Мрачна социјална слика во Охрид

Се повеќе се загрозува егистенцијата на работниците во општина Охрид.

 |  Валентина Нелоска  | 
rabotnik
работник

Се повеќе се загрозува егистенцијата на работниците во општина Охрид.

rabotnickiСоцијалната слика во моментов  ни малку не е розова смета првиот општински синдикалец,  Драган Цветаноски. Тој објаснува „ голем број работници останаа без работа по стечајот на голем број  фирми, добар дел на варботените се на принуден одмор, а голем број работници со пресметката на бруто платите останаа без хранарина и патни трошоци“ кажува првиот синдикалец на Охрид.

Дополнително во неизвесност се ставаат работниците кои пак се професионално ангажирани. Со измените на Законот за работни односи се кастрат се повеќе работнички права. Од синдикатот не се задоволни како се одвива социјалниот дијалог и како се топат работничките права. Меѓу измените кои Владата ги  предлага се ноќната работа да може да се извршува во текот на четири месеци, наместо најмногу една недела во месецот, како што беше во изминатите 40 години. Или  паузата во работното време од 30 минути, сега се предлага да важи само за вработени со над шест часовно време. Се предлага во една недела работникот да може да работи 10 часа прекувремено, наместо досегашните осум. И ред други измени во законот донесен во 2005 година, а кој само во два наврати минатата година претрпе две измени.

„Сметам дека со тоа сите предлог измени од страна на Министерсвото за труд се непотребни и со нив се задира во оновните суштински права на работниците“ вели Цветаноски.

Последните предложени измени во Законот за работни односи од Министерството за труд и социјална политика, како и повеќе пати досега, изготвени се без социјален консензус, односно, без амин од социјалните партнери. Но, затоа пак  се консултираат правни експерти од западноевропските земји вели Цветаноски. Се црпат Законски решенија, но тоа не треба да се однесува само на правата туку и на стандардот кој го имаат работниците во тие земји“ додава тој.  

Законот за работни односи треба да се усогласи со препораките на Еврпската унија. Па останува до неа да се приближиме со законските  права  ама никако со  реална просечна плата од 200 евра.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top