Post Views: 4
Компанијата „Виолета“ веќе години наназад соработува со родилиштето во Охрид и тоа на начин да секое новородено бебе добива поклон породилен пакет од бејби влажни марамици и пелени.
Освен породилни пакети за новороденчиња компанијата Виолета донираше и апарати „Пулс оксиметари„кои се најнеопходни за грижа на бебињата, подлоги за пресоблекување и најново сега панели за греење.
Потребата од панели за греење тргна од родилиштето со цел престојот на нивните пациенти да биде попријатен а Виолета веднаш одговори на иницијативата и во рок од два дена беа доставени до болн...
Post Views: 2
Питачењето сериозен проблем во општина Струга. Со цел да се надмине овој проблем како и да се изнајдат мерки кои треба да бидат преземени од страна на локалните власти, Центарот на заедницата на општина Струга организираше панел дискусија на тема „Згрижување на деца од улица“, како дел од нивната програма за реализација во 2017 год. Катерина Талеска Скепароска, проект координаторот на Центарот, истакна дека потребно е подолг временски период за надминување на овој проблем со координирано делување на надлежните институции кои се занимаваат со оваа проблематика.
„Најчесто...
Post Views: 3
Европската комисија наведува дека доколку тоа не биде решено и ЕУ би можела да воведе визи за американските граѓани. На граѓаните од Полска, Романија, Бугарија, Кипар и Хрватска сеуште им е потребна виза за влез во Америка.
Освен за САД, виза за некои граѓани на ЕУ им е потребна и за Канада, додека Австралија има пропис за визен режим за сите граѓани на ЕУ, но третманот не е еднаков кон сите, стои на веб страната на Euroactiv.
Новата регулатива на ЕУ, која стапи на снага на 20-ти декември, од земјите членки се бара заеднички настап по прашањето за визи, нарочито во случаите...
Post Views: 3
Телеком Словенија официјално достави понуда за купување на Космофон, вториот по големина мобилен оператор во Македонија.
Словенечката компанија соопшти дека е заинтересирана за купување на 100% од акциите на Космофон, не прецизирајќи финансиски детали од понудата.
Телеком Словенија е присутен македонскиот пазар преку Он нет, вториот по големина интернет провајдер во државата.
„Доколку купувањето на Космофон заврши во корист на Телеком Словенија дејствувањето на македонскиот пазар ќе се комплетира и групацијата ќе може да понуди целосен опсег на телекомуникациски услуги“,...
Post Views: 1
Намалувањето на работното време на угостителските објекти ќе има негативни ефекти, ќе донесе поголем ризик за ширење на вирусот и нови кластери, сметаат угостителите. Луѓето ќе се собираат по станови, викендици каде нема никаква епидемиолошка контролa. Кога би работеле кафулињата инспекторите многу полесно ќе можат да извршат надзор во однос на почитувањена здравствените препораки против ширење на вирусот.
„Ваквата мерка која што сега ќе биде на сила мислиме дека ќе постигне спротивен ефект од ппичини што луѓето коишто ке се собираат настрана од урбаните средини, било...
Post Views: 2
Работниците во лондонското метро стапија во 48 часовен штрајк поради планот за укинување на билетарниците.
Планот за укинување на билетарницата е дел од напорите да се модернизира лондонското метро. Според синдикатот со тоа ќе бидат укинати 750 работни места.
Од лондонското сообраќајно претпријатие наведуваат дека со затворање на билетарниците ќе се заштедат околу 50 милиони фунти (60 милиони евра) бидејќи помалку од три отсто од луѓето ја користата билетарницата.
Само за информација, лондоснкото метро дневно превезува 3,5 милиони луќе со своите 11 линии и 270 станици....
Post Views: 1
Претседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски, денеска ќе се сретне со Ахмет Кирман, претседател на Одборот на директори и извршен директор на турската компанија „Шишеџам“ и со претседателот на компанијата Доган Арикан.
Турската компанија од Истанбул „Шишеџам“ е четврта најголема компанија за стакло и стаклени производи во светот. По средбата, како што најави владината прес-служба, ќе биде потпишан меморандум за разбирање помеѓу Владата на Република Македонија и компанијата „Шишеџам“.
{loadposition content9}
Post Views: 7
На 16.11.2021 во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го приведоа и го лишија од слобода Ѓ.Т.( 34) од Охрид затоа што околу 17, часот во угостителски објект на улица „Железничка” во Охрид го наруши јавниот ред и мир со викање и агресивно однесување кон вработените и присутните гости.
Против него ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од СВР Охрид.
Post Views: 5
Во текот на изминатото деноноќие (14/15.12.2020 година) на територијата на Република Северна Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 561 прекршок.
Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид 19.
Post Views: 2
Најмалку 500 мртви делфини биле пронајдени на различни плажи на северот на Перу, информира „Асошиејтед Прес“.
Причината за смртта сѐ уште е непозната, а обдукцијата е во тек. Перуанскиот поморски институт испратил тим експерти за да откријат зошто делфините се насукале во областите Ламбајек и Пиура на северот на Перу.Во рамки на обдукцијата ќе бидат анализирани белите дробови, бубрезите и црните дробови, а резултатите ќе бидат објавени за две недели.
Ова не е првиот таков случај во овој регион. Во 2012 беа откриени остатоци од 870 делфини, а ни тогаш не беше позната...
Post Views: 6
Едукација на гласачите е цел на медиумска кампања што денеска ќе ја промовира Државната изборна комисија (ДИК), спроти претстојните претседателски и локални избори.
За кампањата се подготвени по три видео и аудио спотови и плакати и преку нивното емитувањето во електронските медиуми и печатење во весниците, гласачите ќе бидат запознаени како правилно да го остварат правото на глас.
Исто така ќе бидат информирани за специфичностите на изборите за претседател, за градоначалници и советници што ќе се одржат на 22 март.
{loadposition content9}
Post Views: 0
Крајниот рок за искористување на ваучерите за туризам е 15 декември 2020 година.Заклучно со денешниот ден се искористени 61.648 ваучери за домашен туризам од вкупно доставени 100.336 ваучери на валидни е-маил адреси.
Платформата „Дома си е дома“ преку која се реализираше мерката ваучери за домашен туризам ќе биде затворена за реализација на оваа мерка на 15.12. 2020 година.
Гостите кои што користат ваучер за домашен туризам ќе треба да бидат одјавени од сместувачките капацитети најдоцна до 15.12. 2020 година.
Хотелиерите кои што имаат гости кои што користат ваучери за...