• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Министерот за здравство Венко Филипче се сретна со директорите на здравствените домови од земјава

Министерот за здравство Венко Филипче се сретна со директорите на здравствените домови од земјава

Со оглед на тоа што за ризичните групи вакцинацијата е приоритет и високо препорачана, а во насока на организирањето и спроведувањето на процесот на вакцинација против ковид-19, Министерот за здравство Венко Филипче се сретна со директорите на здравствените домови од земјава.

 |   | 

На состанокот со директорите на здравствените домови од целата држава разговаравме за организирањето и спроведувањето на процесот на вакцинација против ковид-19. Вакцинацијата ќе се одвива во вакциналните пунктови во здравствените домови низ државата, болници и други здравствени капацитети.

Поставуваме посебен модул на коронавирус вакцина, идентичен како оној кој сега се користи за други вакцини. За нашите колеги во вакциналните пунктови ќе биде стандардна постапка за давање вакцина, но бидејќи е нова вакцина ќе се организира едукативен тренинг.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.

© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top