Post Views: 0
Висината на данокот на имот годинава за 50% намален во споредба со лани. Но и овој издаток дуќанџиите тешко го поднесуваат. Претстои ли закана од голем удар во трговијата на мало?
Економската криза навлезе во сите пори од општеството. Покрај големиот удар што го претрпе стопанството како една од најпрофитабилните гранки, не се поштедени ниту помалите сегменти. Данокот на имот за просторот каде што обавуваат дејност дополнително им ја влоши и онака тешката состојба. Дуќанџиите револтирани велат„Висока кирија, големи давачки, уште и издвојување средства за данок на...
Post Views: 0
Вака е најавена 2010 од страна на таткото на градот. 10 м илиони евра е сумата во која предвидени се 20 приоритетни програми а најмногу отпаѓа на секторот за урбанизам.
Буџетот на општина Охрид рапидно расте.За годинава што следува тој ќе изнесува околу 620 милиони денари или 10 милиони евра. Подготовката на буџетот е сложен и комплексен процес, вели раководителот на одделението за финансии и буџет Александар Китрозоски. Тој додава дека за негово остварување мора да има добро осмислена и изменаџирена фискална стратегија и развојни програми.
Во 2010 ќе имаме повисок...
Post Views: 0
Економската неправданост во работењето е причина поради која менаџерскиот тим го затвори и хотелот Метропол. Применувајки ја светската практика оваа солуција е најдобра за хотелите во овој клучен момент, вели експертот по туризам, Зоран Тунтев.
И во Охрид стигнаа првите посериозни закани од економската криза. Од битката за готи се откажаа реномирани хотелски капацитети. Хотелот Метропол е еден од нив.
„Годинава поради економската криза и свинскиот грип се соочивме со намалување на работата која и така е намалена во споредба со истиов период години наназад“, вели менаџерот...
Post Views: 1
„КД Фонд“ – словенечка групација која работи со управување со средства, имаше своја презентација пред Охриѓани.
„Инвестирајте во својата иднина“. Под ова мото компанијата „КД Фондови“, друштво за управување со фондови, направи презентација на својата понуда пред охриѓани. Инвестициските фондови беа претставени како нова финансиска услуга или алатка со која физичките и правните лица можат да добијат голем бенефит во иднина. Работењето со инвестициски фондови е секојдневна појава во развиените земји, но сепак за нас тоа претставува новина, што го потврди и минималното...
Post Views: 0
Состојбата со овој патен правец, крајно загрижувачка. Граѓаните не веруваат дека ќе заврши нивната ноќна мора, бидејќи надлежните години наназад замижуваат пред овој проблем.
Очајна состојбата на магистралниот пат Охрид – Св Наум. Години наназад овој патен правец оставен е на забот на времето. Возачите кои секојдневно го минуваат овој правец, посебно од хотелот Метропол до Св Наум се соочуваат со бројни проблеми. Тесна коловозна лента, многу крпени дупки, разни ископи, одрони. Најмногу засегнати од овој проблем се пештанци. Тие велат дека се отфрлени од сите надлежни...
Post Views: 0
Иднината на Охрид е во ваши раце, а не во рацете на УНЕСКО. Преку оваа порака експертите ја потенцираа улогата на УНЕСКО во неговата мисија за заштита на светското културно и природно наследство ширум светот.
Топката е во ваши раце. Оваа порака ја упатија експертите на организацијата за заштита на светското културно и природно наследство, а се однесува на гласините за бришење на Охрид од листата на УНЕСКО.Иако досега официјално не било расправано на оваа тема, техничка можност постои, изјави Филип Пипар.Тој додаде дека има строго пропишани правила кои се дел од Конвенцијата...
Post Views: 0
Менаџерите проблемот го гледаат во безвизниот режим, свинскиот грип и економската криза. Најавуваат намалување и на веќе намалените цени за аранжманите.
Менаџерите на Охридските хотелите мака мачат да го исполнат капацитетот на хотелите за престојните празници. Зошто годинава нема заинтересираност Нова Година да се дочека во Охрид, сопствениците на Објектите со различно гледање. Едни вината ја гледаат кај безвизниот режим за Македонските граѓани од 19 декември, додека другите економската криза, а трети свинскиот грип. „ Заслугата што нема доволно гости во Охрид, не...
Post Views: 4
На новогодишниот декор за најлудата ноќ се работи со полна пареа. Од локалната најавуваат дека овојпат со минимални средстава, градот ќе блесне во најубаво светло во споредба со изминатите години.
Охрид наголемо се подготвува за дочек на новата година. Како и изминатите години, така и овој пат новогодишното декорирање започна на 1ви декември и се предвидува да заврши на 19ти. Граѓаните сметаат дека средствата вложени за новогодишно украсување на градот се добра инвестиција. Тие се многу задоволни од понуденото и очекуваат со нетрпение најлудата новогодишна ноќ да...
Post Views: 5
Проблемот е идентификуван од страна на надлежните служби на МЈП „Проаква“, и веќе се превземени мерки. Варошани, заостнатиот долг нема да го плаќаат одеднаш, велат од Проаква.
Пропустот е на инкасаторот задолжен за тој дел од градот, вели првиот човек на МЈП „Проаква“ Бранислав Трпчевски. Констатирано било дека читачот на тој реон подолго време на си ја извршувал својата работна обврска согласно нормативите на претпријатието. Кон тоа лице превземени се најрадикалните мерки на одговорност вели Трпчески.
Поради интерниот проблем кој настанал со читањето на водомерите од...
Post Views: 20
Туристичките водичи од Охрид и Струга се здобија со нови знаења во својата област.
Туристичките водичи од Охрид и Струга се стекнаа со нови знаења. На интерактивна обука тие презентираа свои сознанија за пристапот кој го имаат кон туристите. Размената на искуства и знаења, ја спроведоа стручни лица од ФТУ. Инструктор на туристичкото водење во доменот на природните вредности, беше проф. Науме Мариноски. Проф. Сашо Коруноски ги презентираше културните вредности, комуникативните активности беа спроведени од страна на експерти од областа на оваа проблематика, а промотивните...
Post Views: 1
Препораките на УНЕСКО, да влезат во финална верзија на Менаџмент Планот за охридскиот регион.
Ова беше целта на тридневниот семинар што се одржа во нашиот град. Македонија овој план до УНЕСКО треба да го достави најдоцна до јануар идната година, по што за шест месеци, Комисијата за светско наследство треба да се произнесе по него.
Во организација на УНЕСКО, 20 претставници од министерства, локални самоуправи, институции го подржаа Менаџмен планот за Светско наследство од охридскиот регион од културен и историски аспект со неговата природна животна средина. Се работи...
Post Views: 4
Покрај теоријата професорите на ФТОН работат на проект, кој директно влијае да се постигне комлетна едукација на студенти кои можат да одговорат на потребите во угостителството.
Се почнува и завршува со храна. Гастрономијата и нејзините приоритети од неодамна на ФТОН се применуваат и во пракса. Студентите рамо до рамо заедно со професорите 2 пати неделно спремаат рецепти од кулинарството. Рецептите на баба не се забораваат толку лесно вели Проф. Др. Гордана Речкоска доктор по техничко технолошки работи. Таа додаде дека вистинска умешност е да се пренесат трајните вредности,...