Post Views: 0
Челниците на НБА лигата најверојатно ќе направат промена на традиционалниот формат на финалната серија и ќе го вратат 2-2-1-1-1 форматот како и во сите останати рунди од плејоф серијата.
Натпреварувачката комисија на НБА лигата гласаше позитивно за поднесувањето на предлогот до бордот на директори на НБА лигата за промената на форматот на финалната серија од плејофот.
Моменталниот 2-3-2 формат на одигрување на натпревари во финалето се очекува да биде вратен на 2-2-1-1-1 формат како што и се играат претходните рунди.
Овој формат се користи од 1985-та година кога чести...
Post Views: 4
Божик е Господски празник и се слави во спомен на раѓањето на Господ Исус Христос. Овој празник е матица на сите други црковни празници, бидејќи со Христовото раѓање се смета и почетокот на новата ера.
Евангелието го опишува настанот кога се родил Господ Исус Христос. Настанот ни сведочи дека римскиот император Август заповедал да се изврши попис на населението во Империјата. Тогаш праведен Јосиф и Света Дева Марија пристигнале во Витлеем, бидејќи биле од родот Давидов.Немајќи каде да преноќат, тие отишле во пештерата каде ноќевале пастирите. И токму тука се роди Господ...
Post Views: 0
На 4 локации во градот ќе се поставуваат подземни контејнери. Локалната самоуправа и ЈП „Охридски Комуналец“ започнуваат пилот проект со поставување на подземни контејнери на локации кај Горна Порта, пред ПТТ на Кеј , на раскрсницата помеѓу Даме Груев и Туристичка и на пресекот од улицата Јане Сандански на влезот од улицата Славеј планина. Локациите се внимателно разгледувани и избрани, онаму каде што имаме проблеми со одлагањето на отпадот од страна на граѓаните, информира Љупчо Грданоски, директор на ЈП „Охридски Комуналец“.
„Овие подземни контејнери кои ги набавува...
Post Views: 5
Интерпол издал налог за апсење на Британката Саманта Лутвајт позната како Белата Вдовица. Кениската власт се сомнева дека таа ја предводела терористичката група Ал Шабаб, која е одговорна за масакрот во трговскиот центар „Вестгејт“ во Најроби.
Белата Вдовица е на т.н црвена потерница, со која се бара личност на интернационално ниво. Барањето за потерницата е издадено на барање на Кенија.
Во овој терористички чин на милитантните исламисти се убиени најмалку 67 лица, а околу 200 се ранети. Бројот на жртвите може да расте, бидејќи при акцијата еден дел од трговскиот центар...
Post Views: 13
И покрај ниските температури битолскиот музеј интензивно работи на заштита на мозаик од 5-тиот век во античкиот локалитет Хераклеја Линкестис.
Ваквите зафати се преземаат со цел еден од најубавите мозаици во земјата повторно да блесне во полн сјај бидејќи до сега е оштетен околу 90 проценти.„Можам слободно да ги наречам јунаци на денешното време бидејќи во вакви временски услови ги преземаа сите активности за да може овој мозаик да се сочува, да остане и понатаму со сиот свој раскош на очиглед на туристите и посетителите. До крајот на оваа година ќе го завршиме најголемиот...
Post Views: 4
„Денес македонскиот угостителски бизнис оставен на времето и сам на себе, навреден и деградиран, игнориран од државата и мерките за финансиска помош и поддршка од Владата, полека но сигурно ја губи битката со Ковид-19. Се повеќе угостители поради несоодветните и рестриктивни мерки на Владата за ограничување на работното време и посебните услови и протоколи за работа донесени по предлог на Комисија за заразни болести последните месеци не остваруваат доволно приходи, поради што генерираат енормни загуби и веќе не ја гледаат својата иднина во овој бизнис.“
Оставени сами...
Post Views: 1
Средното општинско училиште „Нико Нестор“ од Струга, прераснува во современ и модерен образовен центар. Привршуваат активностите околу доградбата, со што училиштето се проширува со 6 нови училници и 4 кабинети. Станува збор за реализација на голем инфраструктурен проект кој чини 12 милиони денари, открива директорот на гимназијата Никола Затуроски. Додава дека тоа не е единствениот инфраструктурен проект.
„Направени 2500 метри квадрати нова фасада, паркинг простор за вработените, променети кровови со вкупна површина од околу 600 квадрати, променети подови и комплетна...
Post Views: 9
Станбена зграда од пет ката се урнала утрово во индискиот град Мумбаи. Неколку багери се испратени за да ги кренат големите бетонски делови за спасувачите да можат да почнат да ги извлекуваат луѓето.Спасувачите се на местото и се претпоставува дека под урнатините се заробени меѓу 80 и 90 луѓе.
Преживеаните се испратени во болница, изјавил локалниот командант за одговор при катастрофи. Петкатната зграда се урнала околу шест часот наутро по локално време.
Во Мумбаи, финансискиот центар на Индија, оваа година се урнаа неколку згради.Најстрашната несреќа беше онаа кога во...
Post Views: 5
Додека Македонија ја држи празничната треска, и по Нова година се прават последните подготовки за Божиќ, без многу помпа поминува празнувањето на уште ден верски празник.
Еврејската „Ханука“ е празник на песната, светлото и на децата.Еврејската заедница во Македонија со песна го прослави празникот Ханука, древен празник кој е еден од најомилените кај Евреите.Се празнува со семејството, со богата трпеза и со палење на задолжителниот ритуален свеќник наречен „менора“.
Виктор Фридман, професор – македонист од Соединетите американски држави, рече дека првпат празнува...
Post Views: 2
ОТВОРЕНА ЛИНИЈА ЗА ПСИХОЛОШКА ПОДДРШКА ВО ОПШТАТА БОЛНИЦА ВО ОХРИД.
ЗБУНЕТИ СТЕ,
ВОЗНЕМИРЕНИ,
ЗАГРИЖЕНИ?
ЈАВЕТЕ СЕ НА:
*070 405 961*
ОД 8 ЧАСОТ ДО 15 ЧАСОТ
СЕКОЈ РАБОТЕН ДЕН
ЈЗУ ОПШТА БОЛНИЦА ОХРИД
Post Views: 1
Според истражувањето спроведено од Ридерс дајџест, Хелсинки е најчесниот град во светот. Репортерите на Ридерс дајџест за да го спроведат ова истражување намерно во различни градови низ светот загубиле 192 паричници. Всушност, во секој од 16-те градови опфатени во истражувањето оставиле по 16 паричници на јавни места, а во нив имало број на мобилен телефон и 50 долари. Потоа, набљудувале што ќе се случи.
Од 12 намерно загубени паричници во Хелсинки биле вратени дури 11. На второ место е Мумбаи каде од 12 паричници биле вратени 9, а на третото место на листата се најдоа...
Post Views: 3
Системот на дијагностички сродни групи (ДРГ) почнаа да функционира во болниците во Македонија.
Станува збор за систем на класификација на болничките пациенти во повеќе од 600 различни групи, сродни по дијагноза и просечни трошоци. Ова подразбира плаќање согласно вложениот труд, а не како досега рамномерно плаќање.
Целта на ДРГ системот е во фокусот да биде пациентот наместо како досега лековите и материјалите за работа. Со воведување на овој систем првпат ќе се има увид за тоа како се работи во болниците, увид на пациенти и нивниот конкретен третман. Секој пациент ќе...