Post Views: 0
Медиумите јавуваат за девет жртви, над 150 повредени и 40-тина исчезнати. Потресот предизвика одрони, поради што бројни куќи се затрупани со земја. Снмките од воздух покажуваат штети од огромни размери предизвикани од лизгањето на земјиштето.
Без струја се три милиони жители, а најголемиот дел од нив се од престолнината Сапоро, во чија близина е и епицентарот на земјотресот. И нуклеарната централа Томари, која се наоѓа на островот остана без струја, но засега нема забележан пораст на радиокативноста. Пожар избил и во петрохемискиот комплекс Мурорану, но брзо бил изгасен....
Post Views: 2
Најмалку 14 лица погинале во експлозија која се случила утрово во тролејбус во центарот на Волгоград, во вториот бомбашки напад во овој град во последните два дена, јавува РТ. РИА Новости јавува дека најмалку 25 лица биле повредени, а сообраќајот е во колапс.Меѓу повредените има дете кое е во критична состојба и една трудница.
Експлозијата се случила само еден ден откако жената самоубиец активирала експлозив на главната железничка станица во Волгоград, при што погинале најмалку 15 лица, а десетици биле повредени. Очевидците изјавиле дека пред експлозијата се’ било...
Post Views: 8
Македонската информативна агенција – МИА денеска одбележува 17 години од основањето односно од одлуката на Собранието со која беше формирана како национална новинска агенција на самостојна Република Македонија.„Заради целосно, навремено и објективно информирање на граѓаните, како и за информирање на меѓународната јавност за активостите на републичките органи и другите субјекти во Републиката се основа јавно претпријатие под името Македонска информативна агенција“, стои во основачкиот документ на Законодавниот дом од 18 февруари 1992 година со кој се положи темелот...
Post Views: 1
Oва година нашиот Патронат, денот на светиот учител Св. Климент Охридски, го прославуваме на еден поинаков начин.
Во време на светска пандемија овој наш ден , денот на нашето училиште му го посветуваме на великанот на македонската лингвистика и литература Блаже Конески. Македонија ја прогласи следнава година, за година на Конески, еден век од неговото раѓање. Во чест на нашиот свет учител и великанот Конески , учениците од нашето училиште преку видео линкови со снимени рецитации, музички и ликовни творби се вклучуваат во нашето чествување.
Нека ни е честит денот, вечно...
Post Views: 7
Русија ќе му плати на поранешниот нафтен магнат Михаил Ходорковски надомест од 10. 000 евра по силата на пресуда на Европскиот суд за правата на човекот , соопшти руското Министерство за правда.
”Во извршувањето на пресудата на ЕСЧП од Ходорковски е побарана информација за банкарска сметка и кога таа ќе биде обезбедена , во неа ќе биде преведен износот на предметното надомест ” , изјави за новинската агенција Интерфакс портпаролот на Министерството за правда.
На 25 јули , судот во Стразбур ја осуди Русија да му плати на поранешниот магнат 10 000 евра за серија прекршувања...
Post Views: 2
Државната изборна комисија денеска со жрепка ќе го утврди редоследот на претседателските кандидати на гласачкото ливче.
Вкупно седум кандидати за нов претседател на Македонија ќе учествуваат на престојните претседателски избори, закажани за 22. март.
Новиот претседател на Македонија ќе биде избран помеѓу независниот кандидат Љубе Бошкоски, кандидатот на ДУИ Агрон Буџаку, кандидатот на ЛДП Нано Ружин, кандидатот на ДПА Мируше Хоџа, која е единствената жена, кандидатот на СДСМ Љубомир Фрчкоски, кандидатот на Нова демократија Имер Селмани и кандидатот на владеачката ВМРО-ДПМНЕ...
Post Views: 0
Во текот на изминатото деноноќие (06/07.12.2020 година)на територијата на Република Северна Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 529 прекршоци.
Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со ковид-19.
Post Views: 0
Децата со Даунов Синдром сакаат да играат, да имаат пријатели и да бидат вклучени во општествениот живот. Денес 21 март кога се одбележува Светскиот Ден на Дауновиот Синдром, штитениците од Порака Нова, Струга, традиционално и годинава симболично го одбележаа. Тие изутрина низ струшката чаршија и угостителските објекти поделија флаери со едукативна содржина за се она што треба да се знае за овој синдром. Денес во посета на Порака нова беше струшкиот градоначалник Мустафа Забзун.
„Овие деца не се ментално болни, туку ментално предизвикани и си имаат свои функции во општеството....
Post Views: 8
Руски истражувачи брод со 74 патници е заробен во мразот на брегот на Антартикот. По него се тргнати три бродови „мразокршачи“. Австралиската служба за поморска безбедност соопшти дека вчера добиле порака од бродот „Академик Школаски“. Портпаролот на службата сепак изјави дека бродот не е во опасност.
Бродот го повторува патувањето на истражувачот Сер Даглас Мејсон во тој регион пред околу 100 години. Мејсон ги сповел своите научни експерименти во периодот од 1911 до 1914 за време на неговата Австралиско – Антарктича експедиција.
Се уште не е јасно дали рускиот брод...
Post Views: 6
Претседателот на Република Словенија Данило Тирк, придружуван од првата дама Барбара Миклиќ – Тирк и од бизнис делегација, денеска и утре ќе престојува во официјална посета на земјава на покана на претседателот на Република Македонија, Бранко Црвенковски.
По пречекот со највисоки државни и воени почести пред платото на Собранието, претседателите Црвенковски и Тирк ќе имаат тет-а-тет средба. Како што соопшти Кабинетот на Црвенковски, на средбата ќе се разговара за можностите за натамошно унапредување на билатералните односи и соработка во сите сфери од заемен интерес....
Post Views: 5
Со оглед на тоа што за ризичните групи вакцинацијата е приоритет и високо препорачана, а во насока на организирањето и спроведувањето на процесот на вакцинација против ковид-19, Министерот за здравство Венко Филипче се сретна со директорите на здравствените домови од земјава.
На состанокот со директорите на здравствените домови од целата држава разговаравме за организирањето и спроведувањето на процесот на вакцинација против ковид-19. Вакцинацијата ќе се одвива во вакциналните пунктови во здравствените домови низ државата, болници и други здравствени капацитети.
Поставуваме...
Post Views: 0
Три деца загинаа, а седум лица се повредени во пожар што избувнал на Божиќ во камп со приколки во Луизијана, држава на јужниот дел на САД, изјавија официјалните лица на противпожарната служба.
Во пожарот загинаа браќата на возраст од 9 и 12 години, и нивната 13-годишна сестра. Родителите на жртвите и уште едно дете од семејството, како и уште четири деца биле пренесени во болница во Батон Руж, главниот град на Луизијана.
Пожарот избувнал во текот на ноќта, а кога пожарникарите пристигнале околу 2.30 часот наутро приколката била во пламен.
Таткото успеал да спаси само...