Недоволна еколошка свест и едуцираност имаат и младите и повозрасните граѓани

Post Views: 6 Жално е што младите, но и повозрасните граѓани се мошне слабо информирани како да придонесат во заштитата од климатските промени, информираат еколозите од ЕД Грашница. Ова е генералниот заклучок од средбите кои ги имале со граѓани и ученици во рамките на проектот кој го спроведувале на тема „Иднина за климата, одлучи, дејствувај“. Целта на поректот е едукација на граѓаните, земјоделците и учениците за заштита на климатските промени, вели Борис Џајкоски член на ЕД Грашница. Младите покажаа интерес за темата , но и доста не информираност. Екологистите предлагаат образовни...

Continue reading

Вонредната состојба во Турција продолжена и протести на улиците

Post Views: 5 Вонредната состојба во Турција беше воведена по обидот за пуч во јули минатата година. По седницата на турскиот Национален совет за безбедност вчеравечер во Анкара, државната агенција Анадолу објави дека Советот образложил оти вонредната состојба ѝ служи на „заштитата на нашата демократија, правната држава, како и правата и слободите на граѓаните“. Формално за продолжувањето на вонредната состојба уште за три месеци согласност треба да даде и парламентот, кој денеска треба да одржи седница. Согласноста важи за сигурна со оглед на тоа што партијата на Ердоган, АКП, има...

Continue reading

демонстранти

Демонстрации во Истанбул, десетици повредени

Post Views: 9 Десетина лица се повредени во насилна интервенција на специјалната полиција рано во петокот против неколку стотици демонстранти кои со денови кампуваа во паркот во центарот на Истанбул, протестирајќи против планот на урбанизацијата, јави AFP.  Полицајците употребија солзавец со намера во зора да ги дислоцира протестантите од Гези Паркот на Плоштадот Таксим, централен плоштад во европскиот дел на најголемиот турски град. Демонстрантите кампуваа цела недела во паркот протестирајќи против планот за урбанизација кој предвидува уривање на стебла во паркот и изградба на нов...

Continue reading

U.N

Меѓународен ден на човековите права

Post Views: 3 Во Македонија денеска започнува одбележувањето на 10 декември – Меѓународниот ден на човековите права. По тој повод на Правниот факултет „Јустинијан Први“ вечер ќе се одржи дванаесетата ораторска вечер „Иво Пухан“. Утре ќе се одржи академија на која ќе зборува американскиот амбасадор во Македонија Филип Рикер, а настап ќе има и најдобриот оратор. Во организација на невладината организација „Цивил“ денеска во Младинскиот културен центар ќе биде организирана целодневна манифестација по повод одбележувањето на Меѓународниот ден на човековите права и 60 години од...

Continue reading

761 санкција за неносење маска

Post Views: 0 Во текот на изминатото деноноќие (11/12.11.2020 година) на територијата на Република Северна Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 761 прекршок. Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид 19.

Continue reading

Во Вевчани ќе се гради фабрика за производство на вода

Post Views: 2   Вевчанските извори препознатливи по својата убавина и заштитени како ретко природно богатство ќе добијат уште едно значење, дел од нив ќе се искористува за производство на флаширана здрава вода. Вевчанскиот градоначалник Цветомир Угриноски открива дека веќе неколку странски компании биле заинтересирани да инвестираат во изградба на фабрика. „Во последно време во Вевчани беа дојдени професори од Лондон кои зедоа и примерок од водата да ја испитаат, тоа беше во ноември месец тие беа и сега во јануари 7 дена се заинтересирани за фабриката за вода за пиење и флаширање“. Угриноски...

