Томе Чингоски

СДСМ обвинува за неисполнети ветувања

Post Views: 6 Нереализираната Железничка, лаги околу изградбата на спортски сали, компјутери кои не функционираат, се само дел од купот лаги на премиерот Груевски, обвинува Томе Чингоски. Бројни обвиненија на сметка на неисполнетите ветувања на ВМРО ДПМНЕ и Владата на Груевски.„Ветувањата на Прамиерот дадени пред 7 месеци, поточно на 18.3.2009, дека конечно ќе бидат решени проблемите на жителите по улица Железничка, завршија само со поставување на камен темелник за отпочнување на работите. Со изградбата на оваа Северна транзитна сообраќајница, им се ветуваа услови за пристоен живот...

Continue reading

Dimitrija Vrevezoski

Нема превработеност во општинската администрација

Post Views: 4 Секретарот на општина Охрид, Димитрија Вревезоски ги отфрла како неосновани гласините кои кружат низ чаршијата дека локалната самоуправа е пренатрупана со нови вработувања. Вревезоски смета дека 140-те  вработени кои во моментов се ангажирани соодветствуваат на задачите кои ги извршуваат за Советот и Градоначалникот. Тој ги отфрла и забелешките на јавноста кои се однесуваат на бројот на возачите кои се ангажирани во општината дека може да им позавиди и Галеб. „ 6- те вработени возачи  се целосно ангажирани. Ние имаме надлежности кои се одвиваат на терен, а тука се секторот...

Continue reading

Ilinden

Филевски останува во притвор

Post Views: 8 Уште 30 дена притвор за капетанот на бродот „ИЛИНДЕН“, вака денеска одлучи кривичниот совет при основниот суд во Охрид. Мерката притвор која на Сотир Филевски му ја изрече министерството за внатрешни работи  , после бродската несреќа, му истекуваше денеска. Кривичниот совет при Основниот суд во Охрид донесе одлука да му биде продолжен притворот на капетанот на бродот „Илинден“, Сотир Филевски, за уште 30 дена.Министерството за внатрешни работи против Филески поднесе кривична пријава за извршено „тешко дело против безбедноста на луѓето во сообраќајот“, при што му беше...

Continue reading

Vanco Muratovski

Социјален дијалог во Македонија нема

Post Views: 1 За да има ваков дијалог треба да имаме разбирање со владата“, вели претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, Ванчо Муратовски. И од Европската федерација на синдикати – децидни: „Без социјален дијалог, не е можно да има работнички права“. Претставници на синдикатите од јавната администрација Македонија, Шведска и Велика Британија, Босна, Хрватска, Црна Гора, Србија и Словенија, седнаа на иста маса. Разговараа за Социјалниот дијалог во јавната администрација и правата на државните службеници. „Социјален дијалог во Македонија не постои. Во овие три години...

Continue reading

Ќе се санираат јужните ѕидини платна од Долни Сарај

Post Views: 6 „Овој зафат е неопходен затоа што прeстои опасност камењата кои се одронуваат да паднат врз посетителите“, вели директорот на завод и музеј,Тања Паскали. За историската вредност на овој локлаитет за ТВ М раскажува историчарот на уметност Гоце Ангеличин Жура. Националната установа завод и музеј изготвува проект за санација и конзервација на јужните ѕидни платна од летната сцена Долни Сарај.  „Со оглед на многу лошата ситуација на ѕидините кои надвиснуваат над брегот на езерото, сметаме дека е неопходно да се изработи ваков проект со кој од министервото ќе побараме средства...

Continue reading

gradinka

Се почесто незадоволство од работењето на градинката

Post Views: 5 Родителите стануваат се понезадоволни од работењето на детската градинка „Јасна Ристеска“. Реакциите се однесуваат и на продолжениот престој. „Просторот е тесен и мал е бројот на учителките, а некои од децата се често агресивни“ потеницраат некои родители.  Одговор на прашањето, кое се наметнува, дали  ваквата состојба е резулатат на голем број вработени со договор на дело, побаравме од директорката Марина Тодороска Петровска.Директорката на детската градинка ги отфрла ваквите забелешки. Вели  задоволна е од работата на персоналот. Додава дека и покрај нерешениот статус ...

