Јубилејно издание на фестивалот „Обединети во различностите“

Post Views: 0 Индиската, арабската, викиншката и балканската култура претставени на фестивалот за култури и цивилизации „Обединети во различностите“. И оваа година учениците од колеџот „Јахја Кемал“ традиционално го реализираа овој настан, кој е организаиран од клубот по социологија. Креативноста на учениците и нивниот самостоен труд, годинава навистина отскокна во споредба со минатите години. Главниот акцент беше ставен на индивидуалните маски кои беа изработени на висина на задачата, бидејќи учениците успешно доловија различни култури, субкултури, формални и неформални групи и феномени...

Continue reading

Бретања

Поплави во Франција и Шпанија

Post Views: 1 Француската метеоролошка служба прогласи највисоко, црвено ниво на тревога поради поплавите во крајбрежната област Бретања. Во изминатите денови баскиската област на француската граница со Шпанија, ја погоди невреме кое предизвика огромни бранови, силни ветрови и поројни дождови. Во невремето еден шпански товарен брод удри во ѕид во француското пристаниште Бајон.Во Шпанија ветрот со јачина од 130 километри на час, предизвика бранови на западниот брег високи осум метри и предизвикаа штети од повеќе милиони евра. Невреме ја погоди и Велика Британија, која ја ангажираше...

Continue reading

obikolnica

Почнува изградбата на обиколницата кај Охрид

Post Views: 5 Со поставување камен-темелник денеска ќе почне изградбата на обиколницата на Охрид, кај улица Железничка на влезот на градот од страната на населбата Косел. На поставувањето камен-темелник, најавено за 15:30 часот, ќе присуствува премиерот Никола Груевски.       {loadposition content9}

Continue reading

НУ Библиотека „Григор Прличев“ ви предлага 8 нови наслови за читање

Post Views: 3 Како што се приближува крајот на годината во нашата установа секојдневно се обработуваат нови и нови наслови од домашната и светската книжевна продукција. Оваа среда ви ги предлагаме да ги прочитате следниве наслови: „Зелената гуска“ од Љубиша Никодиновски – Биш, „Златната средина“ од Анабел Лајон, „И на небо и на земја“ од Милан Ѓорѓевиќ , „Тихување“ од Тихомир Јанчовски, „Во главата слушам песна“ од Елизабета Баковска , „Вистинската приказна за Дедо Мраз“ од Тодор Јовчевски, „Графитот, Рак, Мерак и Глупак“ од Ленче Китанова и „Македонија“ од Харви Пикар и Хедер Роберсон. Пултот...

Continue reading

protesti

Ескалираат протестите во Тузла

Post Views: 1   Протестите кои веќе два дена траат во Тузла, а кои од четвртокот се проширија и на други градови во Босна и Херцеговина(БиХ), за во петок се најавени ширум земјата. По целодневните протести во четвртокот во Тузла кога ескалираа судирите меѓу демонстрантите и полицијата, во петок граѓаните повторно ќе излезат на улиците во потрага по своите основни права. Така за петок протести се најавени во Тузла, Сараево, Приједор, Бугојно, Орашје, Бањалука, Зеница, Витез, Бихаќ, Мостар, Брчко и други градови. Протестите во БиХ започнаа пред два дена, кога пред зградата на Владата...

Continue reading

logo

64 години Црвен крст на Република Македонија

Post Views: 7 По повод Денот на формирањето на Црвениот крст и Денот на крводарителите денеска во Скопје ќе се одржи свечена седница на Собранието на Црвениот крст. Според најавите, на седницата ќе бидат доделени признанија за 14-те општински организации на Црвениот крст – Крушево, Виница, Штип, Велес, Охрид, Центар, Делчево, Крива Паланка, Свети Николе, Дебар, Кавадарци, Пробиштип, Валандово и Битола, кои го исполниле планот за крводарителство во 2008 година и награда за најуспешната општинска организација на Црвен крст која што има најголем напредок во 2008 година. Црвениот крст...

Continue reading

Хидробиолошки завод-Охрид доби финансиски средства од државата за реализација на тригодишни проекти

Post Views: 2 Седум Јавни научни установи и Институти, по цела деценија добија финансиски средства од државата за тригодишни проекти, со кои треба да се збогати нашата научна дејност.ЈНУ Хидробиолошки завод – Охрид е еден од научните институти кој преку ваков национален проект ќе ја испитува еколошката состојба на рибната популација во Белчишко Блато. Државата за оваа намена издвои средства во висина од вкупно 19 милиони денари, кои се директна поддршка на истражувањата. МОН и Владата продолжуваат да вложуваат и да градат систем со кој ќе се обезбеди континуитет во финасирањето...

Continue reading

Намалена видиливост на повеќе патни правци

Post Views: 1 Поради појава на магла, видливоста на патниот правец Гостивар – Кичево е намалена на 50 – 70 метри, на патниот правец Велес – Штип од 100 – 150 метри и на планинскиот премин Ѓавато до 50 метри. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Дел...

Continue reading

Решава пет проблеми

Post Views: 0 Три вида на добар шеќер, обилност на влакна и витамини се причините за кои бананата отскокнува од другите брзопотезни извори на енергија. Но освен хранливата вредност, докажана е нејзината семоќност за отстранување на бројни тегоби за кои обично бараме разноразни апчиња. 1. Надуеност и запек Бананата содржи пектин кој го забрзува варењето и поттикнува исфрлање на токсини и тешки метали од телото. Освен тоа нејзиното делување е пробиотичко и ја стимулира работата на цревата. Сите овие фактори ја поттикнуваат работата на варењето на храна и ја смалуваат подуеноста на стомакот,...

Continue reading

makedonska hrana

Како се хранат македонците

Post Views: 0 Македонското население се храни избалансирано во однос на консумирањето житарки, леб, млечни и месни производи, овошје и зеленчук, но не внесува доволно риба, свежо овошје и зеленчук, интегрални производи од житарки, ореви и семки, покажуваат анализите на Републичкиот завод за здравствена заштита. Месните преработки во секојдневната исхрана се застапени со околу 21 отсто, а на мастите, маслата и слатките отпаѓа поголем процент. Сол во просек се внесува од 10 до 16 грама дневно што е висока количина ако се земат предвид препораките. Според анализите, Македонците дневно...

Continue reading

ВО ОХРИД ПОСТАВЕН НОВОГОДИШНИОТ БАЗАР

Post Views: 8 Куќарки со автентичен изглед, изработени од соодветен дрвен материјал поставени се на Градскиот плоштад во рамки на Новогодишниот базар, во нашиот град. Во текот на вчерашниот ден Владата на Република Северна Македонија донесе одлука угостителските објекти да се затвораат во 18 часот, наместо во 21 часот како што беше досега. Исто така забрането е организирањето на каков било тип прослави за време на новогодишните празници на отворен и на затворен простор од страна на кои било физички и правни лица и јавни субјекти, од локалната се надевааат дека со ова барем малку ќе...

Continue reading

Швајцарија на референдум

Post Views: 4 Швајцарците во недела ќе излезат на референдум, на кој ќе одлучуваат дали сакаат да се ограничи бројот на доселеници во својата земја или не. Во зависност од исходот би можело да има далекусежни последици по статусот на една од најбогатите земји во светот. Референдумот под мото „Не на масовното доселување“ го организира Швајцарската народна партија позната по конзервативните, антимиграциски и ксенофобични ставови. Бараат референдум за воведување на квоти за странци кои смеат да се вселат во Швајцарија но и за прекуграничните работници, барателите на азил и бегалците...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top