Шеесеттина здравствени рaботници од охридско струшкиот регион позитивни на корона

Шеесеттина здравствени работници од охридско струшко се позитивни на корона вирусот. Во Охридската болница моментално  има 20  заболени доктори, медицински сестри и болничари   и уште толку во изолација.

 |  Соња Рилковска  | 

Шеесеттина здравствени работници од охридско струшко се позитивни на корона вирусот. Во Охридската болница моментално  има 20  заболени доктори, медицински сестри и болничари   и уште толку во изолација. Во струшката се околу десеттина, исто толку  во Заводот за дијализа во Струга , во специјалната болница за кардиологија „Свети Стефан“  пет медицински лица се позитини на корона.  Во болницата  за ортопедија и трауматологија „Свети Еразмо“ има   4 заболени  здравствени работници.

И покрај високите бројки во болниците засега нема проблемисо персонал и болнички кревети.

-„Имаме можност за дваесет и пет нови кревет ако требаат. Ние сме организирани тие што не се зависни од кислород да примаат терапија дома многу. И во дневната болница третирамем горе се лекуваат само оние кои се зависни од кислородна терапија“, веми Мухамед  Асани директор на струшката болница.

Здравствените работници треба да бидат крајно внимателни, повеќето се заразуваат надвор од работното место.

„ Нема веќе контакти, нема веќе кластери секој може да се зарази и навистина е потребна голема серизност и договорност од секој поединец да носи маска , да држи дистанца. Да не биде во група во повеќе од двајца луѓе“ , вели Сашо Точков директор на Центар за јавно здравје.
Покрај вработените во јавното здравство има заболени од корона вирус и во приватното, матични лекари и стоматолози од двата градови.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top