Намалувње на невработеноста, приоритет

„За намалување на невработеноста“- ќе се залага кандидатот за градоначалник од НСДП, Ацо Попоски. Доколку ја добие градоначалничката функција, Попоски ќе гради индустриска зона.

 |  Тања Кувенџиска  | 
logo
лого

„За намалување на невработеноста“- ќе се залага кандидатот за градоначалник од НСДП, Ацо Попоски. Доколку ја добие градоначалничката функција, Попоски ќе гради индустриска зона.

Град со стопанска перспектива- ќе гради кандидатот за градоначалник од НСДП, Ацо Попоски. Доколку ја добие градоначалничката функција приоритет ќе даде на подигањето индустриска зона по европски терк.  Без тоа, вели Попоски, Охрид не може да биде модерен и среќен град.
Смета дека невработеноста е најголемиот проблем кој ги мачи охриѓани. Токму затоа својата изборна кампања Попоски ја започна со посета на Агенцијата за вработување.

pres konferencija„Овде секојдневно доаѓаат луѓе кои ја изгубиле својата работа и останале без можност за основна егзистенција. Во Охрид ги има повеќе од 11.000 “ , вели Попоски.  

„Идеја е, во рамки на Локалната самоуправа, да се вработи менаџер за инвестиции чија основна задача би било нудењето подршка на сите кои сакаат да започнат свој сопствен бизнис. Наша цел е во иднина охриѓани својата егзистенција да ја бараат во родниот град, а не во некоја од западно- европските земји, што е случај години наназад“, велат од НСДП.

Во изборната програма на Попоски не се заборавени ниту социјално загрозените случаи и лицата со посебни потреби. Фирмите кои ќе ги вработуваат овие лица ќе бидат финансиски помагани со средства од општинскиот буџет.

 

 

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top