Post Views: 26
Инженерите во Италија успешно го исправија крузерот Коста Конкордија кој пред 20 месеци се насука во близина на островот Џиљо во Италија, пишува BBC.
Според инженерите, биле потребни огромни напори за да се исправи крузерот, а операцијата која почна вчера наутро, траеше до доцните вечерни часови.
Во текот на процесот биле користени лостови, челични кабли и метални кутии исполнети со вода, за да се исправи и постави бродот на платформата.Во несреќата на Коста Конкордија настрадаа 32 луѓе, а телата на две жртви се уште не се пронајдени, па нивните фамилии се надеваат...
Post Views: 7
Собранието на Република Македонија денеска ќе ја одржи 41-та седница на чиј дневен ред е второто читање на дополнетиот Предлог-буџет на Република Македонија за 2009 година.
Пратениците ќе одлучуваат и по предлог – одлуките за испраќање припадник на Армијата на Република Македонија за учество во мировна операција на ЕУ во Босна и Херцеговина ЕУФОР, Алтеа и за испраќање на единица на АРМ за учество во мировна операција во Авганистан.
На дневниот ред на седницата е и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за приватизација и закуп на градежно земјиште...
Post Views: 1
Започнаа градежните активности за комплетна реконструкција на улицата „Марко Цепенков“ на потегот од кружниот тек на улица „Момчило Јорданоски“ до пресекот со улицата „Прва Македонска ударна бригада“ кај „Стобекс“.
При денешната теренска посета на улицата, градоначалникот Константин Георгиески потенцираше дека ова е уште еден од низата значајни инфраструктурни проекти, кои оваа година се реализираат во Општина Охрид.
– Оваа улица долги години наназад беше во многу лоша состојба и претставуваше навистина голем проблем за жителите на населбата “Видобишта”. Нејзината реконструкција...
Post Views: 0
Вооружен напаѓач уби 12 лица, а повреди десетици во комплекс на Морнарицата во Вашингтон, пред да биде елиминиран од полицијата.Полицијата го идентификува напаѓачот како поранешен армиски работник под договор, Арон Алексис од Форт Ворт, сојузната држава Тексас. Засега не се знае како успеал да влезе во комплексот без соодветна пропусница и кој бил неговиот мотив. Градоначалникот на Вашингтон, Винсент Греј, изјави дека нема причина да се верува дека се работи за терористички напад
Полицијата и ФБИ првично мислеа дека има други двајца напаѓачи, но подоцна соопшти дека...
Post Views: 20
Спотот „Македонија-вечна“ на режисерот Милчо Манчевски денеска ќе биде промовиран во Скопје, а од утре планирано е да започне неговото емитување на Си-Ен-Ен.
Видеото е првото од серијата рекламни спотови за туристичка промоција на Македонија во светот. Планирано е спотот да се емитува во десетина земји на осум светски јазици.
Во Музејот на современа уметност денеска ќе биде промовирана и интернет страницата за поддршка на кампањата
„Македонија-вечна“ почна да се снима во октомври, на локации во Преспа, Велес, Прилеп, Крушево, Охрид, манастирот Св. Јован Бигорски, Кокино,...
Post Views: 1
Владата даде зелено светло за апликацијата за номинирање на Охридско Езеро и Студенчишкото блато за место во Светската Рамсар Листа. Министерство за надворешни работи во соработка со Министерство за животна средина и просторно планирање ќе треба да отпочнат постапка за да достават апликација за номинирање на Охридско Eзеро до Секретаријатот на Рамсарската конвенција. Влатко Трпевски, раководител на секторот за природа при Министерството за животна средина и просторно планирање, за ТВМ изјави какво е значењето за Охридското Езеро ако се најде на Рамсар листата заштитени...
Post Views: 4
Со 41 глас „за“, 14 „против“ и еден „воздржан“ Собранието го усвои Предлог Законот за изменување на Законот за заштита од пушењето по скратена постапка.
Со измените, како што кажа при образложувањето на Предлог законот еден од предлагачите, пратеникот Томислав Тунтев, е предвидено да биде дозволено да се пуши на тераси, бавчи и платформи надвор од угостителските објекти и кога тие се затворени поради временските услови. Тој кажа дека не се бара да се укине забраната за пушење во јавните институции, установи, автобуски станици, канцеларии и други затворени простории.
„Ниту...
Post Views: 6
Со човечки синџир кој се протегаше низ Каталонија, стотици илјади луѓе бараа отцепување на овој регион од Шпанија.
Под слоганот „каталонскиот пат кон независност“ тие бараат основање сопствена држава во економски најсилниот регион на Шпанија, во кој живеат околу 7,6 милиони луѓе. Човечкиот синџир беше подолг од 400 километри и се протегаше од Пиринеите, преку Герона, Барселона, Тарагона, се‘ до границата со соседниот регион Валенсија.
Акцијата на Каталонците беше организирана од сепаратистичката иницијатива Каталонско Национално Собрание (АНЦ). Претседателот на АНЦ,...
Post Views: 3
Малопродажната цена на бензините Евросупер 95 и МБ-96 ноќеска на полноќ поевтинува за 1,5 денари, на Евросуперот-98 за два денари, а на дизелот и Екстралесното за четири денари.
Согласно одлуката што денеска ја донесе Регулаторната комисија за енергетика на Македонија, новата цена на Евросупер 95 изнесува 48,50 ден/лит, на Евросуперот-98 е 49,50 ден/лит и на МБ-96 изнесува 51,50 ден/лит.
Новата цена на Еуродизелот (Д-Е IV) изнесува 43,50 ден/лит, на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ) 32,00 ден/лит и на Екстра лесно масло за домаќинство-1 (ЕЛ-1) изнесува 32,50...
Post Views: 0
Во текот на изминатото деноноќие (17/18.11.2020 година) на територијата на Република Северна Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 725 прекршоци.
Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата, со цел справување со ковид-19.
Post Views: 1
22 лица загинаа, меѓу кои и деца, а 59 се повредени во експлозија која се случи на завршување на концертот на пејачката Ариана Гранде во Манчестер, изјави шефот на полицијата Јан Хопкинс.
Според него, полицијата е уверена дека напаѓачот кој ја активирал бомбата загинал во експлозијата и дека само тој го извршил нападот. Тој информираше дека напаѓачот носел импровизирана експлозивна направа и дека истрагата ќе утврди дали бил дел од терористичка мрежа.
Доколку се потврди дека станува збор за тероризам тоа ќе биде најсмртоносниот напад во Британија од јули 2005 година...
Post Views: 2
Американскиот државен секретар Џон Кери и неговиот руски колега министерот за надворешни работи Сергеј Лавров денеска во Женева ќе ги започнат разговорите посветени на рускиот планза решавање на сириската криза со хемиското оружје.
Според американските власти, се очекува преговорите во Женева да траат два дена.Во меѓувреме петте постојани членки на Советот за безбедност на ОН разговараа за француската предлог резолуција и го повикаа претседателот на Сирија Башар ал Асад да се откаже од употребата на хемиско оружје.
{loadposition content9}