Премиерот Груевски викендов беше во Охрид

Причината поради која Груевски го посети Охрид, беше седницата на Централниот комитет на ВМРО ДПМНЕ, која се одржа во нашиот град.

 |  Крсте Голабовски  | 
Gruevski
Груевски

GruevskiПричината поради која Груевски го посети Охрид, беше седницата на Централниот комитет на ВМРО ДПМНЕ, која се одржа во нашиот град.

Посетата на Охрид, Груевски ја искористи за повторна средба со Пештанци и направи увид во некои од  куќите кои беа најпогодени од надојдените подземни води, кои речиси три месеци ги мачат жителите на Пештани.

„Хидролошката состојба во Охрид полека се стабилизира“, е ставот на премиерот Никола Груевски кој викендов го посети Охрид. Во рамките на посетата, премиерот отиде и во Пештани и направи увид на состојбата со подземните води во селото.

„Нивото на подземни води полека се намалува, но се уште им создава потешкотии на граѓаните. Тука нема некое крупно решение кое што може да се изнајде во овој момент, од причини што се обидовме да ја исцпрпиме водата. Kонкретно вчера, тоа беше направено со цистерни, но таа повторно се собира, бидејќи се работи за подземни води“, истакна Премиерот Груевски.

Во врска со актуелниот проблем со колекторот и односите на релација локална централна власт, Премиерот потенцира дека случајот со колекторот е во ингеренции на Локалните самоуправи и Јавното претпријатие кое стопанисува со него, но дека Владата е подготвена да помогне во решавањето на истото.

Градоначалникот Александар Петрески пак, во свој стил, со замерка до премиерот за неговиот несериозен пристап кон решавањето на проблемот со ситуацијата во Охрид. Петрески го обвини премиерот дека  Тој е избран за премиер, за тоа зема плата, и работната средба на која ќе се разговара за актуелните проблеми и плановите за нивно решавање, мора да се случи.

Проблемот со колекторот, Владата ќе го разгледа утре, на средба во Министерството за транспорт и врски, помеѓу министерот и градоначалниците на Охрид и Струга и директорите на МЈП Проаква и Р.Е Колектор, Охрид.  Директорот на Колекторот, Ваит Ајро, за ТВМ информира дека на утрешната средба ќе истапат со конкретен предлог. Имено ќе стане збор за предлозите за поделба на МЈП Проаква на две јавни претпријатија и претпријатие за стопанисување со Колекторот, кое би било управувано од државата. Ајро потенцира дека би биле задоволни долколку од Министерството се согласат за партиципација во покривањето на трошоците за техничко одржување на колекторот. Исто така на средбата треба да стане збор и за втората фаза на Колекторскиот систем, односно за биолошкиот третман на фекалиите и изградбата на секундарниот колекторски систем со кој ќе се овозможи целсоно прифаќање на сите атмосферски, фекални и урбани води. Капациетот на примарниот колекторски систем не ги задоволува сегашните потреби.

Инаку, причина за посетата на премиерот Никола Груевски на Охрид беше седницата на Централниот комитет на ВМРО ДПМНЕ која вчера се одржа во Охрид.  Претседателот на О.К на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид, Атанаско Михаилов, информира дека седницата минала во знак на разгледување на внатрепартиските организациони активности за изминатиов период.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top