Margarita Hristovska

Хуманоста на градоначалникот на дело

Post Views: 9 Другарството, љубовта и хуманоста на едно место. Писмо – причина градоначалникот да ја покаже на дело својата хуманост. Имено другарчињата на седмооделенката Маргарита Христовска од селото Велмеј која учи во ОУ во Косел, сакајќи да ја израдуваат заедно со класниот раководител, до  градоначалникот испратиле допис во кој од него побарале Локалната да набави компјутер за Христовска која боледува од церебрална парализа. Писмото го испратиле на 3 декември 2009 год на денот на хендикепираните лица.  Оваа порака очигледно била испратена на право место во право време....

Continue reading

Konferencija

Македонско-германски полициски муабети

Post Views: 7 Станува збор за средба помеѓу министрите  за Внатрешни работи на  Република Македонија и Сојузната покраина Брандербург- Германија. Проект кој заеднички се реализира 5 години, а најмногу се однесува во соработката на полициското работење меѓу двете земји. Стартува циклусот конференции насловен “Охридски разговори“ во рамките на воспоставената повеќегодишна соработка меѓу Македонија и Германија, односно сојузната германска покраина Брандернбург. Преку оваа иницијатива се градат професионални партнерства и лични контакти и врски.  Министерката за внатрешни работи на Македонија,...

Continue reading

atletika

Бугарите ја сефтосаа новата атлетска патека

Post Views: 2 Бугарските атлетичари ја испробаа новата тартан патека. Најбројната атлетска експедиција на претстојниот атлетски митинг, онаа на соседна Бугарија, на СРЦ „Биљанини извори“ го одржа првиот тренинг. Во состав од дваесетина атлетичари, предводена е од двократниот младински светски првак во фрлање ѓуле, Ѓорѓи Иванов учесник на Олимпијадата во Пекинг 2008. Задоволна од Охрид, организацијата на митингот и условите кои ги нуди новата патека е и фаворитката во дициплината троскок, Андрија Веселинова- Б’Нова. И таа како и Иванов е еден од учесниците на Европското атлетско првенство...

Continue reading

zlatni predmeti

Охридското археолошко злато далеку од очите на јавоста

Post Views: 7 Требенишката златна маска  и останатите златни украсни премети откриени во нашиот регион сеуште чмаат во музејското депо. Како што милуваат да кажат археолозите, охридското злато е на сигурно, иако имаше најави за негово презентирање пред охриѓани и туристите. Јавноста очекуваше збогатување и обнова на музејската понуда на градот. Златната соба  беше навестувана пред 4 години.  Според  археологот Паско Кузман таму треба да бидат изложени вредните златни експонати, но таа сеуште не е готова, но најавува дека ќе биде готова до крајот на годинава. Пред да стартува во 2011...

Continue reading

gjomleze

Пријавување за Ѓомлезијада 2010

Post Views: 0 Втората по ред Ѓомлезијада ќе се одржи на 29 Мај 2010 во селото Скребатно со почеток од 9 часот (палење на огновите), а официјалниот дел започнува во 10:30 часот. Се известуваат сите заинтересирани лица за подготовка на ѓомлезе, своето учество да го пријават во просториите на Секторот за Туризам и локален економски развој. Бројот на учесници е ограничен на 20. За најдобрите учесници обезбедени се награди, а за гостите и посетителите организирана е културно-уметничка програма. Сектор за туризам и локален економски развој тел: 046/ 230 175 {loadposition content9}

Continue reading

Megjashi

СОС телефонот алатка за помош

Post Views: 0 Во Македонија оваа линија функционира 17 години, додека во Охрид, во рамките на женскиот центар „Бисера“, осум. Денеска се одбележува Светскиот ден на СОС телефони за помош и поддршка на децата. СОС телефонот е начин на кој може да биде слушнат гласот на секое дете. СОС-телефоните претставуваат значаен механизам на поврзување на децата со институциите кои можат да им помогнат. Осум години во нашиов град функционира СОС линија за помош на жени и деца, жртви на насилство, во рамките на женскиот центар „Бисера“. „Ние во Охрид во женскиот центар „Бисера“ имаме СОС телефон...

