Post Views: 0
Членовите на терористичката мрежа која го изведе нападот во Манчестер би можеле да побегнат било каде во Британија и да имаат пристап до материјали за изработка на бомби, сметаат извори од безбедносните сили.Особено цел би можеле да бидат помалите градови во кои не се присутни значителен број на полицајци.
Полицијата и безбедносните агенции се обидоа, со голем успех, да ја разоткријат ќелијата која му помогна на Салман Абеди да изведе масовно убиство, пишува Independent, но напоменуваат дека сеуште не се пронајдени и уапсени сите актери.
Се смета дека неколку соработници...
Post Views: 10
Во Швајцарија просечниот износ на нето финансиската актива по жител, на крајот на минатата година изнесувал 141.890 евра, со што тие се најбогатите, пред САД и Јапонија, покажува истражување кое опфатило 50 земји во светот.
Во студијата која се занимава со имот и задолженост по жители, а која ја спрoвела осигурителната куќа „Алијанс“ се наведува дека во Европа второто место го зазела Белгија, со просечен вреден имот од 73.520 евра по жител.
Порастот на бруто вредноста на имот на Швајцарците, минатата година, изнесувал 6,2 отсто, додека нивниот нето имот забележал пораст...
Post Views: 0
Припадниците на полкот за специјални операции на АРМ денеска ќе донираат средства на социјално загрозени семејства во Скопје, Велес и Прилеп.
Донацијата се состои од прехранбени артикли кои се составени од исхраната на припадниците на полкот за специјални операции.
Средствата кои ќе се донираат ќе бидат донесени во центарот за социјални работи во Скопје, од каде ќе биде организирана нивната дистрибуција.
{loadposition content9}
Post Views: 2
Изречена парична казна за лицето кое направи мини депонија растоварајќи го ѓубрето од својата викендичка на патот кон Велестово. Лицето беше фотографирано од случаен минувач кој го затекнал како се ослободува од домашниот отпад на недозволена локација во рамките на НП Галичица. Фотографиите беа доставени до ЈП „Охридски Комуналец“, а потоа и до општинскиот инспекторат и СВР Охрид.
„Идентификувано е лицето кое го оставило шутот во НП Галичица.Направен е записник на лице место , записник со сторителот и е издадено решение и налог за глоба. Целосно е завршена целата постапака....
Post Views: 2
Кениската војска утринава изврши уште еден напад врз терористите во трговскиот центар во Најроби каде веќе два дена трае крвава заложничка драма. Во нападот учествуваат и израелски командоси а владата соопшти дека најголем дел од трговскиот центар веќе е во рацете на војската, како и дека поголемиот дел од заложниците се ослободени.
Кениската војска утринава изврши уште еден напад врз терористите во трговскиот центар во Најроби каде веќе два дена трае крвава заложничка драма. Во нападот учествуваат и израелски командоси а владата соопшти дека најголем дел од трговскиот...
Post Views: 2
Македонското Собрание со 64 гласа „за“ и девет против вчера попладне го изгласа Буџетот за 2009 година.
Според Буџетот, на име расходи се планирани 164 милијарди и 215 милиони денари, на приходи 153 милијарди и 215 милиони денари, а буџетскиот дефицит е на ниво од 2,8 отсто во однос на планираниот БДП.
Поголем дел од парите од Буџетот ќе бидат наменети за исплата на субвенции на земјоделците, за капитални расходи, за изградба на повеќе патни правци во државата, за експропријациски активности на коридорите 8 и 10, како и за изградба на магистрални патишта.
Во Буџетот...
Post Views: 0
Во текот на изминатото деноноќие (19/20.11.2020 година) на територијата на Република Северна Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 722 прекршоци.
Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид 19.
Post Views: 1
Се работи за темелна санација на стариот Културен дом во Лешани, кој ќе прерасне во подрачно Основно училиште во рамките на ОУ “ДЕБРЦА” с.Белчишта, реконструираниот објект ќе значи комплетно нови услови како за учениците, така и за наставниот кадар.
Во рамките на објектот ќе има посебно одвоен простор кој ќе биде на располагање за локалното население, со што ќе добијат простор каде што ќе можат меѓусебно да се дружат, да организираат разни манифестации, средби и состаноци.
Согласно динамиката на изведување на работите, досега е изработена армирано-бетонската конструкција...
Post Views: 5
Демохристијанската унија на Ангела Меркел убедливо победи на вчера одржаните парламентарни избори во Германија, но актуелната канцеларка сепак нема апсолутно мнозинство поради што ќе мора да формира владина коалиција со некоја од помалите партии.
Демохристијанската унија на Ангела Меркел убедливо победи на вчера одржаните парламентарни избори во Германија, но актуелната канцеларка сепак нема апсолутно мнозинство поради што ќе мора да формира владина коалиција со некоја од помалите партии. Нејзиниот досегашен партнер Либерално-демократската партија не успеа да го мине...
Post Views: 1
Собранието на Република Македонија денеска трeба да ја продолжи 41. седница со расправа за Предлог-буџетот за 2009 година.
Буџетот за наредната година е планиран да изнесува 164 милијарди и 215 милиони денари. Приходите се проектирани на 153 милијарди и 215 милиони денари, а дефицитот е 11 милијарди и 584 милиони денари што е 2,8 отсто во однос на планираниот БДП.
Собраниската дебата за буџетот почна минатата среда, а продолжи во петокот. Според новиот Деловник на Собранието, пратениците треба за три дена да ја завршат расправата и да ја го донесат буџетот за 2009 година....
Post Views: 2
Владата на Република Северна Македонија вечерва ја одржа 22-та седница со цел да ја отпочне постапката согласно препораката од Советот на безбедност за прогласување кризна состојба на целата територија на Република Северна Македонија, со цел ефикасно справување со последиците од кризата заради КОВИД-19.
Во таа насока, согласно Законот за управување со кризи на вечерашната седница Владата донесе решение за изменување на Решението за именување членови на Групата за процена, со кое за членови на оваа група се именуваат Стојанче Ангелов, вршител на должност директор на Центарот...
Post Views: 3
Дванаесет луѓе меѓу кои и едно тригодишно дете се тешко повредени во пукотници кои се случиле синоќа во Чикаго.
Дванаесет луѓе меѓу кои и едно тригодишно дете се тешко повредени во пукотници кои се случиле синоќа во Чикаго. По пукотницата, тројца од повредените и детето биле итно пренесени во болница во доста критична состојба.
На терен излегле околу 60 полицајци и 10 возила на итната помош на едно од кошаркарските игралишта во Чикаго каде се случила престрелката. Се трага по напаѓачите, а мотивот за нападот се уште не е познат.
{loadposition content9}