• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • АКО ВЛАДАТА НЕ САКА И НЕ МОЖЕ ТОА НЕ ЗНАЧИ ДЕКА НЕМА НАЧИН КАКО НИЕ СИТЕ ЗАЕДНО ДА ПОМОГНЕМЕ ВО ОПСТАНОКОТ НА ВАШИТЕ ОМИЛЕНИ УГОСТИТЕЛИ

АКО ВЛАДАТА НЕ САКА И НЕ МОЖЕ ТОА НЕ ЗНАЧИ ДЕКА НЕМА НАЧИН КАКО НИЕ СИТЕ ЗАЕДНО ДА ПОМОГНЕМЕ ВО ОПСТАНОКОТ НА ВАШИТЕ ОМИЛЕНИ УГОСТИТЕЛИ

„Денес македонскиот угостителски бизнис оставен на времето и сам на себе, навреден и деградиран, игнориран од државата и мерките за финансиска помош и поддршка од Владата, полека но сигурно ја губи битката со Ковид-19. Се повеќе угостители поради несоодветните и рестриктивни мерки на Владата за ограничување на работното време и посебните услови и протоколи за работа донесени по предлог на Комисија за заразни болести последните месеци не остваруваат доволно приходи, поради што генерираат енормни загуби и веќе не ја гледаат својата иднина во овој бизнис.“

 |   | 

„Денес македонскиот угостителски бизнис оставен на времето и сам на себе, навреден и деградиран, игнориран од државата и мерките за финансиска помош и поддршка од Владата, полека но сигурно ја губи битката со Ковид-19. Се повеќе угостители поради несоодветните и рестриктивни мерки на Владата за ограничување на работното време и посебните услови и протоколи за работа донесени по предлог на Комисија за заразни болести последните месеци не остваруваат доволно приходи, поради што генерираат енормни загуби и веќе не ја гледаат својата иднина во овој бизнис.“

Оставени сами на милост и немилост без конкретна и директна помош и поддршка што Владата можеше изминатите месеци да ја направи за нив, гочекаат денот кога ќе бидат доведени пред колапс и приморани трајно да ги затворат своите локали и да се откажат од своето минато, својот труд и својата иднина.

За да не дозволиме да изгубиме ниту еден угостителски објект плус оваа година НЕЗАВИСНАТА УГОСТИТЕЛСКА КОМОРА започнува кампања #ИнвестирамЗаДаПомогнам за инвестиции и поддршка на угостителската индустрија. Со кампањата имаме за цел да ги поттикнеме фирмите дел од својот планиран корпоративен буџет за пред-ногодишната забава го пренаменат и го инвестираат или донираат во угостителската индустрија или кај #МојотОмиленУгостител затоа што и тој # ЗаслужуваПоддршка.

На прагот сме на месец Декември, месец кога нема фирма која држи до себе, a нема направено пред-новогодишна прослава и забава за своите вработени и за своите најверни клиенти. Тоа е месецот кога се бараат врски и ургенции да се резервира невреме омилениот угостителски објект, кога се бара врска за влез и место плус за уште еден гостин.

Оваа година поради пандемијата Ковид-19 омилените новогодишни забави ќе ги нема. Ќе го нема жагорот, насмевките, играњата, пијанствата и забавата. За жал на многу Ваши омилени локали исто така им прети опасност од трајно затворање. Но тоа не значи дека не постои можност и начин јавно да ги поддржите и да им помогнете на омилените угостителски објекти да опстанат оваа зима и со насмевка, харизма и позитивна енергија Ве дочекаат наредната пролет.

Очекуваме безмалку сите финансиските институции банки и осигурителни компании, телеком друштвата, фирмите од фармацевтската индустрија, друштвата кои тргуваат со електрична енергија, производителите и добавувачите на храна и пијалоци и сите оние останати кои оваа година ќе остварат добивки со планираните средства за пред-новогодишната прослава и забава да се приклучат кон нашата кампања и ги инвестираат или донираат воцелост буџетите за пред-новогодишните прослави за опстанок на угостителската индустрија и омилениот угостител.

Воедно ги покануваме и сите останати фирми и индивидуалци кои можат и сакаат да се приклучат кон кампањата #ИнвестирамЗаДаПомогнам на #МојотОмиленУгостител и опстанокот на угостителската индустрија. #СолидарностНаДело затоа што угостителската индустрија #ЗаслужуваПоддршка“

,СТОИ ВО СООПШТЕНИЕТО ИСПРАТЕНО ДО МЕДИУМИТЕ ОД СТРАНА НА НЕЗАВИСНАТА УГОСТИТЕЛСКА КОМОРА

 

Здравко Јосифовски, Претседател

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top