Post Views: 0
Тие признаваат дека и годинава вообичаено ќе празнуваат во домашна атмосвера. Градоначалникот првото „Христос воскресе“ ќе го слушне во црквата Св Никола во долна Влашка Маала.
Велигднските празници во домашен амбиент и во духот на традицијата. Советниците едногласни дека празникот за нив е нешто свето и дека не ни помислуваат да го прослават надвор од својот дом. Тие велат „ Велигден е семеен празник и ќе го прославиме дома“.И градоначалникот празникот ќе го помине дома. „ За празников очекуваме многу гости во Охрид, а јас како домаќин треба да им посакам топло добредојде...
Post Views: 3
Во градов престојуваат гости кои претежно имаат свои станови. „Ако денот се познава по утрото, а сезoната по овој прв наплив на гости, тогаш не треба многу да се надеваме за годинешната туристичка сезона“, велат тустичките работници.
Охридските хотели за Велигден полупразни. Слична е ситуацијата и со приватните сместувачки капацитети. Хотелиерите тврдат дека најголем дел од аранжманите за Велигденските празници се откажани. Некои од нив ги намалија и цените на сопствените аранжмани, но велат дека сè е попусто.
„Во однос на минатата година, цените ги намаливме за...
Post Views: 9
Патеката од мостот до хотелот Парк е пешачка патека. Ова беше неодама договорено помеѓу локалната и СВР Охрид. Овој договор очигледно некому му смета. Синоќа физичките препреки несовесни граѓани ги отстраниле. Потрпаролот на СВР, Стефан Димовски, вели дека се е фотографирано и докумнтирано, и уште додава дека надлежните работат на откривање на сторителот на делото, за кого ќе следи и соодветна пријава.Инаку оваа зона, по барање на СВР Охрид беше назначена како пашачка пред околку две недели, по што мостот кај каналот се подигна и беа поставени соодветни собраќајни...
Post Views: 9
Најтешки денови во годината се Велики четврток и Велики Петок. Според нашата религија вчерашниот ден беше Христосовото распетие и неговото упокојување на крстот. Додека пак денешниот ден е неговото погребение. Според религиските обичаи во минатото, на денешен ден верниците од жалост кон спасителот, ништо не јаделе. Според Снежана Петреска која се грижи за црквата Св Тројца во Охрид, овие два дена треба да се почитуваат правилно. Таа потенцира, дека добро е целиот христијански род да знае која е вистината за одбележувањето на овие денови. Паганството години наназад е...
Post Views: 0
Втора година по ред и матурантите од охридските средни училишта ќе имаат можност да учествувваат во конкурсот организиран од страна на Високата школа за новинари и односи со јавноста, под наслов „Изрази се преку медиумите“.
Оваа година темата на конкурсот е „Имам право да бидам различен“ и има за цел да ги поттикне матурантите да го кажат нивното мислење против каков било вид дискриминација користејќи ги медиумите.И оваа година охридските матуранти ќе имаат можност да учествуваат на конкурсот „Изрази се преку медиумите“. Конкурсот е во организација на Високата школа...
Post Views: 1
Бугарските новинари “се пошегуваа” со охридскиот градоначалник!Денот на сегата, 1-ви април, искористен за уште една провокација од страна на Бугарија.
Во денешното он-лине издание на бугарскиот ФОКУС, осамна интервју со охридскиот градоначалник Александар Петрески. Ништо невообичаено и ново, доколку во него не беше пренесен ставот на градоначалникот за “воведување на принудна управа во Охрид од страна на бугарската влада??!!!”. По остварениот контакт со Петрески, кој од нас новинарите разбра за објавеното интервју, шокиран од ваквата информација...
Post Views: 2
Градскиот плоштад беше претесен да ги собере најмладите охриѓанчиња кои гордо парадираа, покажувајќи ги своите креации. Шестооделенците од Општинското основно училиште, „Св. Климент Охридски“ организираа маскенбал на кој беше избрана најдобра маска и најдобра шега.
Експлозија од бои и костими. Денес градскиот плоштад беше местото на кое најмладите охриѓанчиња од неколку основни училишта, покажаа дека детската фантазија не познава граници. Идеи поттикнати од ликовите од цртаните филмови и омилените бајки, преку омилените ликови од актуелните сапунски серии, па се до...
Post Views: 5
Охрид за велигденските празници ќе биде беспрекорно чист. Ова е најавата на првиот човек на ЈП „Охридски Комуналец“ ,Сашо Алче. За комуналците ниту за празниците нема да има слободен ден.
Голема акција на ЈП „Охридски Комуналец“. Се чистат улиците во градот од абразивните средства кои во текот на зимата се фрлаа за заштита од снегот. Со оглед на тоа дека за велигденските празници се очекува голема посетеност на градот, мора секој дел низ охридските улици да биде беспрекорно чист, рече првиот човек на комуналното претпријатие, Сашо Алче.Покрај чистењето на улиците ова...
Post Views: 2
Ова е пораката на претседателот на ВМРО – ДПМНЕ, Атанаско Михаилов, кој денеска посети неколку социјално загрозени семејства. Тој на семејствата им додели еднократна помош со основните намирници за велигденската трпеза.
„Постојат работи кои се прават од срце а не од интерес“, рече претседателот на ОК на ВМРО – ДПМНЕ, Атанаско Михаилов кој денес ги посети социјално загрозените семејства. Михаилов истакна дека постојат луѓе со сериозни егзистенционални проблеми кои тешко преживуваат и на кои мора да им се помогне.Тој додаде дека пакетот со најосновните прехрамбени производи...
Post Views: 3
Советниците дискутираа за штетите кои ги претрпеа Охриѓани поради високиот водостој на езерото. По подолги препирки едногласно беа изгласани 18 заклучоци за заштита на Охридското езеро. Советниците ја усвоија и можноста за изградба на спортско игралиште во урбаната заедница Билјанини извори.
Штетите предизвикани поради високиот водостој на езерото пред советниците. Тие денес расправаа за кризата која се случуваше поради зголеменото езерско ниво, а воедно дискитираа и за предлог заклучоците или активностите што треба да ги направат локалната и централната власт. Најголемиот...
Post Views: 3
ЕVN најде начин како под лупа да ја стави потрошувачката на електрична енергија. Воведе нов систем за отчитување, обработка и наплата на потрошената струја.
Поради негова успешна интеграција, на почетокот на месец април граѓаните ќе добијат две сметки за потрошена електрична енергија.
ЕВН Македонија од први мај годинава на македонските граѓани ќе им ги празни џебовите преку новиот систем за отчитување, обработка и наплата на потрошена електрична енергија. Охриѓани со свое мислење околу најновиот потег на ЕВН.
На почетокот на месец април граѓаните ќе добијат две сметки...
Post Views: 0
Со 2 000 садници на бел и црн бор облагородено таканареченото место Најковац во Скребатно. Оваа иницијатива ја подржаа и вработените на стовариштето и пилана „Мак – Вуд“. Сопственикот на земјиштето, Томе Ѓорев Парулески вели дека на ова место нема овошка што не успева. Тој заедно со 15 вработени, следејќи ги инструкциите на стручните служби, денес засадија црн и бел бор. Парулески кажува дека е горд што на тој начин зад себе остава свој белег за идните поколенија и генерации. Додава дека добро би било секој да тргне по неговите стапки.„Со исполнување на својата граѓанска...