Нова мoжност за инвестирање

„КД Фонд“ – словенечка групација која  работи со управување со средства, имаше своја презентација пред Охриѓани.

logo
лого

„КД Фонд“ – словенечка групација која  работи со управување со средства, имаше своја презентација пред Охриѓани.

prezentacija„Инвестирајте во својата иднина“. Под ова мото компанијата „КД Фондови“, друштво за управување со фондови, направи презентација на својата понуда пред охриѓани. Инвестициските фондови беа претставени како нова финансиска услуга или алатка со која физичките и правните лица можат да добијат голем бенефит во иднина. Работењето со инвестициски фондови е секојдневна појава во развиените земји, но сепак за нас тоа претставува новина, што го потврди и минималното присуство на посетители на истата.
„Сигурноста на нашите парични средства, не може да се спореди со минатото, кога истите ги вложувавме во банките. Овде нашите пари се сосема сигурни, и нема потреба за страв. Како инвеститори постојано нашите пари ни се на увид, преку интернет можеме слободно да го пратиме нивниот тек во секој момент. Од сите аспекти секако ова е една добра поволност“, истакна Игор Калајџиевски, еден од малкуте посетители на презентацијата.

Основна цал на презентацијата беше, како од средствата кои физичките и правните лица ги заработуваат да ги зголемат. Од петте компании во РМ кои работат на оваа проблематика, најпозитивно искуство инвеститорите имаат со КД фондовите.
„Ние сме словенечка групација која од 1994 год. работиме со управување со средства. Во моментов сме една од водечките групации за источна Европа, а на Балканот сме убедливо најдобра групација која работи со управување со средства. Имаме над 180 000 задоволни инвеститори во 13 земји, управуваме со 33 фондови и обезбедуваме најквалитетни финансиски услуги“, истакна Драган Целески, претставник на „КД Фондови“ –  АД Скопје.

„КД Фонд“ сам по себе е реномиран фонд. Но граѓаните на Охрид се тие кои ќе треба да одлучат дали нивните пари ќе им ги доверат токму ним или пак ќе ги чуваат под перница.
„Граѓаните за нас имаат сигурност на 4 нивоа. Самиот фонд го контролира „Комисија за хартии од вредност“; Реномето на фондот постои во 13 земји, со 1милијарда и 600-ни милиони евра; Гарантираме за сигурноста на парите; И гарантираме за нивно враќање; – рече Горан Арсов, регионален претставник на „КД Фонд“ за Охрид.
Во РМ КД Фонд – овите се присутни година и пол, имаат над 600 инвеститори и работат на заживување на стопанството. Инвестирањето во фондови е современ начин на штедење, бидејќи со купувањето на удели, стануваме сопственици на идеален дел од имотот на фонд кој го сочинуваат: акции, обврзници, депозити и други финансиски инструменти. Како и по обичај кога пред охриѓани се презентира нешто ново, посетеноста и заинтересираноста за истото е минимална.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top