистички монаси, на 20 и 23 годишна возраст, се самозапалија синоќа во манастир во југозападната кинеска провинција Сачуан, додека во вторникот 23-годишна девојка се самозапали во истата провинција.
– Сите Тибеќанци, кои си го одземаат животот на овој начин, го прават тоа бидејќи чувствуваат дека немаат друг начин Кина и светот да ги слушнат нивните повици...
Post Views: 15
Охрид денеска и утре е домаќин на петтиот Регионален економски форум на претседателите на државите од Југоисточна Европа 2008 (РЕФ СЕЕ), што годинава се оддржува под покровителство на претседателот на Република Македонија Бранко Црвенковски.
Учеството на Форумот го потврдија претседателот на Хрватска Стипе Месиќ, на Црна Гора Филип Вујановиќ, на Бугарија Георги Прванов, на Албанија Бамир Топи, членот на Претседателството на Босна и Херцеговина Небојша Радмановиќ, високи претставници на влади, на водечки компании, банки и деловни асоцијации, како и припадници на академски...
Post Views: 1
Од министерството за здравство информираа дека почнувајќи од денес за влез во угостителските објекти, затворените шопинг центри и други објекти од затворен тип е потребно сертификат за извршена имунизација, со две дози на вакцина против заразната болест ковид-19 или сертификат за прележан ковид-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето. Инаку, досега за влез во објекти беше доволна една примена доза од вакцината против ковид-19. Експертите сметаат дека одржувањето на социјалната дистанца и носењето на заштитна опрема и одржувањето на хигиената останува...
Post Views: 2
Како што се зголемува бројот на заразени охриѓани со корона вирусот расте и бројот на хоспитализирани лица во Општата болница кои развиваат потежок облик на болеста Ковид-19. Во моментов се згрижени 71 пациент од кои 10 се суспектни на вирусот односно се чека резултат од тест. На кислородна поддршка се 15 пациенти.
„Имаме уште 4-5 слободни кревети. Охрид има огромен број позитивни и секој ден доаѓаат граѓани, а на нас како болница е сите пациенти со потешка клиничка слика да ги згрижиме. “ вели директорот на ЈЗУ Општа болница – Охрид, д-р Горан Балевски.
Половина ...
Post Views: 5
Во пресметка во Илиноис убиени пет лица меѓу кои и две деца.Според зборовите на полицијата, убиени се една 65 годишна жена, нејзината ќерка со дечкото и нивните две деца на возраст од една и пет години. Едно дете на возраст од седум години е потешко рането.
Пукањата се случиле во местото Манчестер, 136 километри од Сент Луис, околу 4;30 часот по локално време. Неколку школу се веднаш затворени. Локалните медиуми објавиле дека осомничените за ваквиот напад починале во болница по пресметката со полицијата.
{loadposition content9}
Post Views: 1
Министерот за образование и наука Перо Стојановски денеска ќе оствари работна средба со ректорите, директорите и деканите на приватните високообразовни установи во Република Македонија.
Тема на работниот состанок ќе биде „Состојбата во приватните високообразовни установи во Република Македонија“.
{loadposition content9}
Post Views: 10
Во Општина Дебрца, Директорот на АЕРСМ, г-дин Нехри Емрула ги предаде првите решенија за регистрација на фотоволтаични соларни системи кој се реализира преку Министерството за финансии со грант средства од Европската комисија во рамките на ИПА фондот за рурални инвестиции на Европската комисија за реконструкција и развој за Проектот за подобрување на општинските услугите (МСИП) и дел од добиените средства од овој грант ги искористи за: Проектирање и изградба на фотоволтаични соларни системи во рурални општини.
Решенијата ги примија Градоначалникот на Општина Дебарца,...
Post Views: 7
Собранието денеска едногласно, со 82 гласови „за“ го донесе Законот за стечајни работници. Со законот се овозможува околу три илјади луѓе да добиваат месечен надомест од по 7.596 денари, односно 34 проценти од просечно исплатената месечна нето плата минатата година. Тоа ќе го чини буџетот околу пет милиони евра годишно.
Невработените лица опфатени со законот треба да имаат најмалку 15 години стаж во претпријатијата со доминантна сопственост на државата, а таму работниот однос да им престанал по основ на стечај, ликвидација или технолошки вишок, заклучно со 30 јуни годинава....
Post Views: 1
Франција вчера стана 14-тата земја во светот која го легализирала склопувањето на истополовите бракови, откако парламентот го усвоил законот со кој на лицата од ист пол им се дозволува да се венчаат и да посвојуваат деца.
Како и изминатата недела, така и оваа, француското општество максимално се подели по прашањето за истополови бракови. Еден полицаец е повреден во главата, додека гневните демонстранти фрлаа петарди, шишиња и камења.Тензиите во Франција не се смирија ниту откако парламентот го усвои законот за истополови бракови, а полицијата повторно се судри со група...
Post Views: 3
Шест милиони садници, на над 100 локации ќе бидат засадени денеска ширум земјата, во рамки на акцијата Ден на дрвото.
Денешниот ден за сите вработени во министерствата, судовите, јавните претпријатија и сите други буџетски установи ќе биде неработен, а ќе се одработува во сабота.
Нема да работат ниту училиштата, дел од градинките, додека во болниците ќе има дежурства.
Акцијата „Ден на дрвото“ се одржува втора година и има за цел да се зголеми шумскиот потенцијал во Македонија, што секоја година е десеткуван поради шумските пожари.
Иницијатор на акцијата е познатиот оперски...
Post Views: 3
Советниците треба да изгласаат измени на неколку програми од сферата на локалниот економски развој ,туризмот ,култура, спорт и рекреација, образование, детска заштита, заштита на животната средина, комуналната сфера за 2019 2021 год како и развојната програма за изградба на системи за водоснабдување и за изградба на системи за одведување и пречистување на отпадна вода, за изработка на урбанистички планови на територијата наопштина Охрид 2020 до 2022. Со што советниците ќе направат изменување и дополнување на општинскиот буџет за 2020 година.
Пред советниците ќе се најдат...