Post Views: 0
За охридските работници, 1-ви Мај, Меѓународниот ден на трудот, поминува во знак на се поголема егзистенцијална загрозеност, со просечна плата од 200 евра и скастрени работнички права. Измените во Законот за работни односи во повеќе наврати се гласаа без консензус на социјалните партнери. Синдикалците не се задоволни од текот на социјалниот дијалог и од топењето на работничките права. Социјалната слика во општината не е ни малку розова вели првиот општински синдикалец, Драган Цветаноски. Голем број од работниците не се синдикално организирани. Оние кои се, пак ,...
Post Views: 1
Можеби ова лето нема да се сопнуваме на масите и столчињата, па дури ќе можеме и да си се разминеме со сограѓаните на ул.„Самоилова“.
Ќе се стави ли конечно крај на панаѓурскиот туризам во Охрид? Релевантните политички субјекти во градов веруваат дека со усвојување на Годишната програма за поставување урбана опрема, ќе се среди нередот по кој Охрид за жал стана препознатлив последниве неколку години. Од редовите на опозицијата го поздравуваат овој потег и се надеваат дека со ова ќе се реши проблемот со поставувањето на урбаната опрема, но потенцираат дека програмата...
Post Views: 0
Преставниците на Заедницата на локаланите заедници и Усаид бараат начин со локалните самоуправи како да се подобри комуникацијата со јавноста. Се одржа тркалезна маса на која дебатираа градоначалникот, преставници од општинската администарција и од советот, новинарите, невладиниот сектор. Секој од присутните ја кажа својата мака, во насока на подобрување на протокот на информации важни за граѓаните. Заедничка констатација беше дека охридската локална самоуправа е отворена па дури и прелиберална кон новинарите. На ова тврдење градоначалникот Петрески додаде дека во...
Post Views: 5
На денешен ден пред 30 години Унеско под своја закрила го зеде Охрид. За локалните власти недоволно важен момент за одбележување иако го најавуваа како еден од јубилеите со кои претендираше нашата општина за “Град на културата“.На денешен ден пред точно триесет години УНЕСКО го зеде под своја заштита целиот Охридски регион. На 5-ти септември 1979 година под закрила на оваа меѓународна организација прво беше ставено Охридското езеро. Последниве неколку години од седиштето на УНЕСКО во Париз беа упатени низа забелешки кои најмногу се однесуваа на сериозното нарушување...
Post Views: 4
Зградата 104 која се наоѓа на булеварот Туристичка има двор на кој може секој да му позавиди.
Се тоа резултат на залагањето и трудот на професорот во пензија Левко Радески. Од неодамна за потребите на станарите од оваа зграда функционира и управна канцеларија.
Зграда чиста и уредена како аптека. Двор на кој може да му позавиди било која куќа во нашиов град. Станарите од сите три влеза од зградата која се наоѓа на булеварот „Туристичка“ уживаат во благодетите од нивните средени дворови, но најзаслужен за ваквата нивна состојба е пензионираниот префесор Левко Радески....
Post Views: 0
Ова прашање отвори жестока дебата на денешната седница на Советот на општина Охрид. Секако, градоначалникот Петрески имаше свои аргументи како да се оправда пред советниците, но на тоa не му поверува советничката група на ВМРО – ДПМНЕ.
Голема прашина се крена на самиот почеток на 17-тата седница на Советот на општина Охрид. Толерантните академски 15 минути доцнење беа пролонгирани за околу еден час. Претседателот на Советот, Душко Јаковчески даде кратко објаснување дека седницата доцни од технички причини. Но ако по утрото се познава денот, тоа се докажа и на оваа седница....
Post Views: 2
30 –тина студенти од Факултетот за туризам и информатички технологии се одзваа и даруваа крв на денешната заедничка акција на ОО„Црвен крст“ и одделението за трансфузилогија при Општа болница Охрид. Еден од студентите беше и Крсте Костоски кој во повеќе наврати досега има дарувано крв.Потребите на одделенито за трансфузиологија при Општа болница се задоволуваат со вакви хумани крводарителни акции, но и преку доброволни дарувања на поединци во нашето одделение нагласува д-р Соња Србакоска, специјалист трансфузилог.Денешната акцијата со наслов „Имаш 5 минути дарувај крв...
Post Views: 0
Танцот во светот е мошне почитуван, и ако музиката е храна за душата тогаш танцот е храна и за телото и за душата. Светските почитувачи и вљубеници на играта посветиле и ден на танцот, кој кај нас помина незабележано. Во Охрид на танцот најмногу му се радуваат најмладите велат раководителите на фолклорните и танцовите друштва. Преку 1000 млади луѓе членуваат во голем број фолклорни друштва, во школата за модерни танци и балетската група, но не и повозрасните вели Коле Петкуќески раководител на танцов клуб „Охрид“. Методија Баркоски Менде раководител на фолклорното...
Post Views: 15
На прсти може да се избројат агенциите кои носат туристи во државава и градов. Наспроти тоа се побројни се оние кои организираат тури во странство. Каков туризам развиваме и до кога домашните пари ќе завршуваат во туѓи џебови, а странски кај нас нема ни за лек.
Туристичките агенции во Македонија во последно време се повеќе организираат тури во странство, а се помалку носат гости кај нас. Наместо во земјава да се влеваат странски средства, нашите завршуваат кај соседите или во некоја подалечна дестинација. Се помалку агенции се занимаваат со „incoming“ туризам. Туристичките...
Post Views: 0
Сопствениците на кафаните и кафулињата ако сакаат да пуштаат музика во нивните локали ќе треба да плаќаат такса од 50 до 100 евра. Оваа рамка за висината на комуналната такса е утврдена според Законот за комунална такса. И Охридските кафулиња годинава нема да бидат поштедени од тоа.
Охриѓани годинава ќе мора да ја платат комуналната такса за музика. Во Локалната самоуправа во Охрид се подготвува цената за новата давачка на кафанџиите. Иако сеуште нема одделение за комунални такси тоа не е пречка годинава да се воведе оваа давачка. Петрески изјави дека сосема ја разбира...
Post Views: 0
Охрид наскоро треба да го добие своето четврто јавно претпријатие.
На утрешната седница на Советот на општината, членовите на советот треба да расправаат и одлучат по предлог одлуката за основање ова претпријатие кое едноставно ќе биде насловено како „Нискоградба“.
Уште едно јавно претпријатие наскоро ќе почне да функционира во Охрид. Покрај, „Комуналец, „Проаква“ и „Биљанини извори“, нивно најново братче треба да биде ЈКП „Нискоградба“. На утрешната 17-та седница, членовите на советот од општината треба да расправаат и одлучат за предлог одлуката за основање на ова...
Post Views: 0
Креативниот фестивал за велосипеди, „Велофест 2010“ денес во Охрид. Преку оваа платформа влеосипедот на охриѓани им беше претставен не само ко превозно средство туку и како начин на живеење.
Креативниот фестивал за велосипеди, „Велофест 2010“ денес во Охрид. За ова негово прво издание, одбрана е тема која е најблиска до граѓаните и чијшто развој може да предизвика најголем долготраен ефект во однос на велосипедизмот на национално ниво, а тоа е темата „Градски велосипедизам“.Стотина велосипедисти, професионалци и рекреативци, зедоа учество на овој фестивал. Холандската...