Continue reading

Ohrid

За да се зачува препознатливиот лик на Охрид

Post Views: 2 Директорот на Управата за заштита на културното наследство Паско Кузман оптимистички најавува дека Законот за заштита на културното наследство на Охрид  наскоро ќе биде изгласан, иако, вчера пратенците од ДУИ, во Парламентот, не му дадоа зелено светло. Културното наследство е заедничко за сите и не признава политички препукувања, но тоа наскоро ќе биде минато смета Кузман. Со овој Закон во Охрид ќе се поставува одредена граница кој колку и до каде може да го менува ликот на градот вели Кузман. Тој смета дека Законот би требало да значи заштита на охридската  архитектура...

Continue reading

narkomansko duvlo

Родители водете сметка дали вашите деца се на училиште !

Post Views: 1 Наместо во училиште, седум малолетници  завршиле во сомнителен објект, познат кај влашакамалци како собиралиште на зависници  од дрога. Четирите малолетнички  самоволно ја напуштиле наставата и околу 16 часот биле  затекнати   во објектот, од страна на полициските инспектори. Како што  стои во полицискиот извештај, малолетничките се ученички  во едно основно училиште, додека тројцата малолетници, од кои еден познат на службите како наркозависник, се вонобразовниот процес. Опасниот објект e затскриен од очите на обичните минувачи, собиралиште на наркозависници и место...

Continue reading

Letnica

Проектот за Летница чека одобрение од Завод и музеј

Post Views: 1 Проектот за реконструкција на Летница чека зелено светло од Завод и музеј. Дознаваме дека истиот го изработиле неговите автори со што е запазен Законот за авторски права. Ќе се задржи автентичноста на овој препознатлив знак за Охрид. Подготвен проектот за реконструкција, санација и доградба на некои делови на Летница. Дознаваме дека новиот изглед на Летница несмее да биде многу поразличен од сегашниот. Поточно, објектот по реконструкцијата треба да остане во истите рамки, а не да се доградува и проширува. Деновиве проектот  по втор пат бил поднесен на разгледување во...

Continue reading

fiat punto

Чекор за развој на охридското стопанство

Post Views: 1 Петрески носи добар абер од Крагуевац. Според најавите на градоначалникот на Охрид, кој неодамна оствари посета на овој град, делови и опрема за автомобилот Fiat Punto ќе се произведуваат кај нас. Постои можност да се реанимира еден од погоните на некогашната фабрика „Застава“ од Охрид. Петрески потенцира дека нашиот град веќе 30 години е збратимен со градот Крагуевац и бележи добар период на соработка. Бројните туристи кои го посетуваат нашиот град е еден од показателите за тоа, вели тој.„Знаете дека фабриката „Застава“ Крагуевац пред некоја година ја купи „Fiat“ од...

Continue reading

turizam

Рецепти за спас на туризмот

Post Views: 9 „Генeрално развивање на туризмот е клуч за излез од моменталната состојба во која се наоѓа оваа важна стопанска гранка“. Ова е ставот на Европската бизнис заедница која беше организатор на денешната трибина што се одржа во Охрид. Примарна цел на овој настан беше да се поттикнат сите мали претприемачи и малите бизниси за да продолжат со својот развиток како би се постигнала вистинската цел, смета извршниот директор на ЕБА, Димитар Ристовски. Ристовски иако кажа дека е задоволен од одзивот на младите кои се заинтересирани за потикнување на туризмот, овој впечаток не беше...

Continue reading

vmro-np

Челните луѓе на ВМТО-НП со противаргументи до општинската ВМРО-ДПМНЕ

Post Views: 8 Претседателот на општинскиот комитет на Вмро НП, Ванчо Костоски на прес конфренција ги отфрли обвинувањата за политичко профитерство упатени на нивна адреса од страна на претседателот  на општинскиот комитет на ВМРО -ДПМНЕ, Атанаско Михаилов. Како партија ќе бевме радосни ако разговаравме за позитивни работи, а не да излегуваме со контра обвинувања кои ќе наликуваат на маалски озборувања, истакна Костоски. Ќе беше подобро ако со ВМРО-ДПМНЕ разговараме за решавање на проблемите на локално и централно ниво. Задоволни ќе бевме доколку заедно ги решававме катастрофалните...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top