Охридското езеро е старо помеѓу 2 и 5 милиони години

Завршница на петтата по ред најпрестижна светска конференција за заштита на прастарите езера во светот.

Goce Kostoski
Гоце Костоски

Завршница на петтата по ред најпрестижна светска конференција за заштита на прастарите езера во светот.

Ohridsko ezeroВеќе пет дена Охрид е домаќин на најпрестижната светска научна конференција за заштита на прастарите езера во светот, СИАЛ 5.„ Настанот е резултат на долгогодишната соработка помеѓу Хидробиолошкиот институт од Охрид, и универзитетот Гизен во Германија“, појаснува Др. Гоце Костоски. Конференцијата е петта по ред, а тема на истата е заштита на 10те прастари езера во светот меѓу кои спаѓа и охридското. „Овие езера истовремено претставуваат таканаречени „Музеи на живи фосили“, бидејќи се населени со животински и растителни форми кои во минатото биле широко распространети, а денеска речиси и да ги нема“, вели Костоски.

Оваа година на конференцијата учествуваа 70 врвни научници, кои преку свои научни трудови се произнесоа во областа на заштита на прастарите езера. Хидробиолошкиот институт од Охрид исто така
презентираше научни трудови кои се однесуваат на староста на Охридското езеро. „Можеме да се пофалиме дека нашето езеро е старо од 2 милиони до 5 милиони год. односно е од периодот на Плиоценот“, изјавува Др. Костоски.

Денеска завршува оваа конференција, а утре започнува следна која ќе се однесува на проучување на Макрофитските алги, односно тревните растенија во езерата. Собирот ќе биде интренационален, на Европско ниво така што ќе учествуваат гости, научници од Европа.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top