Post Views: 0
Поради изведување градежни работи (минирање) на патниот правец Охрид-Кичево, на делницата од „Пресека“ до село Врбјани, сообраќајот денеска ќе биде во прекин во двата правци, информираат од АМСМ.
Додаваат дека сообраќајот на овој патен правец ќе биде во прекин во периодот помеѓу 12:00 и 15:00 часот во времетраење од 15 до 20 минути.
Post Views: 0
По целодневно гласање и прегласување во двата дома на американскиот Конгрес, Претставничкиот дом и Сенатот не успеаа да постигнат договор за буџетската резолуција со која финансирањето на централната Влада на САД ќе продолжеше уште неколку месеци.
Со тоа, од полноќ, САД влегоа во буџетска блокада, во која голем број административни служби ќе останат без пари.
– Сакам да бидам јасен околу тоа што ќе се смени. Владини канцеларии ќе се затворат. Платите ќе доцнат. Витални услуги од кои зависат нашите пензионери, ветерани, жени и деца, компаниите и за економијата,...
Post Views: 3
Верниците во Македонија и во дел од другиот православен свет денеска го слават Бадник, предвесникот на Христовото раѓање – Божиќ.
Традиционално, и оваа година централната прослава е пред Соборниот храм “Свети Климент Охридски” во Скопје, со пеење на Бадниковата химна, подигање на Бадниковото знаме и осветување на бадниковите гранчиња – според верувањето, симболот на среќата и радоста.
Православните верници во Македонија, како и оние во Србија, Црна Гора, Русија и Украина, Бадник го слават според Јулијанскиот календар, односно на 6 јануари, ден пред Божиќ –...
Post Views: 7
Стопанската комора предлага конкретни мерки за преструктуирање на агроиндуструјата во земјава. И покрај тоа што ресорното министерството го субвенционира овој сектор имаме нестабилно производство на пченица, сточниот фонд се намалува, а се зголемуваат увозот на овошје и зеленчук со што Македонија од традиционален производител денес е голем увозник, кажа Васко Ристовски од Стопанската комора на РМ.
„Млечната, месната, винската и мелничарската индустрија се клучни подсектори во агроиндустријата со потенцијал за развој и бизнис секторот има концепирано мерки за развој....
Post Views: 6
Повеќе од 70 лица се водат како исчезнати откако потонале три рибарски брода во Јужното кинеско море, кое го погоди тајфун, јавуваат кинеските медиуми.
„Три рибарски брода потонаа во неделата откако помина тајфунот Вутип. Седумдесет и пет лица се водат како исчезнати“, јавува агенцијата Синхуа.
На отворено море имало пет брода со 171 патник во моментот кога поминал тајфунот. Досега се спасени 15 лица, а акцијата за спасување трае и денеска. Тајфунот Вутип, проследен со ветрови што достигнуваат брзина од 140 километри на час, го погоди кинескиот остров Хајнан.
Денеска...
Post Views: 0
Малопродажната цена на бензините од ноќеска на полноќ се намали за 2,5 денари, на Екстра лесното за 3,5, а на дизелот за четири денари.
Согласно одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, новата цена на ЕУРОСУПЕР-95 е 46,00 ден/лит, на ЕУРОСУПЕР-98 е 47,00 ден/лит и на МБ-96 изнесува 49,00 ден/лит.
Новата цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е ИВ) изнесува 39,50 ден/лит, додека на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ 1) 29,00 ден/лит
Малопродажната цена на М-2 се намали за 2,647 ден/кг и се продава за 11,684 ден/кг.
{loadposition content9}
Post Views: 0
ОК ВМРО ДПМНЕ – Охрид денеска пак ја отворија темата за намаленото ниво на Охридското Езеро. Ништо не е спорно – намалениот водостој е факт. И секако не загрижува сите. Но треба здраворазумно да се размислува дека за ова што последниве месеци му се случува не само на Езерото туку и на останатите водени ресурси во земјава, па и пошироко не се виновни ниту СДСМ, ниту градоначалникот на Охрид , Константин Георгиески, ниту пратеничката Жаклина Лазаревска.
И од ВМРО ДПМНЕ добро знаат дека годинава имаме значително помалку врнежи од дожд и снег . Но , ним и треба само тема...
Post Views: 6
Директни летови од Истанбул до охридскиот аеродром „Свети Апостол Павле“ ќе воведе турската авиокомпанија „Онур ер“ од 15.-ти следниот месец, во соработка со тур-операторот Татилбудур, најавија претставници на компаниите денеска на прес-конференција во Истанбул.
Летовите до Охрид, кој на турската јавност и е познат како светски туристички центар под заштита на УНЕСКО, ќе се одвиваат секоја недела, поаѓајќи од аеродормот Ататурк во Истанбул во 13:40 часот, и враќајќи се од Охрид за Истанбул во 15:00 часот. Летовите на Онур ер до Охрид, ќе бидат со авиони од типот Ербас...
Post Views: 5
Пожарот на туристичкиот брод се случил во неделата пред пладне, додека пловел покрај Вестминстерската палата. Патниците и екипажот скокнале во реката, и за среќа, никој не бил повреден.
Туристички брод со 28 туристи и двајца членови на екипажот се запалил во неделата пред пладне на реката Темза. Туристите на бродот од паника скокале во реката, и за среќа никој не бил посериозно повреден.
Едно дете и неговата мајка примиле лекарска помош заради вдишување на чад, додека останатите патници минале без повреди. Бродот во моментите на несреќата пловел низ центарот на британската...
Post Views: 8
Сто и педесет македонски војници денеска заминуваат во мировната мисија ИСАФ во Авганистан.
Во шестата ротација на мисијата во Авганистан АРМ испраќа и тројца штабни офицери, како тројца офицери кои ќе извршуваат задачи во рамките на тимот за обука и врски за потребите на Авганистанската национална армија (OMLT).
„Шкорпионите“ задачите ќе ги извршуваат во рамките на контингентот на Армијата на Обединетото Кралство, каде што ќе бидат задолжени за обезбедување на главната команда на силите на ИСАФ во Кабул.
Мировниците на АРМ во Кабул ќе извршуваат сложени задачи како...
Post Views: 4
Охридското Езеро е пред еколошка катастрофа поради расипничкото однесување на власта на СДСМ. Водостојот на езерото се наоѓа на 693,09 метри надморска височина што е за 8 см под природниот минимум и 1 см под дозволениот минимум.
СДСМ и пратеничката Жаклина Лазаревска токму од ова место тврдеа дека ако се власт, веднаш би реагирале за нивото на езерото, но еве гледаме дека молчат.
Слика имаат, тон немаат исто како оваа картонска макета со која ја потсетуваме пратеничката Лазаревска што вети и излажа како и за сè друго досега.
Зошто власта дозволува зголемено испуштање...
Post Views: 0
Во експлозија на автомобил бомба во близина на германската амбасада во Кабул загинаа најмалку 80 лица, а повредени се околу 350.
Нападот се случил во дипломатскиот каврт на Кабул, во утринскиот сообраќаен шпиц. Целта на нападот засега не е позната. Според наводи на француската влада, оштетени се германската и француската амбасада.
Од германски безбедносни кругови се вели дека сѐ уште не е јасно дали има повредени Германци во амбасадата. Можно е да има повредени Авганистанци кои работеле во амбасадата.
Експлозијата била толку силна, што предизвикала оштетувања и на прозорците...