Continue reading

ucenici

Образование, да. Но какво?

Post Views: 7 Воспитниот процес во образованието се повеќе се маргинализира. Родителите растргнати во трката со животот, се помалку време поминуваат со своите деца. Тие се почесто се препуштени во рацете на своите баби и дедовци или пак сами на себе. „Сепак баба и дедо никако не можат да ги заменат мама  и тато, се трудиме да дадеме се од себе, меѓутоа реално не го постигнуваме вистинскиот ефект“, велат тие.Родителите признаваат дека брзото темпо на живеење го прави своето, но се надеваат дека во  училиштето се обрнува внимание на воспитната компонента.Во насока на подобрување на...

Continue reading

kompjuteri

Нецелосно искористени компјутерите во охридските средни школи

Post Views: 1 Заврши опремувањето со компјутерска технологија на трите охридски средни училишта, но процесот со современата информатичка технологија целосно не заживеа, ја објаснува состојбата во општина Охрид советникот за образование во локалната самоуправа, Митре Велјаноски. Идејата компјутер пред секое дете е добра, но реализицијата во пракса е лоша појаснува   советникот за образование. „Со овој стил на работа кога се пласираат идеи ,а реализицијата создава дополнителен хаос е уназадување на квалитотот во образованието, а не унапредување“ објаснува Велјаноски.  Каква е ситуацијата...

Continue reading

logo

Во Охрид улица „Јордан Мијалков“

Post Views: 1 Повторно актуелизирано името на првиот Министер за внатрешни работи Јордан Мијалков. Се бара улица во Охрид да го носи неговото име. Дали пред охридските советници ќе се најде оваа предлог  иницијатива на советничката група на ВМРО-НП, зависи од градоначалникот Петрески. ВМРО-НП од Охрид после 18 години не потсетува на екс Министерот за внатрешни работи Јордан Мијалков. Една заобиколница во Охрид, најверојатно ќе го носи неговото име. Според програмските цели на општинскиот комитет на ВМРО-НП од Охрид, се најавени низа активности кои во најскоро време треба да ги реализират...

Continue reading

logo

Хаос во образованието

Post Views: 0 Образованието никако да влезе во колосек. Продолжува мистеријата наречена договор за вработување без објавување на оглас за оние вработени во образованието кои работат помалку од пет години.Охрид ги евидентира првите негативни реакции на вработените во образованието, засегнати од спогодбата на претседателот на СОНК Дојчин Цветаноски и Министерот за образование Никола Тодоровски. „Вработените во образованието во два наврати се изманипулирани“- вели Драган Цветкоски претседателот на општинскиот синдикат на Охрид. Тоа пред се е од два аспекти додава тој, како од спогодбата...

Continue reading

potkrovlje

Во Охрид ќе се руши

Post Views: 2 Фирмата која треба да ја спроведе акцијата е веќе одбрана, вели градоначалникот Александар Петрески. Списокот на спорните објекти раководителот на инспекциските служби, сеуште се чува во тајност. Градоначалникот останува на ставот дека се што е дивоградба ќе се руши без селективност. Тој најави дека конечно ќе се стави ред на самоволието на граѓаните, кои доградуваа без дозволи. Сите доградби, поткровја за кои се нема соодветна документација, ќе бидат срушени, вели Петрески. „Сигурно ќе се руши она што никогаш не може да се легализира. Знаеме дека поткровја не се дозволени...

Continue reading

Antonio Balevski i Saso Korunovski

Балканот-атрактивна туристичка дестинација

Post Views: 2 Балканот заедно ќе го развива туризмот. Со таа цел во период од 25 до 27 септември, во Белград се одржа „Меѓународна конференција за туризам“, на која присуствуваше и делегација од Македонија. Во својство на предводник на делегацијата беше Антонио Балевски од Општина Охрид, како и продеканот на ФТУ проф. Сашо Коруноски, а од редот на студентите Михаел Ристовски. „Отворањето на конференцијата се случи во култното Атеље 212 во Белград, а понатаму остваривме прием и коктел во Кралската палата и Принцот Александар 2 Караѓорѓевиќ“, вели Балевски. “Специфика на конференцијата...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top