logo

ВМРО-Народна ја промовира својата изборна програма

Post Views: 1 „Охрид- македонскиот Eрусалим, регионален, духовен, културен, туристички и економски центар- е мотото на општинската ВМРО- Народна партија. За формирање Општински економски совет- меѓу другото ќе се залага кандидатот за градоначалник од ВМРО- НП , д- р Томе Гиноски. Основната функција на ова тело ќе биде да ја надгледува економската состојба во општината. При тоа да предлага мерки за расчистување на должничко- доверителските односи,  да се залага за искоренување на сиромаштијата и поттикнувањето на влезот на странски капитал. Во изборната програма на Гиноски големо...

Continue reading

Boro Pavloski

Просечен романтичар кој се релаксира со звуците на Бjело Дугме

Post Views: 3 Бројни работни обврски, 12 часа во денот, 7 дена во неделата- е секојдневието на Боро Павлоски, кандидатот за градоначалник од ЛДП. Политичкиот ангажман дополнително го скратува неговото слободно време. Сепак, време има, вели Павлоски, зависи само од добрата организација. Слободните мигови најчесто ги минува со својата сопруга Виолета со која е во брак 20 години. За своите два сина потенцира дека е родител, но истовремено и  другар. Во друштво на поголемиот син Александар- студент на Електро- техничкиот факултет во Скопје и средношколецот Игор често може да се сретне...

Continue reading

Aco Poposki

Индустриска зона во Охрид, императив

Post Views: 9 Индустриската зона ќе се гради според европските стандарди со комплетна патна, канализациона и  водоводна мрежа. Покрај стандардните производствени капацитети, се предвидува во нејзин склоп да работат и обијекти од трговски и угостителски карактер.   Со изградбата на новата индустриска зона се предвидува да се привлечат голем број компании од европските земји. Ацо Попсоки најавува дека, сите нови компании кои ќе инвестираат во Охрид ќе имаат бенифиции во зависност од висината на инвестициите и бројот на вработените.Бројката на невработени е голема. Но решението на проблемот...

Continue reading

Vasvi Doko

Васви Доко, кандидат на Нова Демократија

Post Views: 9 Охриѓанецот, Васви Доко е роден на 27 јануари 1960 година. Основно и средно образование завршил во Охрид, а факултет  за безбедност во Скопје. Работи како универзитетски професор на Државниот универзитет во Тетово. Тој е семеен човек, кој 21 година е во брак со Џемиле и е татко  на три деца.  Едона е студентка, Касам е матурант  и најмалиот четиригодишниот Диел е миленик на сите во семејството. Васви Доко е вљубеник во фудбалот и е претседател на ФК Воска, ги  сака боречките вештини, ловот и риболовот, а особено ја почитува  природата. Од Охрид би сакал да направи модерен...

Continue reading

Boro Pavloski

Плата, утре!

Post Views: 10 Така вели ВД директорот Боро Павлоски. “Пари имаме, но чекаме судско решение за зголемување на средствата потребни за поминување на платата во банка. Правиме се проблемот да се надмине, а вработените да си го добијат одработениот надоместок“, вели Павловски. Вработените во ЈП „Охридски Комуналец“ и денес останаа со празно кесе. Јануарската плата ќе им биде префрлена утре, но само ако раководството го добие судското решение, за проширување на сегашната рамка од 2 милиони денари, кои не се доволни за поминување на платата, објаснува првиот човек на Комуналец. И додава“Проблемот...

Continue reading

Ervan Fuere

Како до парите од европските фондови

Post Views: 1 Како да се искористат  парите од европската унија беше темата на средбата на заедничкиот консултативен комитет за регионот на ЕУ и Македонија. На денешната  заедничка средба на заедничкиот консултативен комитет за регионот на ЕУ и Македонија, се  разменаа  искуства  како да се искористат средства од европските фондови. На средбата покрај македонски преставници од локалните самоуправи, министерот за локална самоуправа , шефот на на мисијата на ЕУ Ервен Фуере , учествуваа и преставници на локалните самоуправи од Грција, Данска и Германија.   Акцент на денешниот втор состанок ...