Continue reading

ucenje na sveka

Повеќе од една милјарда луѓе во светот живеат без струја

Post Views: 1 Помеѓу во 1990 година и 2010 процент на луѓе без електрична енергија во светот опадна од 24 проценти на 17 проценти, но ова подобрување останува недоволен. Околу 1,2 милијарди луѓе во светот живеат без електрична енергија a уделот на обновливите извори на енергија во глобалната потрошувачка е само малку зголемен во изминатите дваесет години, се вели во извештајот на Светската банка и Меѓународната агенција за енергетика. “Скромен напредок е направен уште од 1990 во пристапот на протокот, зголемување на учеството на обновливите извори на енергија и подобрување на енергетската...

Continue reading

Bernar Kusner

Името е услов и за безвизен режим

Post Views: 7 Укинувањето на визите за македонските граѓани зависи од името, изјави синоќа во Брисел шефот на француската дипломатија Бернар Кушнер, чија земја го привршува претседавањето со ЕУ. Без разлика дали станува збор за напредокот кон ЕУ или за укинување на визниот режим Македонија треба да го реши спорот за името со Грција, неколку пати повтори Кушнер на конференција за новинари во Брисел, пренесе Алсат-М телевизија. „Не можам, а да не додадам дека проблемот на Македонија е името. И искрено можете да ми поставувате прашања за визите или за напредокот, се додека не го решите...

Continue reading

НОВИ ЗАКЛУЧОЦИ И ПРЕПОРАКИ ОД КРИЗНИОТ ШТАБ НА ОПШТИНА ОХРИД

Post Views: 1 Кризниот штаб на Општина Охрид одржа состанок на кој зедоа учество сите постојани членови како и раководителите на дел од секторите во општинската администрација. На состанокот беа донесени следните заклучоци: Според податоците на надлежните здравствени институции, до денес во Охрид има регистрирано 410 активни случаи кои се позитивни на корона вирусот КОВИД 19. Во Општата болница во Охрид се згрижени вкупно 94 пациенти од кои 24 пациенти се на кислородна поддршка. Поради зголемениот прилив на заразени на кои им е потребен болнички третаман веќе е направена реорганизација...

Continue reading

ВМРО НП категорично против изградбата на експресниот пат на Галичица

Post Views: 5 ВМРО НП категорично против изградбата на експресниот пат на Галичица. Според нив овој проект е само уште еден обид на моќниците од ВМРО-ДПМНЕ, на неуставен и противправен начин да се стекнат со имот кој е во сопственост на РМ, на граѓаните или на МПЦ и тоа имот кој е дел од најатрактивните крајбрежни зони на Охридското Езеро и Националниот парк Галичица.  Изградбата на експресниот пат и ски центарот на Галичица се само параван зад кој се кријат лични интертеси на локални и државни моѓници кои имаат за цел да се изградат четирите најавени хотели кај автокампот Градиште,...

Continue reading

logo

Ќе се мират Северна и Јужна Кореа

Post Views: 2 Северна Кореја и предложи на Јужна Кореја мировен договор како замена за договорот за примирје потпишан во крајот на Корејската војна во 1950-1953 година. Во статија објавена во весникот на владејачката партија Нодон шинмун се наведува дека таков документ „ќе придонесе за постигнување стабилност на Корејскиот полуостров“. Северна Кореја и порано предлагала на САД и Јужна Кореја да потпишат договор за мир наместо договорот за примирје кој според Пјонгјанг „постои само на хартија“, но добиваше негативен одговор. {loadposition content9}

Continue reading

Sv.Kliment

Во Македонија денеска се празнува Денот на св. Климент Охридски

Post Views: 3 Втора година по ред Денот на св. Климент Охридски – 8 Декември во Македонија е државен празник, со кој се одбележува делото на првиот оригинален словенски писател и просветител, првиот словенски епископ и творец на Охридската книжевна школа. Заедно со Наум Охридски, тој е најистакнат ученик на творците на словенската писменост, светите браќа Кирил и Методиј, и најверен продолжувач на нивното дело. Ги придружувал дваесетина години во просветителската мисија за одбрана на словенскиот јазик во Велика Моравија. По повод празникот, во Собранието денеска ќе биде врачена...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top