Post Views: 9
Стотина луѓе се собрале денес во центарот на Белград, протестирајќи против насилството во општеството и пуштањето на слобода на осомничени за убиства и нерешени злосторства.
Собраните на Плоштадот Република носеле транспаренти “Ние се бориме за правда”, “Сите ние сме Федор” и “Правда за Вук и Владислав”, потсетувајќи на убиства кои не се решени.
Дејана Вукадиновиќ вели дека искрено се надева дека акцијата ќе донесе резултати, затоа што луѓето сакаат правда и вистина.
“Се убива недолжен млад свет, судењата се катастрофални, се апси Мишковиќ и власта покажува сила, а кога...
Post Views: 1
Вториот круг избори за градоначалник в недела ќе се одржи во општините Долнени, Зелениково, Маврово и Ростуша, Студеничани и Чучер Сандево, соопшти ДИК.
Гласањето ќе се спроведе на 123 избирачки места кои ќе бидат отворени од 07,00 до 19,00 часот.
Право на глас имаат 44,240 граѓани во овие пет општини, а на гласачките ливчиња ќе бидат имињата на двајцата кандидати кои во првиот круг освоиле најголем број гласови, соопшти Државната изборна комисија (ДИК).
Информациите поврзани со неделното гласање, ДИК ќе ги соопшти на прес конференции во текот на денот.
Со неделното...
Post Views: 0
Во текот на изминатото деноноќие (24/25.12.2020 година) на територијата на Република Северна Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 602 прекршоци.
Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со ковид-19.
Post Views: 1
Министерот за земјоделство Михаил Цветков вели дека го чека министерот за финансии Кирил Миновски да пристигне од Америка и заедно да бараат решение како ќе ги одблокираат заглавените субвенции. Тој вели дека пари во државната каса има, но проблем се Законот за избори и Законот за земјоделство и рурален развој.
„Проблемот не е кај нас туку кај министерството за финаснии. Треба да седнеме, да разговараме и ќе најдеме решение.“ – изјави Михаил Цветков, министер за земјоделство
Цветков заедно со неговите соработници призна дека државата должи околу деведестет милиони евра...
Post Views: 0
Со мнозинство гласови си овозможија зголемување на платата, за околу 830 евра месечно или поточно на 9.082 евра, во германскиот Бундестаг.
Овие законски измени, за кои гласале 464 од 589 пратеници, а 115 против и 10 воздржани, се предвидува на половина на овој мандат од актуелните 8.252 евра да си ја зголемат платата на 9.082 евра.
Германската опозиција е незадоволна со тоа што овие законски измени се усвоени со брзо темпо од 10-ти февруари, кога за прв пат овие планови на владеачката коалиција беа за прв пат изнесени, а аналитичарите велат дека ова е најповолен момент...
Post Views: 2
Вицепремиерот за евроинтеграции Ивица Боцевски денеска во Љубљана учествува на вториот ден од Конгресот „Граѓанските организации ги предизвикуваат јавните власти“, посветен на улогата на граѓанското општество во процесот на евроинтеграции на земјите-кандидати за членство и потенцијалните кандидати од Западен Балкан за влез во Унијата.
Потпретседателот на македонската Влада задолжен за евроинтеграции ќе оствари и повеќе билатерални средби, меѓу кои со државниот секретар во словенечкото Министерство за надворешни работи Драгољуба Бенчина, со раководителот на одделот за...
Post Views: 4
Граѓаните од католичка вероисповед денес го прославуваат Божик, Денот на Христовото раѓање.
Тоа е втор најголем празник во христијанството, по Велигден.
Католичките верници денеска ги отвораат вратите на своите домови за гости, а ги отвораат и срцата. Радост ги исполнува домовите. Исчистените и украсените домови ги осветлуваат четирите адвентски свеќи. По една се пали на ручекот, секоја недела до Божик.
Традиционално за Божик приготвуваат сарма и печено месо, печена мисирка, но и многу слатки. Католички Божиќ не може да се замисли без присуството на членовите од сем...
Post Views: 2
Американскиот претседател, Барак Обама, во петок ќе се сретне со тибетскиот духовен водач Далај лама. Кина испрати порака дека тоа „сериозно ќе ги наруши односите со САД”.
Во четвртокот официјално беше потврдена средбата меѓу Обама и Далај лама во Белата куќа, а иако ставот на американската администрација е дека не ја признава тибетската независност, изразена е загриженост за повреда на човековите права во Кина. Од друга страна, Кина го смета Далај лама за сепаратист, додека духовниот водач на Тибет вели дека се залага за поголема автономија, но не и независност.
„Остро...
Post Views: 5
Делегација од турската компанија заедно со претставници од Европската банка за обнова и развој беа во посета на скопскиот и охридскиот аеродром.
Менаџерите на ТАВ Македонија – компанијата што во наредните 20 години треба да оперира со двата аеродроми на банката и ги преставувале инвестициските планови. Детали од средбата никој јавно не сака да коментира, но според наши информации договарале за технички работи околу кредитирање за инфраструктурите проекти.
Турците имале средба и со Министерот за транспорт Јанакиевски. Од Министерството велат дека се работело за редовна...
Post Views: 0
По налог на градоначалникот Кирил Пецаков, денеска започна акцијата за расчистување на дивата депонија на улицата „Јордан Мијалков“ во Охрид.
Екипи на фирмата „Победа“ од Ботун се ангажирани на подигнување на градежниот шут и друг вид отпад што граѓаните нелегално го депонираат на оваа јавна површина.
Градоначалникот Пецаков при денешната теренска посета упати апел до своите сограѓани да не го фрлаат отпадот на несоодветни места и да не создаваат диви депонии, со цел да имаме убав и чист Охрид.
Отпадот и градежниот шут ќе се депонираат на соодветни локации.
Post Views: 0
На 23 и 24.12.2020 од страна на полициски службеници на СВР Охрид во полициска станица биле повикани Г.В.(39) од с.Белчишта, општина Дебрца, шеф на два маркета во селата Белчишта и Злести и С.Г.(46) од с.Србјани, кичевско, сопственик на маркетите, затоа што при претрес во нив извршен со судска наредба и во координација со Јавен обвинител, биле пронајдени 3.963 разни пиротехнички средства.
Истите се одземени и по целосно документирање на случајот, СВР Охрид ќе поднесе соодветна кривична пријава.
Post Views: 2
Така барем тврдат исламските водачи во Обединетите Арапски Емирати, кои сметаат дека муслиманите на тој начин непотребно би го загрозиле својот живот.
Со други зборови, астронаутите би влегле во истата категорија како и самоубијците, а оваа верска наредба е издадена откако се појави приказната за мисијата на Марс, во која астронаутите добиваат карта во еден правец за Црвената планета, пишува Telegraph.
„Патувањето е опасно по живот, а исламот тоа никако не може да го оправда. Екипажот на Марс можеби нема да преживее, верува одборот, а професорот Фарук Хамада додава дека...