Post Views: 0
Загрижува податокот што во нашата земја неодамна МВР заплени поголемо количество фалсификуван алкохол, а Охрид имун од тоа.
Внимавајте со алкохолот. Македонскиот народ се труе со фалсификувани алкохолни пијалоци. Мастика, узо, вотка, коњак и друго се најфалсификуваните производи на македонскиот пазар. Тие најчесто завршуваат на места каде што најтешко може да се препознае фалсификат од оргинал. Ги има во дискотеките и во кафулињата каде најчесто се мешаат со мраз и безалкохолен пијалак, па дури и најупатените конзументи тешко можат да ги препознаат. За можност од ваква...
Post Views: 3
Со поставените 17 –тина тезги на малиот плоштад продолжува вообичаената слика на предновогодишниот амбиент во Охрид.
Просторот кај Чинарот и понатака е запоседнат со импровизирани тезги, покриени со најлони, каде што се продаваат новогодишните украси. Сликата покажува дека нема трага од најавуваните куќарки во охридски, староградски стил кои требаше да внесат современ, европски предновогодишен дух во градот.
Директорот на ЈП „Комуналец“, Сашо Алчев објаснува дека нивната намера паднала во вода. Нема да ја реализираат затоа што на огласот за јавни набавки не добиле...
Post Views: 9
Преку видео -презентација и друг промотивен материјал, Охрид ја промовираше својата понуда, во Брисел на меѓународната и конференција посветена на развојот на туризмот.
Под мотото „Охрид град на седумте чуда“ во европската престолнина Брисел, минатата недела свое претставување имаше и Охрид. Преку видео -презентација и друг промотивен материјал, градот ја промовираше својата понуда. Истовремено во Брисел се одржа и меѓународна конференција посветена на развојот на туризмот. Меѓу седумте чуда со кои се промивираше градот беа Светиклиментовиот универзитет, пастрмката,...
Post Views: 0
Пастрмката за порибување ја обезбедија Хидробиолошкиот завод од Охрид и мрестилиштето Лин во Албанија.„ Заедничкото порибување на Езеро има за цел на симболичен начин да ја покаже подготвеноста на двете земји за заштита на рибниот фонд“, изјави македонскиот министер за животна средина, Неџати Јакупи
Охридското Езеро на симболичен начин порибено со 180 000 единки подмладок на охридска пастрмка и од Македонска и од Албанска страна. Триесет илјади млади пастрмки обезбеди Хидробиолошкиот завод од Охрид, а останатите 150 000 се биле одгледани во мрестилиштето Лин во Албанија....
Post Views: 1
На само 5 километри оддалеченост од центарот на Охрид се наоѓа селото Рамне.
Населба која се протега во рамките на НП „Галичица“, а од ден на ден никнуваат убави станбени објекти и станува атрактивно место за живеење. Она што им смета на жителите кои живеат тука се депониите кои никнат преку ноќ. Проблемот са градежниот шут и тука не е ретксот. Жителите се жалат дека несовесни граѓани се ослободуваат од отпад, па дури но и од делови на непотребен мебел.И од националниот парк потврдуваат дека некои граѓани продолжуваат со старите навики и покрај големата акција...
Post Views: 3
Здружението на глуви и наглуви лица од Охрид, викендов, на каналот Студенчишта го одржа четвртото Општинско отворено првенство, во дисциплината лов на риба со јадица на пливка, во конкуренција на сениорки и сениори.
Во конкуренција на сениорки најмногу риба улови Гордана Илиеска која го освои првото место, a среброто и припадна на Сузана Стевоска. Во конкуренција на сениори, по четврти пат првото место го освои Стојан Мишев, второто место го освои Борче Стевоски, а третото му припадна на Муштеба Шабан.
На првенството зедоа учество околу 15 натпреварувачи, кои...
Post Views: 0
Денеска првите луѓе на поштите од двете земји потпишаа акт за збратимување на поштите од Охрид и Корча.
„Со овој документ индиректно се создава силна пошта на балканот која ќе се носи со светските трендови“, рече директорот на Македонски пошти, Ејуп Рустеми.
Во Охрид потпишан Акт за збратимување на Пошта Охрид со пошта Корча. Овој документ претставува почеток во потпишувањето на исти вакви акти и со останатите пошти во регионот што ќе помогнат за создавање на подобри услови за соработка и размана на искуста при реализација на поштенско – финансиските услови на пошта...
Post Views: 17
Нема да поскапи закупот на тезги во Охридскиот пазар, категоричен е директорот на ЈП Охридски Комуналац, Сашо Алче.
Според него, нема потреба од паника кај закупците, затоа што примената на Хасап стандардите паднаа на товар на ЈП. ЈП под кои спагаат пазарите од државните органи ќе побараат одложување на примената на ХААП стандардите во пазарите.
Тој ги демантира се погласните шпекулации дека по 1 ви јануари 2010 год. цената за закуп на тезги на зелените пазари ќе се зголеми двојно, поради воведувањето на ХАСАП стандардот.
„Зафатите што треба да се направат за обезбедување...
Post Views: 17
Фестивалот Охридско лето интензивно се подготвува за јубилејното издание.
Со полна пареа во Фестивалот Охридско лето се прават подготовките за одбележување на јубилејот 5 децении од почетокот на нашата најзначајна културна манифестација. Директорот Тони Симоноски информира дека престојното фестивалско издание ќе изобилува со квалитет и емоции.
Поканети се да гостуваат странски и домашни музички имиња кои ги поставиле темелите на манифестацијата, но и они кои учествувале досега. Иако сеуште не се откриваат имињата на уметниците кои ќе учествуваат, оптимистички...
Post Views: 1
Европа ги признава македонските лиценцирани планински водачи.
Нашата земја сеуште нема законска регулатива за да ја признае оваа професија, затоа дивите водичи прават нелојална конкуренција.
Професијата планински водич на ниво на нашата земја е девалвиран. Тоа е од причина што сеуште оваа професија не е влезена во законски регулатива.Шест часа прошетка во планина со обучен водич чини 50 евра. Во Македонија посебно во Охрид голема е потребата од планински водачи. Во нашиот град има 7 обучени професионални планински водачи. „Ние имаме планинска асоцијација на интернационални...
Post Views: 8
Новите академски граѓани денес ги добија своите дипломи. На Факултетот за туризам и угостителство дипломците во првиот и вториот циклус на студии примија признание за вложениот труд.
Обединети во духот на Свети Климент Охридски, денеска своите дипломи ги примја новите академските граѓани кои студираа во првиот и вториот циклус на ФТУ.
„На сите нас по денешниот настан ни се отвора нова страница од животот, која ќе ни биде ѕвезда водилка понатаму. Дипломата треба да ни претставува виза кон остварувањето на нашите цели, но сепак пазарот на трудот кај нас недоволно ја...
Post Views: 8
Дефиниран е просекот за потребна количина по член на семејство од страна на советите на општините Охрид и Струга.
Водата за пиење, луксуз за оние кои ја користат надвор од реалните потреби. Водата која што МЈП „Проаква“, ја дистрибуира до корисниците е за пиење и одржување на лична хигиена на семејството. Секоја друга намена е луксуз. Со законот за водоснабдување и третманот со отпадни води советите ги дефинираат просеците на потребна количина вода по член на семејство. Последната одлука на двата совети односно на Управниот одбор е само практична примена на законска...