Конгрес на балканските веслачки федерации

За прв пат, Македонија и Охрид се домаќини на конгресот на Балканската Веслачка Асоцијација. Ораганизатор на оваа средба е Веслачката федерација на Македонија.

 |  Крсте Голабовски  | 
kongres
конгрес

kongresЗа прв пат, Македонија и Охрид се домаќини на конгресот на Балканската Веслачка Асоцијација. Ораганизатор на оваа средба е Веслачката федерација на Македонија.

На конгресот стана збор за проблемите со кои се соочуваат веслачките федерации од балканските земји и потребата од поголема афирмација на овој спорт.

„Итно треба да се донесат одлуки кои ќе бидат во дирекна врска со иднината на балканското веслање, е ставот на претседателот на Балканската веслачка федерација, Ѓоргос Мучачос.

Мучачос додаде дека сериозно треба да се пристапи кон проблемите со кои се соочува овој спорт на територијата на Балканот. Уште еден момент за кој ќе стане збор на конгресот е и зголемувањето на бројот на земјите учеснички од Балканот што пак од друга страна, ќе придонесе Балканската веслачка федерација да стане помоќна и да го завзеде местото кое и припаѓа во меѓународни води.

Инаку на конгресот кој е во организација на Македонската веслачка федерација учествуваат високи преставници на веслачките федерации од Србија, Грција, Турција, Бугарија, Романија. На конгресот исто така треба да се усогласи и редоследот на балканските натпреварувања.

Според претседателот на МВФ Здравко Голабоски, „Конгресот ќе се искористи и за лобирање, со цел да се направи обид да се добие организацијата на Блаканското првенство во 2011 година и зголеми афирмацијата на еден од најстарите спортови кај нас.“

На конгресот ќе стане збор и за подигањето на нивото на квалитет на веслачките трки, кои досега се организираа само во класата кадети и јуниори. Сите напори ќе бидат во враќањето на категоријата сениори за мажи и жени, категорија која ја нема од 1995/96 година, оптимисти се претседателите на балканските веслачки федерации. Конгресот на Блаканската веслачка асоцијација во Охрид продолжува и утре.
{loadposition content}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top