Post Views: 2
На потегот кон Велестово е фотографиран граѓанин како од возилото вади отпад и го остава покрај патот. Случајниот минувач кој го регитрирал несовесното однесување ги објавил фотографиите на социјалната мрежа фејсбук на кои се гледаат регистарските таблички на возилото. Отпадот од локацијата уште истиот ден го подигнале од еколошкото здружение Еко Фап. Од ЈП Охридки Комуналец велат дека сликите за овој случај пристигнале и до нив и ги доставиле до Општинскиот комунален инспекторат.Портпаролот на локалната, пак, за овој случај негира дека до општинските служби пристигнала...
Post Views: 7
Над 2.200 патници на луксузниот крузер Ројал Карибиен предвреме го завршија патувањето, откако на бродот изби пожар. На бродот се наоѓале и 796 членови на екипажот.
Ниту еден од патниците не е повреден, а инцидентот се случил вчера околу три часот наутро додека крузерот бил на Бахамите.Меѓу патниците завладеала паника, па многу од нив ги напуштиле собите, облекле појаси за спасување и се подготвиле за евакуација.
Бидејќи пламените јазици не зафатиле голем дел од бродот, пожарот брзо бил ставен под контрола и изгаснат.
Од компанијата соопштија дека сите патници со чартери...
Post Views: 3
Верниците од муслиманската веросиповед денеска го слават празникот Курбан Бајрам.
Со утринската молитва сабах-намаз, а потоа и со молитвата бајрам-намаз почнува тридневна прослава, во која почитта кон Алах муслиманите ја искажуваат со колење курбан. Курбан Бајрам е 70 дена по првиот Бајрам во годината, Фитр Бајрам, а го обележува денот кога е комплетиран Светиот куран.Хуманизмот, хармоничните односи меѓу луѓето, меѓу човекот и светот и стремежот кон мир и благосостојба, како основни принципи на Исламот, на Бајрам се исполнуваат со посетување на роднините и пријателите...
Post Views: 2
Денот по Прочка е чист понеделник кога почнува големиот велигденски пост. На овој ден се чисти куќата, децата и возрасните се бањаат, шишаат и бричат. Особено се внимава садовите за храна да се измијат и испоснат од мрсното. Во минатото тоа се правело со брашно или пепел и со подолго вриење.
За време на велигденските пости покрај вообичаените конзумирања храна од растително потекло, житарици, зеленчук и овошје, постојат и одредени карактеристични продукти што се подготвуваат само во одредени денови за време на постите.
Во текот на седумнеделниот период на Велигденскиот...
Post Views: 0
Шеесеттина здравствени работници од охридско струшко се позитивни на корона вирусот. Во Охридската болница моментално има 20 заболени доктори, медицински сестри и болничари и уште толку во изолација. Во струшката се околу десеттина, исто толку во Заводот за дијализа во Струга , во специјалната болница за кардиологија „Свети Стефан“ пет медицински лица се позитини на корона. Во болницата за ортопедија и трауматологија „Свети Еразмо“ има 4 заболени здравствени работници.
И покрај високите бројки во болниците засега нема проблемисо персонал и болнички кревети.
-„Имаме...
Post Views: 2
Властите во Чиле и Аргентина издадоа наредба повеќе од 3.000 луѓе кои живеат во близина на вулканот Копахуе што побрзо да се евакуираат.
Ерупцијата според властите, може да се случи секој момент.
Чилеанскиот министер за надворешни работи изјави дека сите кои живеат во радиус од 25 км. околу вулканот мора да заминат.
Аргентинските власти евакуираа околу 800 луѓе од својата страна на границата. Вулканот исфрла гасови, но не и пепел.
{loadposition content9}
Post Views: 8
Претседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски денеска и утре ќе престојува во работна посета на Република Полска.
Македонскиот премиер во Гдањск ќе присуствува на Конференцијата по повод 25-годишнината од доделувањето на Нобеловата награда за мир на поранешниот полски претседател Лех Валенса.
Според најавите, на конференцијата ќе присуствуваат претседателот на Франција Никола Саркози, претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо, премиерот на Унгарија Ференц Ѓурчањ, претседавачот на Комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент...
Post Views: 7
На 14.11.2021 година од 10 до 15 часот, при извршени зајакнати сообраќајни акциски контроли, полициските службеници затекнале и санкционирале 41 возач на моторни возила што управувале со поголема брзина од дозволената (Охрид- 11, Струга-30).
Истовремено, од сообраќај се исклучени 3 возачи кои управувале моторно возило под дејство на алкохол (Охрид-01, Струга-02). – информираат од СВР Охрид.
Post Views: 0
Ова среда ви претставуваме осум нови наслови кои уште од денеска ќе можат да се позајмат во Библиотеката.
Се работи за дела од домашни и странски автори кои имаат интересен, впечатлив и привлечен раскажувачки стил. Прва на листата е книгата „Каде е Елизабет?“од Ема Хили која во светски познатиот Sunday Times е најавена како бестселер од авторката и добитник на наградата Costa за 2014 г. Во денешната понуда се и книгите: „Марсовецот“ од Енди Вир, „Паралел“ од Верица Ацеска, биографијата на Фрнац Кафка од Макс Брод, „Јапонски бајки“ – Јеи Теодора Озаки, „Елеганцијата...
Post Views: 5
Нов вооружен инцидент во САД. Вооружен напаѓач во Тексас убил двајца, а ранил пет луѓе откако испукал повеќе куршуми од неговиот камионет.
Меѓу повредените е и шерифот на Кончо Каутрија, каде се случил инцидентот.
Напаѓачот е убиен во престрелка со силите за безбеност, соопштија официјални лица.
{loadposition content9}
Post Views: 2
Македонската православна црква (МПЦ) изрази сочуство до Руската православна црква (РПЦ), во првата реакција по повод смртта на рускиот патријарх Алексеј Втори.
„Во овој момент изразуваме длабоко сочуство до Руската црква и до рускиот народ по повод смртта на патријархот Алексеј Втори’, изјави за Макфакс митрополитот дебарско – кичевски на МПЦ на Тимотеј.
Официјално обраќање на Македонската црква ќе има откако ќе заседава Светиот архиерејски синод.
{loadposition content9}
Post Views: 0
Во текот на изминатото деноноќие (10/11.11.2020 година) на територијата на Република Северна Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 569 прекршоци.
Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид 19.