Социјален дијалог во Македонија нема

За да има ваков дијалог треба да имаме разбирање со владата“, вели претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, Ванчо Муратовски.

 |  Татјана Маленкова  | 
Vanco Muratovski
Ванчо Муратовски

За да има ваков дијалог треба да имаме разбирање со владата“, вели претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, Ванчо Муратовски.

sindikalni rabotniciИ од Европската федерација на синдикати – децидни: „Без социјален дијалог, не е можно да има работнички права“.

Претставници на синдикатите од јавната администрација Македонија, Шведска и Велика Британија, Босна, Хрватска, Црна Гора, Србија и Словенија, седнаа на иста маса. Разговараа за Социјалниот дијалог во јавната администрација и правата на државните службеници.
„Социјален дијалог во Македонија не постои. Во овие три години со оваа влада скоро да нема разговори, а и тие разговори кои евентуално постојат не се со добра воља. Резултати нема, вели претседателот на Сојузот на Синдикатите на Македонија, Ванчо Муратовски.

„За да имаме социјален дијалог треба прво да имаме разбирање од владата, дека синдикатот и организацијата на работодавачи не се противници, туку партнери во договорот и дека и сакаме добро на македонија и дека заедно сите партнери ќе и направиме повеќе отколку она што што го прави владата, што е впрочем повеќе од евдентно“, вели Муратовски.

Претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија до владата упати и обвинувања дека си избира синдикат кој очигледно ја подржуваат дури и кога има измени во законот за работни односи кои  предизвикувааат негативни работи кај работниците, вели Муратовски. „Нас не одбегнуваат сметајки дека сме некаков противнички синдкат. Овој синдикат постои 101 година, ќе опстане и сега. Мислам дека е попаметно да не повикаат на разговор отколку да имитираат социјален дијалог со некои синдикати, бидејки светот знае за тоа и веројатно Бриселскиот извештај ќе биде во правец, дека Социјалниот дијалог во Македонија практично не постои“, додава Муратовски.  

Евроинтеграции без социјален дијалог неможе да има, затоа што без него не е можно да има работнички права, вели претставникот на Европската Синдикална Организација за Централна Европа, Јозев Крејбрих.

„Во таа функција сме дојдени тука знаејки дека социјалниот дјалог уште не е доволно развиен. Тука сме со колегите од велика Британија, Шведска  за да дадеме наш придонес и да го помогнеме развивањето на тој социјален дијалог што е можно повеќе не само во Македонија туку и пошироко во регонот, вели Крејбрих.

На денешниот регионален семинар претставниците на синдикатите дискутираа и за натамошната синдикална стратегија и натамошната соработка. Воедно беа презентирани и извештаи од земјите со фокус на ЕУ критериумот за проширување, за вработување и социјална политика во јавните служби. 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top