Оптимистички буџет

Вака е најавена  2010 од страна на таткото на градот. 10 м илиони евра е сумата во која предвидени се 20 приоритетни програми а најмногу отпаѓа на секторот за урбанизам.

 |  Николоска Биљана  | 
logo
лого

Вака е најавена  2010 од страна на таткото на градот. 10 м илиони евра е сумата во која предвидени се 20 приоритетни програми а најмногу отпаѓа на секторот за урбанизам.

Буџетот на општина Охрид рапидно расте.За годинава што следува тој ќе изнесува околу 620 милиони денари или 10 милиони евра. Подготовката на буџетот е сложен и комплексен процес, вели раководителот на одделението за финансии и буџет Александар Китрозоски. Тој додава дека за негово остварување мора да има добро осмислена и изменаџирена фискална стратегија и развојни програми.

Во 2010 ќе имаме повисок буџет од годинава , оптимистички вели градоначалникот Петрески. Понуденото во Нацрт фискалната стратегија е реално и може да го оствариме, додава тој. Имаме 20 поголеми програми, но ќе се реализираат и други помали.

Најголем потрошувач на средстават од буџетот на општина Охрид е секторот за урбанизам. Пола од програмите предвидени во нацрт фискалната стратегија за 2010 се од овој сектор. Раководителот Бранко Арнаудов ова го оправдува преку поделеноста во неговиот сектор на одделение за комунален развој кој се јавува као потрошувач и одделение за урбанизам кое носи прилив во буџетот. Тој додава дека секторот за урбанизам е најголем потрошувач но преку него доаѓа и најголемиот прилив на средства во општинската каса. Арнаудов очекува градежна експанзија и нареднава година.

Раководителот на јавни дејности Митре Вељаноски, очекува поддршка на буџетот посебно за средствата во образованието. Вељаноски вели дека образованието треба да си го задржи високиот рејтинг кој го ужива во градов.

Фискалната стратегија е основен развоен годишен документ на општината, кој ги дефинира:  годишната фискална политика, годишното финансиско планирање, управување и контрола, како и распределба на средства за реализација на усвоените програми, капитални вложувања и тековно оперативни трошоци.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top