„Свингел сингер“ за 49 – от роденден на „Охридско лето“

Фестивалот „ Охридско лето“ го прослави 49тиот роденден. Како подарок за фестивалот, но и за сите љубители на убавата музика е настапот на најголемата светска „акапелла„ атракција, групата „Свнгел сингерс“.

logo
лого

Фестивалот „ Охридско лето“ го прослави 49тиот роденден. Како подарок за фестивалот, но и за сите љубители на убавата музика е настапот на најголемата светска „акапелла„ атракција, групата „Свнгел сингерс“.

pres„Големи имиња од светската музичка сцена, настапи на врвни музичари од Македонија,но и актери познати ширум светот, е резимето на49 годишното постоење на фестивалот „Охридско лето““, вели директорот Тони Симоновски.

„Долгогодишното опстојување на оваа манифестација се потпира токму на квалитетот кој истата го нуди. Далечната 1961ва со настапот на нашата музичка Дива,Ана Липша Тофовиќ во црквата Св. Софија, започна историјата низ која се испреплетени настани со кои ретко кој фестивал во европски рамки може да се пофали“, додава Тони Симоновски.

„Посебна чест и задоволство ни причинува што одбележувањето на нашиот роденден ќе биде збогатено со присуство на најатрактивната „акапелла“ група и светска атракција, групата „Свингел сингерс“, вели Гордана Јосифовска, музички селектор на фестивалот „Охридско лето“.

rodenden„Преку 4 децении, непогрешливиот звук на „Свингер сингер“ ја дефинира музичката форма на виртуозна вокална способност и компактност, препознатлива по нивната техника на пеење“, велат музичките критичари.

„Ние сме за прв пат во Македонија, во Охрид и навистина сме изненадени колку навистина се е прекрасно овде“, велат членовите на групата. „Сцената на која ќе настапиме е совршена и се надевам дека исто така и ќе се претставиме“, вели Тобијас Хаг еден од осуммината членови од групата.

Репертоарот на групата вклучува класична,џез, латино, поп и рок музика сето тоа придружувано од нивна вокална ритам секција. Групата има настапувано во Велика Британија, Америка, Азија и скоро насекаде низ Европа. Имаат издадено над 50 носачи на звук и имаат освоено пет Греми награди.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top