Post Views: 7
Ги чистеа охридските плажи, кај Даљан. Во еколошката акција се вклучи и ЈП Охридски комуналец, како и ЕД Грашница.
Советниците се поделија и во еколошка акција. Чистењето на плажата кај младинското одморалиште од секаков вид на отпад, ја подржаа само советниците од мнозинството во градскиот совет.
„ Целта ни е малку да ги поттикнеме службите да ја подигнат еколошката свест на граѓаните. Целта е да ја поттикнеме владата и тие да се вклучат во акцијата“, истакна Јаковчески.
Еколошката акција беше иницирана од страна на советникот Кујтим Усејни кој живее во овој дел на...
Post Views: 1
Патеката до хотелот Парк, ќе биде исклучиво за пешаци. СВР најавува дека за сите кои ќе го прекршуваат ова правило ќе следат казни.
Граѓаните се жалат дека се уништува рекреативниот простор на линијата Билјанини извори – хотел „Парк“. Во дописот испратен до нашата ТВ куќа стои цитирам „Моторни возила минуваат по пешачката патека. Тоа може да се објасни со недоволно внимание од страна на полицијата, и фактот што е невозможно да се спречи апсолутно секаков сообраќаен прекршок“, завршен цитат.По овој допис експресна реакција на СВР Охрид. „Од денеска започнува подигнување...
Post Views: 0
Причината поради која Груевски го посети Охрид, беше седницата на Централниот комитет на ВМРО ДПМНЕ, која се одржа во нашиот град.
Посетата на Охрид, Груевски ја искористи за повторна средба со Пештанци и направи увид во некои од куќите кои беа најпогодени од надојдените подземни води, кои речиси три месеци ги мачат жителите на Пештани.
„Хидролошката состојба во Охрид полека се стабилизира“, е ставот на премиерот Никола Груевски кој викендов го посети Охрид. Во рамките на посетата, премиерот отиде и во Пештани и направи увид на состојбата со подземните води во селото....
Post Views: 14
Денес во организација на Билатералниот Секретаријат за сливот на Охридското Езеро стручен тим ќе престојува во Поградец, Албанија
Целта на посетата и состанокот е многукратна. Прво, заеднички со тим од албанската страна ќе се разгледа состојбата настаната од новата хидролошка состојба и нејзиното влијание во сливот и врз самото езерото. Планирано е потоа да се увидат состојбите со управувањето на рибниот фонд на албанската страна, притисокот од урбанизацијата и степенот на одведување на отпадните води. Ќе се разговара и за обезбедување термин за следниот состанок на...
Post Views: 6
Тежок живот. Храна, вода со брашно. Ова е дел од тешкото секојдневие на фамилијата Митреви, кои живеат на раб на егзистенција. Без најнеопходните услови за живот, секојдневно маки мачат заедно со нивните три деца. Избркани од нивното претходно живеалиште од селото Велгошти, сега се во Охрид,во непосредна близина на Стобекс. Куќата во која се сместени нема струја. Во единствената соба во која живеат, условите се бедни. Четиригодишната Мартина и петгодишниот Стефан сеуште не зборуваат, а десетгодишната Катерина оди во училиште и добро учи. Митрев Ацо, таткото на овие деца...
Post Views: 2
Дружeње, разгледување на културата и историјата на Охрид беше дел од официјалната посета на претставниците на Лајонс клубот „Свети Влахо“ од Дубровник. Домаќинот на лајонистите од Охрид, Вицегувернерот Сашо Василески, рече дека со хрватските претставници од овој клуб имаат многу заедничко поради самиот факт што Охрид и Дубровник имаат многу сличности. Гостопримството на охриѓани е посебно, вели Матко Ветма, регионален гувернер на лајониостите од Дубровник. Тој додаде дека на повидок е потпишување на повелба за збратимување која би се реализирала на Конвенцијата што ќе...
Post Views: 0
Охрид има бројни градби почнувајќи од болници, хотели, одморалишта, но нема Дом за стари лица. Брзото темпо на живот и современиот начин на живеење ја налагаат потребата од изградба на современ дом за сместување на старите лица.Приоритет за подигање на ваков објект е и на Здружението на пензионерите од Охрид и Дебрца. Тоа стои и во трилатералната спогодба помеѓу градоначалниците од Охрид и Дебрца и Здружението. Од изјавите на охридскиот градоначалник Александар Петрески се поизвесно е дека Охрид конечно ќе добие дом за стари лица вели Ѓорѓи Трпчески, претседател на...
Post Views: 8
За хистеријата, куклениот театар и силувањето на медиумскиот простор денес се зборуваше на брифингот на општинската организација на СДСМ од Охрид.
„Колку што има денови откако е избран новиот претседател на О.К на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид, толку прес конференции се имаат одржано“, беше една од забелешките со кои претседателот на О.О на СДСМ-Охрид, Науме Јованоски, го започна денешниот брифинг.
Јованоски упати обвинувања до О.К ВМРО-ДПМНЕ од Охрид дека тие ги нарачале и со народни пари ги платиле билбордите на кои беше охридскиот градоначалник, а за тоа го обвиниле...
Post Views: 2
Рушевина како од 1941 год. Во 21 век жителите на ул „Богомилска“, стравуваат од опасните зидови на стара куќа во која 20 години не живее никој.
Во централното градско подрачје на ул „Богомилска“ во Охрид, паѓаат ѕидови на стара куќа. Сеуште има остатоци од старите ѕидови кои се накрепени на електрични бандери и претставуваат сериозен проблем.Тесните улички на овој потег дополнително ја влошуваат состојбата. Тука тешко можат да се разминат две возила, а градежениот шут од остатоците на оваа куќа имаат зафатено добар дел од патот. Жителите кои се во непосредна близина...
Post Views: 1
За прв пат, Македонија и Охрид се домаќини на конгресот на Балканската Веслачка Асоцијација. Ораганизатор на оваа средба е Веслачката федерација на Македонија.
На конгресот стана збор за проблемите со кои се соочуваат веслачките федерации од балканските земји и потребата од поголема афирмација на овој спорт.
„Итно треба да се донесат одлуки кои ќе бидат во дирекна врска со иднината на балканското веслање, е ставот на претседателот на Балканската веслачка федерација, Ѓоргос Мучачос.
Мучачос додаде дека сериозно треба да се пристапи кон проблемите со кои се соочува овој...
Post Views: 1
Над 160 поплавени домови и деловни објекти од Пештани, Воска, Радојца Новичиќ, улицата Железничка како и сопствениците на земјоделските посеви и домови од селата Орман, Горно и Долно Лакочереј со нетрпение ја чекаат финансиската помош. Но, раководителот на Фондот за комунален развој Емин Селман, информира дека општинската Комисија за проценки сеуште не излегува со конечен износ на настанатите штетите од поплавите. Селман додава дека со повлекувањето на водата од домовите во Пештани сега има нови моменти, па Комисијата ќе прави дополнителна проценка на штетите. Тој...
Post Views: 1
Министерот за економија Фатмир Бесими денеска одржа средба со градоначалниците на Скопје, Охрид, Струга, Битола,Тетово, Ресен, Штип, Гевгелија и Дојран, на која беа презентирани и врачени новите „сити лајт“ мапи.
„City light“ мапите се осветлени мапи во боја, кои ќе им бидат појдовна точка на туристите како да пристигнат до некоја одредница.Изработката на мапите финансиски е поддржана од министерството за економија во насока на унапредување на туризмот и квалитетна промоција на природните и културни вредности.
Бесими изјави дека на овој начин министерството за економија...