Post Views: 7
Точките од дневниот ред на вчерашната седница се изгласаа зад нивни грб. Претседателот на советот ги негира ваквите обвунувања и вели СЕ се работеше легитимно.
„Вчера точно на 5 месеци од формирањето на Советот на општина Охрид јасно видовме како се кршат сите принципи на работа на истиот од страна на карикатурално составеното мнозинство поттикнато од задоволувањето на свои интереси, наместо на граѓаните“, ова стои во дел од дописот од ОК на ВМРО ДПМНЕ испратен до редакцијата на ТВ М.
Советниците од ВМРО ДПМНЕ, Реагираат за случувањата на вчерашната седница и експресното...
Post Views: 18
Науката во пракса. Тое е основната цел на меморандумот за соработка, кој денеска беше потпишан помеѓу Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот во Р. Македонија и факултетот за туризам и угостителство Св. Климент Охридски.
ФТУ од Охрид и Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот во Р. Македонија потпишувањето на меморандумот за соработка го сметаат за голем исчекор во туризмот бидејќи конкретно со тоа науката ќе ја применат во пракса. „Заедно можеме се“ истакна директорот на агенцијата, Зоран Стрезоски. Иницијативата за меморандумот, на Агенцијата за промоција...
Post Views: 3
За прв пат, после 40 години студенската година во охридскиот факултет за туризам и угостителство започнува на 15 ти септември. Тое е согласно новиот закон за високо образование
После 40 години студентите на факултетот за туризам и угостителство Св Климент Охридски студиската програма ја отпочнуваат на 15 ти септември. Имено годинава високото образование, стартува со низа новини, адаптирани согласно новите законски измени. Деканот на факултетот Софроние Миладиновски вели, иако затекнати од новите измени во високото образование успеавме да се организираме.Годинава за прв...
Post Views: 1
Дваесет и пет млади луѓе од пет европски земји Естонија, Португалија, Србија, Албанија и Македонија ќе учат во Охрид како се создава документарен филм.
Мини од Естонија е за прв пат во Македонија и е задоволна од престојот во Охрид, но и од досега стекнатото искуство на работилницата. Научила многу за луѓето, земјата, културата и сетоа тоа е интерсно кажува младата Естонка.
Семинарот го посетуваат млади луѓе, аматери за кои оваа работилница е можност да ги научат основните работи како се создава филм. Надежда од Србија смета дека на многумина учесници ова ќе им...
Post Views: 1
Долги паузи и недосработени обврски, е епилогот на денешната шаста седница на советот.
Крајот сепак наликуваше на детска недоверлива игра. Советниците изгласуваа, па негираа одредени точки од дневниот ред. Работата на секторот за локален економски развој, по кој знае кој пат ги скара советниците.
Со задоцнување од 1 час, кое веќе на совентиците им минува во навика, ја продолжија шестата седница на советот на Општина Охрид. Истата помина во релаксирана атмосвера, во која повеќе имаше паузи, отколку работа. Делокругот на работа на оваа седница се сведе на препукување...
Post Views: 7
Во Охрид се поголем број граѓани живеат со скромна социјална помош. Само дел од нив имаат можност да се хранат во народната кујна.
Се поголем е бројот на лица кои својата егзистенција ја гледаат единствено во скромната социјална помош. Тешката економска состојаба во која се наоѓа поголем дел од Европа и светот, не ја заобиколи и нашата земја. Се поголем е бројот и на граѓани од Охрид, кои со надеж дека откако некој ќе ја слушне нивната приказна преку малите екрани, ќе им понуди некаква помош. Од „Министерството за труд и социјална политика“ информираат која група на...
Post Views: 15
Советниците едногласни,на градскиот плоштад ќе се гради споменик во чест на Св. Наум Охридски чудотворецот.
Градоначалникот Александар Петрески, планира изградбата на споменикот да биде со помош на спонзори.
„Во време на економска криза не треба да се трошат буџетски средства, затоа планираме споменикот да го направиме со помош на спонзори-донатори“.
„Инаку ова е продолжение на идејата од 1992 год со поставување на СВ Климент и СВ Кирил и Методи, продолжување на идејата 2005, 2006 год. со поставување на СВ Климент Охридски останува уште поставување на споменикот...
Post Views: 2
Охриѓани покренаа граѓанска иницијатива за расветлување на причините за несреќата и потопувањето на бродот Илинден, во кој животот го загубија 15 бугарски туристи.
На средбата присуствуваа околу стотина граѓани, бродари и членови на екипажот кои бараат чесна истрага.
Зоран Гилески, сопственик на бродот Александрија, вели „ целта за формирање на Здружение е вистината да дојде до истрагата без притисоци и политичко влијание , а немилиот настан да не се користи за политичка пресметка, затоа што сето тоа доведува до згрозување на истрагата“.
Една од целите на Здружението...
Post Views: 0
Се повеќе се загрозува егистенцијата на работниците во општина Охрид.
Социјалната слика во моментов ни малку не е розова смета првиот општински синдикалец, Драган Цветаноски. Тој објаснува „ голем број работници останаа без работа по стечајот на голем број фирми, добар дел на варботените се на принуден одмор, а голем број работници со пресметката на бруто платите останаа без хранарина и патни трошоци“ кажува првиот синдикалец на Охрид.
Дополнително во неизвесност се ставаат работниците кои пак се професионално ангажирани. Со измените на Законот за работни односи...
Post Views: 1
„Прва помош за хуманост“, е мотото под кое се одбележува Светскиот ден на Прва помош.
На градскиот плоштад спроведени низа активности за прославување на овој ден. Една од поголемите свечености годинава се одржува во Риека, каде има четири преставници од ОО на Црвен Крст Охрид.
Црвениот крст денеска празнува. Светскиот ден на оваа хуманитарна организација, годинава се одржува под мотото „Прва помош за хуманост“.
„Секој човек, може и треба да знае да укаже прва помош, вели претседателот на ОО на Црвен крст, Сашо Точков.
И покрај лошите временски услови, на градскиот...
Post Views: 1
Охридските социјал-демократи жалат за бродската несреќа и сочуствуваат со семејствата на трагично загинатите бугарски туристи.
Згрозени се од неодговорниот однос на Владата кон бродската несреќа. Укажуваат на игнорантскиот однос на премиерот кон Охрид и обидот за прикривање на вистинските виновници за трагедијата.Лидија Апостолоска, портпарол на СДСМ истакна дека срамот што му го нанесоа на Охрид со вработување на партиски кадри во Капетанија, па од тука хаосот и трагедиите во водите на Езерото, а сега со жртвување на младиот капетан на потонатиот брод, ставени сме...
Post Views: 1
Завршница на петтата по ред најпрестижна светска конференција за заштита на прастарите езера во светот.
Веќе пет дена Охрид е домаќин на најпрестижната светска научна конференција за заштита на прастарите езера во светот, СИАЛ 5.„ Настанот е резултат на долгогодишната соработка помеѓу Хидробиолошкиот институт од Охрид, и универзитетот Гизен во Германија“, појаснува Др. Гоце Костоски. Конференцијата е петта по ред, а тема на истата е заштита на 10те прастари езера во светот меѓу кои спаѓа и охридското. „Овие езера истовремено претставуваат таканаречени „Музеи на живи...