Post Views: 5
Фестивалот „ Охридско лето“ го прослави 49тиот роденден. Како подарок за фестивалот, но и за сите љубители на убавата музика е настапот на најголемата светска „акапелла„ атракција, групата „Свнгел сингерс“.
„Големи имиња од светската музичка сцена, настапи на врвни музичари од Македонија,но и актери познати ширум светот, е резимето на49 годишното постоење на фестивалот „Охридско лето““, вели директорот Тони Симоновски.
„Долгогодишното опстојување на оваа манифестација се потпира токму на квалитетот кој истата го нуди. Далечната 1961ва со настапот на нашата музичка Дива,Ана...
Post Views: 1
Од есен охридските основци ќе учат повеќе за вредностите на НП Галичица.
Охридските основци со стартот на новата учебна година ќе стекнуваат повеќе знаења за значењето на националниот парк „Галичица“ вели директорот на оваа установа Зоран Ангелоски. Истражување спроведено од страна на Факултетот за туризам и угостителство покажало дека основците имаат мали познавања за вредностите на НП Галичица.
Сега, во соработка со училиштат овој пропуст ќе се надминува. Учениците ќе добиваат повеќе знаења преку брошури кои ги изработува паркот. За нив ќе се организираат и...
Post Views: 7
Од крајбрежјето на Охрид пред очите на јавноста исчезна уште една градска плажа.
Иако во генералниот урбанистички план на Охрид јасно е зацртаната плажата Ј`но, овој некогаш култен простор за охриѓани, сега ја нема. Граѓаните негодуваат што се случи со овој дел од брегот , некогаш нивен омилен простор, за кој се грижеле со огромна љубов се сеќава 77 годишната Олга Балева. Во просторот на Долна порта, постоеа плажите Ј‘но и Сариште каде што граѓаните и гостите во жешките летни денови се разладуваа се сеќава со носталгија Балева. Тука истовремено охриѓани белеа алишта,...
Post Views: 1
„Заливот на коските“ кај кампот „Градиште“ – метафорично ја надополнува приказната за Мариово и тамошниот живот, велат оние кои го направија ова дело.
Фестивалот „ Охридско лето“ се претставува на нова сцена. Наколната населба кај „Заливот на коските“ е местото каде ќе се одигра претставата „ Крпен живот“ во режија на Владо Цветановски, а во продукција на младата екипа на прилепскиот театар. „Претставата е работена како лабораториски проект, проект на истражување во дамарите на македонската историја, освојувајки нови простори“, вели Ѓорѓи Јолевски, селектор на фестивалот.
„Со...
Post Views: 21
Принципот „Полно за празно“ како солиден начин за работа на хотелиерите и туристичките работници, треба конечно да се применува и кај нас, согласни и едните и другите.
Финансискиот бенефит кој го донесува не треба де се занемари, велат тие.
Причината за очигледно лошата сезона оваа година туристичките работници ја бараат во секоја пора на туристичкото работење.
„Една од причините е начинот на кој работат, или во суштина не работат туристичките агенции“, обвинува Дончо Танески- претседателот на здружението на хотелиери.
„Факт е дека во изминативе 20 год. туристичките...
Post Views: 4
Кон ова се приклучува одборот за прослава на Месна Заедница од с. Плаќе кој приреди низа културни настани, во чест на патронот на Црквата „Св Илија“ и 106 годишнината од Илинденското востание.
Народен собир во с. Плаќе. Месната заедница на с. Плаќе по повод празникот има подготвено низа активности во знак на прослава на денот на илинденското востание, денот на востанието на Рашанец во 1903, паднатите борци во НОБ на Македонија и АСНОМ. Председателот на одборот за прославате, Славко Симоновски вели дека се е подготвено и очекуваат голема посетеност на 2 ри Август како...
Post Views: 1
Се испреплетоа безброј замисли за реализирање на првото заседание на АСНОМ,многу крв се пролеа за него меѓутоа резултатите кои произлегоа дадоа печат за иднината на Македонија.
„Малку луѓе знаат дека првичната замисла за одржување на првото заседание на АСНОМ беше тоа да се одржи во местото Плаќе во Кичевскиот манастир“, започнува да раскажува Ванчо Бајков, учесник на заседанието.
„Меѓутоа не нападнаа Германците, го завзедоа Кичево и отпадна оваа замисла. Потоа се размислуваше тоа да се одржи во Крушево, меѓутоа и оваа идеја не се реализира од безбедносни причини“,...
Post Views: 1
Агонијата на Марјан Котески трае веќе пет години. Неговата животна приказна го приморала да тропне и на вратите од Премиерот Груевски и до повеќе други министерства.
Во нашата редакција со надеж за помош, денеска се обрати Г-динот Марјан Котески- вработен во ПШС Галичица.
„Мојата голгота започна на 2ри март 2004год. По пет години малтретирање, деградирање и шиканирање од страна на мојот раководител Илија Дуклески, сега сум половина човек со нарушено психичко и физичко здравје. Последното мое преместување во Ресен дополнително ја влоши мојата состојба, а и односите...
Post Views: 3
Во голема контрола која се одвивала пред неколку дена инспекторите од дирекцијата за храна ставиле клуч на 5 угостителски објекти.
Во акцијата биле исконтролирани 56 ресторани, летни тераси, хотели и одморалишта на потегот од Св.Наум па се до Горица 3.Инспекторите при тоа издале 32 решенија за нехигиена во објектите и за непоседување на санитарни книшки и непосетен курс по хигиена на вработените лица. Земени се и 48 мостри од храна кои се дадени на испитување во заводот за здравствена заштита. Од нив само една мостра покажала позитивен наод со што фирмата и одговорното...
Post Views: 1
Овој ден е посветен на големиот ликовен творец Марко Бутина од Словенија, кој лани починал во Охрид.
Бутина важел за пионер на компјутерската графика во Словенија. Преку неговата изложба на фестивалот Охридско лето продолжува соработката на културно ниво помеѓу овие две земји.
Врвните уметнички имиња не се забораваат. Годинава во рамките на Охридско лето, Словенија ќе биде претставена со уметничките слики на Марко Бутина кој веќе не е меѓу нас. Како претставник на уметничките дела на Бутина се јавува неговата сопруга Милјана. Со оваа изложба таа го продолжува веќе започнатиот ...
Post Views: 14
Сопственикот Јован Димовски, одлучи јавно да проговори по цела деценија молк. „Јас сум жртва на корумпрано судство и политички сплетки на одредени моќници“, тврди Димовски.
„Против мене се јавија Охриѓани и сакаа да ме бојкотираат“, вели сопственикот на штедилницата Лавци, Јован Димовски.
„Два и пол месеци бев во притвор за ништо.Никаква грешка немам. Ме затвотија за да се задоволат апетитите на другите. Ме пуштија во стечај, нашто се жалев. Врховниот суд на Р Македонија ми ја врати штедилницата назад. На таа одлука општинскиот суд од Охрид, со нови обвинувања, штедилницата...
Post Views: 4
Криминалот е откриен и поднесена е кривична пријава на лицето Д.Д. од страна на Секторот за Внатрешни работи Охрид.
Криминалот деновиве доминантен во извештаите на СВР Охрид. Најнова е кривичната пријава против Д.Д (34) од Охрид, за сторено кривично дело „послужување во службата“. Пријавената, во периодот од мај до јули оваа година, во својство на фактурист во ЈЗУ Општа болница Охрид, средствата во висина од 222.530 денари, наплатени за дадени здравствени услуги на пациентите, не ги евидентирала и внела во благајната,туку противправно ги присвоила. Ова е дел од извештајот...