Continue reading

avtobus

Вчерашниот инцидент не беше изолиран настан

Post Views: 6 Инцидентот што се случи во неделата навечер кога со недолични пораки беа испишани три грчки автобуси не е единствен од овој тип. Андонис Вералис сопственик на Туристичката агенција Охридтравел, кажува дека ваков инцидент се случил и во попладневните часови на 28 февруари на што Андонис бил очевидец. Група од триесетина младинци буквално го нападнала и речиси го каменувала грчкиот автобус паркиран кај националниот ресторан Европа, раскажува Андонис. Кога се обидел да ги спречи добил закани по сопствениот живот. Случајот веднаш го пријавил во полиција по што службени лица...

Continue reading

logo

Намалувње на невработеноста, приоритет

Post Views: 5 „За намалување на невработеноста“- ќе се залага кандидатот за градоначалник од НСДП, Ацо Попоски. Доколку ја добие градоначалничката функција, Попоски ќе гради индустриска зона. Град со стопанска перспектива- ќе гради кандидатот за градоначалник од НСДП, Ацо Попоски. Доколку ја добие градоначалничката функција приоритет ќе даде на подигањето индустриска зона по европски терк.  Без тоа, вели Попоски, Охрид не може да биде модерен и среќен град.Смета дека невработеноста е најголемиот проблем кој ги мачи охриѓани. Токму затоа својата изборна кампања Попоски ја започна со...

Continue reading

logo

ВМРО ДПМНЕ задоволна од синоќешниот митинг

Post Views: 6 Од страна на кандидатот за градоначалник Кирил Трендафилов – Нанче, на прес-конференцијата во ОК беше упатена благодарност до сите граѓани кои присуствуваа на вчерашниот митинг. Според него, вчерашниот митинг е најава на уште една победа на партијата ВМРО ДПМНЕ на наредните локални и претседателски избори. “Мојата администрација ќе биде вистински пријател на бизнисот“ додаде Нанче. Во новата администрација која би била предводена од Кирил Трендафилов – Нанче се предвидува да бидат користени светски искуства во управувањето, со цел да се подобри животот на...

Continue reading

Vele Mitanoski

СДУ го претстави слоганот

Post Views: 3 Презентирани логото и слоганот со кој новата политичка партија ќе Социјал Демократската Унија ќе настапи на претстојаните локални избори.. СДУ денеска го презентираше слоганот „за достоинството на Охрид“ со кој ќе настапува на  изборната кампања. .„Подготвен сум да го ставам на располагање своето искуство и енергија за од Охрид да изградиме втор Санкт Петербург“ – изјави на денешниот прес Веле Митаноски носител на листа за советници од СДУ. Со навраќање на вчерашниот митинг, се потенцираше на прескапите изборни кампањи кои се водат. Кампањато која ќе биде водена...

Continue reading

Kiril Тrendafilov

ВМРО ДПМНЕ и коалиционите партнери ја започнаа кампањата од Охрид

Post Views: 5 Околу 25 до 30 илјади охриѓани и гости, вечерва ги слушнаа програмите и плановите на кандидатите за градоначалник на Охрид  и претседател на Р.Македонија. Пред присутните се обратија Кенан Хасипи-претставник на Демократската партија на Турците, Амди Бајрам- претставник на Сојузот на ромите, Иван Стоиљковиќ-претставник на демократската партија на Србите на Македонија, Лилјана Поповска-претставник на ДОМ, Љубисав Иванов Ѕинго-претставник на Социјалистичката партија. Кандидатот за градоначалник на Охрид, Кирил Трендафилов Нанче во своето излагање пред присутните се осврна...

Continue reading

logo

Претставена изборната програма на НСДП

Post Views: 2 Под мотото „За мене Охрид е главен град“, кандидатот за градоначалник од НСДП, Ацо Попоски и неговиот тим ја претставија изборната програма. Тимот на НСДП, кој се состои од 23 врвни стручни лица, ќе понудат Охрид да стане модерен град со стопански перспективи, со долга туристичка сезона, град на социјална сигурност. Градоначалничкиот кандидат, Ацо Попоски кажа дека тие ќе понудат иднина за Охрид. Во главните теми од програмата, има многу содржини кои ќе ги  допрат сите сегменти за живеење на Охрид. Ќе го допрат спортот, културата, образованието, индустријата, социјалата,...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top