Oдликувани новите академски граѓани на ФТУ

Новите академски граѓани денес ги добија своите дипломи. На Факултетот за туризам и угостителство дипломците во првиот и вториот циклус на студии примија признание за вложениот труд.

diploma
диплома

Новите академски граѓани денес ги добија своите дипломи. На Факултетот за туризам и угостителство дипломците во првиот и вториот циклус на студии примија признание за вложениот труд.

vracuvanje diplomiОбединети во духот на Свети Климент Охридски, денеска своите дипломи ги примја новите академските граѓани кои студираа во првиот и вториот циклус на ФТУ.  

„На сите нас по денешниот настан ни се отвора нова страница од животот,  која ќе ни биде ѕвезда водилка понатаму. Дипломата треба да ни претставува виза кон остварувањето на нашите цели, но сепак пазарот на трудот кај нас недоволно ја почитува истата“, истакнаа дел од најдобрите идни академици.

„За мене претставува голема чест и задоволство што бев дел од оваа високообразовна институција и се надевам дека со постигнатиот успех и вложениот труд како првенец на генерација набргу на пазарот на трудот ќе можам да го докажам својот квалитет“, истакна  Георгиевска Маја, првенец на генерација со просек 10.00.

Ќосевски Јордан, Магистер на осигурителни науки рече:

„Се стекнав со доплома Магистер од областа на осигурителните науки. Посакувам секако повисока функција во понатамошната кариера. Нашиот пазар на трудот се уште не знае да ги вреднува нашите квалитети, бид има многу магистри кои не се вработени“.

Дипломците добија благодарност од сите вработени на факултетот, кои имаа верба во нив во текот на целото нивно студирање.

„Ова е институција која селектира професионалност низ делот на сите образовни процеси. Токму поради тоа постои голем интерес од страна на странските студенти. Магистрантите добиваат можност за нов циклус на докторски студии, кои ќе се темелат на индивидуалните приоритети на секоја студиска програма на највисокиот степен на образование. Ова е институција која селектира професионалност низ делот на сите образовни процеси“, истакна во своето обраќање кон академците деканот на ФТУ Проф. Д-р Софроние Миладиноски.

„Се чувствувам привилегиран што имам можност да бидам дел од овој свечен чин. Го споделувам задоволството поради успехот кој оваа генерација на студенти го постигна во рамките на ФТУ. Тие се потомци на просветители кои со својата мисија го преобразија светот. Духовните традиции на светиклиментовото време се потпора на нашиот идентитет, тие се длабоко врежани во дамарите на нашата душа. Од нив извира енергија која што ни помага да се справиме со предизвиците на новото време, и да најдеме свое место во големото семејство на народите“, рече проректорот на светиклиментовиот универзитет Пере Аслимовски.

Денес одликуваните дипломци и додипломци, ќе претставуваат столб на својата професија, за да подоцна станат носители на целокупниот општествен, политички и јавен живот во РМ. Она што тие го постигнаа во целокупниот развој како индивидуи, со помош на своите професори, е доказ дека направиле вистински избор во образованието. „Најдобрите од нив секако ќе добијат место на демонстратори на матичниот факултет“, вети деканот Миладиноски.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top